ТИФОМАНИЈА!

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.290
Inace ke bide interesno na 22-ri, ke imate shansa za odmazda vrz Lozari. E sea, dali ke se vozvrati so ista mera i ke se napagaat obicni lugje po kafana, pa ke se odi po praviloto "oko za oko, zab za zab", ili pak ke drzite do stavovite od lani deka obicna publika ne se napaga, i ne e uspeh ako se soblecat dresovi od obicni fanovi?
Па што и да направат Комити ќе бидат осудени на крај :D

Лозари и 90% од обична публика ќе доаѓаат организирано со автобуси, дирекрно на стадион, автоматски тешко да се нападнат како навивачка група. Тоа ќе биде збир од 3-4000 фанови што ќе дојдат одеднаш.
Нема да имаат собир како нас на 10 км од градот, како ние во Росоман каде што цел ден имаше наши членови (објавено и јавно како место зс собир).

Автоматски цел на напад се само оние што своеволно ќе дојдат на утакмица и поим немаат дека може да бидат нападнати. Очекувам да има барем 300-400 такви, како нашите во Кавадарци.

И тука секако си губитник. Ако ги нападнеш, ќе речат играме со шпонска екипа, а вие напаѓате. Плус јас никогаш не поддржувам тепање на луѓе што немаат врска со навивање. Али во случајов некои заслужија мило за драго да им се врати. Од друга страна, вака или онака Вардар секогаш имал симпатизери во Кавадарци и према нив не е фер да има такви напади.

А ако не нападнеме по ваквите фанови, тогаш ќе сме пички, ќе речат вака шетавме, обака шетавме :D

Значи врти сучи, секако губиме, освен ако нема некој што ќе влета покрај цело обезбедување на Градски и ќе скине транс :D
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
84
Поени од реакции
204
Od kade sega ispadna ovaa retorika na profa 87_47 (zlite jazici ke kazat Protugjer) deka vcerasnata utakmica ne bila bitna koga Komiti i FK Vardar so denovi trubea deka ova e najvazniot natprevar, deka sega e bitno, povikuvaa najgolema mobilizacija dosega vo Kratovo itn, itn...

I kako ne bese bitno koga se ke resavase vo posledno kolo izmegu Brera i Djorce kade mnogu lesno mozese da se sluci Brera da ne pobedi i Vardar direktno da opstane. Znaci vcerasniot natprevar ne samo sto ne bese nebiten tuku bese mozebi i najbiten kako i onoj vo Stip.

Inaku izdanieto odlicno, brojkata ok, mada vo Kratovo znaela da bide vo minatoto i mnogu pogolema
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
168
Поени од реакции
408
Dobra brojka u Kratovo, kako i niz cela sezona. E sea, sami si ja vrtite vodenicata vo vasha polza :icon_mrgr:Ovie luge Komiti se ili ne? Lani koga pagaa rekviziti vo Kavadarci, ovie luge ne bea del od Komiti bea obicna publika. Koga doaga muabet za brojka, magicno ovie luge se Komiti. Inace ke bide interesno na 22-ri, ke imate shansa za odmazda vrz Lozari. E sea, dali ke se vozvrati so ista mera i ke se napagaat obicni lugje po kafana, pa ke se odi po praviloto "oko za oko, zab za zab", ili pak ke drzite do stavovite od lani deka obicna publika ne se napaga, i ne e uspeh ako se soblecat dresovi od obicni fanovi?
Мојот коментар беше за констатацијата на toplinka, ова е сосема друга тема на муабет, ама ќе ти одговорам.
Во однос на бројката на Комити, бројката на најактивните, најредовните членови е таа. По потреба, бројот на народ на трибина може да се зголеми x 10, како што веќе беше случај на натпреварот со Работнички, на баражот во Кавадарци, на прославата 35 години итн. Овие луѓе се дел од некој поширок спектар на групата и си имаат право да си се декларираат како сакаат, дали како повремени Комити, Вардарци или нешто трето. Ама не се дел од она "пошироко јадро" на групата кое е секогаш и секаде со Вардар, безразлика на околностите.
Во однос на нападот во Кавадарци, јас сметам дека тој е легитимен. Групата си имаше официјален собир кој што не беше нападнат и тоа си стои како такво, на поединечни групи кои што отидоа на своја рака им падна некој реквизит и тоа е тоа, од тоа нема бегање ниту вадење. Да не беше таа акција, ќе ги пукневме Лозари дека сме ги измочале на сите можни начини на тој ден во нивен град:D . Ова е мој личен став. Е сега, од друга страна не очекувам да има и плачки од страна на Лозари ако некој нивен член, побратим од Битола или пак само обичен симпатизер, ќе се врати дома гол и со расцветана глава, по истата формула по која што и они дејствуваа против фановите на Вардар / дел од Комитите во Кавадарци кои што дошле во опуштена атмосфера без да провоцираат (освен со самото присуство), па им беа земани реквизити и беа објавувани слики од крвави боксирачи. "Што си дробил, тоа ќе сркаш.";)
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.497
Od kade sega ispadna ovaa retorika na profa 87_47 (zlite jazici ke kazat Protugjer) deka vcerasnata utakmica ne bila bitna koga Komiti i FK Vardar so denovi trubea deka ova e najvazniot natprevar, deka sega e bitno, povikuvaa najgolema mobilizacija dosega vo Kratovo itn, itn...

I kako ne bese bitno koga se ke resavase vo posledno kolo izmegu Brera i Djorce kade mnogu lesno mozese da se sluci Brera da ne pobedi i Vardar direktno da opstane. Znaci vcerasniot natprevar ne samo sto ne bese nebiten tuku bese mozebi i najbiten kako i onoj vo Stip.

Inaku izdanieto odlicno, brojkata ok, mada vo Kratovo znaela da bide vo minatoto i mnogu pogolema
Во Кратово од прилика таа била бројката секогаш , горе доле .
Задоволни сме од тоа како се реализираше, се како што планиравме.

за првиот дел од постот , да точно имаше повици за Мобилизација, така беше.
Комити имаат стратегија како да бидат најавите, што резултира за подобра афирмација , мислам некои дечки од Чкембари приметија, за секој меч има прича како да се привлече членство...

Многу енергија е потрошено и со водењето на клубот и финансирањето цело време... не ми се пишува што било кога би било ама со финансии кои ги даваме сега во клубот, имавме план огромен маркетинг да правиме за групата... но тоа оди во втор план, затоа што Комити го водат клубот и ќе го водат дур е тешко и дур нема стабилен спонзор.
Сума сумарум, ние сме задоволни и примарната цел ќе биде исполнета, откако се обезбеди опстанок во баражот... што се однесува до групата, исто, она што беше планирано, во основа на јадрото, едукација на членстово (особено околу КОДЕКС и почитување на истиот) , поврзуавњето на помладите со постарите генерации... конекција на помлади со многу постари... смирување на страсти меѓу подгрупите... смируавње на тие што биле скарани, намалување на поделбите населба на населба, маало на маало. итн итн, во добар дел успеавме... знаете дека не е лесно да работиш на група и да подобриш... верувам од сите групи у Македонија . секаде во секој град и маало, има луѓе што разбираат и што се свесни што значи трудот... ако не цели групи, знам дека има поединци што ова го сфаќаат, дури и ривалите.
 
Член од
26 март 2022
Мислења
584
Поени од реакции
5.434
Od kade sega ispadna ovaa retorika na profa 87_47 (zlite jazici ke kazat Protugjer) deka vcerasnata utakmica ne bila bitna koga Komiti i FK Vardar so denovi trubea deka ova e najvazniot natprevar, deka sega e bitno, povikuvaa najgolema mobilizacija dosega vo Kratovo itn, itn...

I kako ne bese bitno koga se ke resavase vo posledno kolo izmegu Brera i Djorce kade mnogu lesno mozese da se sluci Brera da ne pobedi i Vardar direktno da opstane. Znaci vcerasniot natprevar ne samo sto ne bese nebiten tuku bese mozebi i najbiten kako i onoj vo Stip.

Inaku izdanieto odlicno, brojkata ok, mada vo Kratovo znaela da bide vo minatoto i mnogu pogolema
Оо ,,Порно мафија Скопје"(злите јазици би кажале ,,дечкото што не испозамара вака колективно десет страници за падната маичка на Гробари") што навака? Не издржа срце јуначко па пиша а:)

Во првото соопштение на групата јасно се потенцираше моментот дека ,,токму сега кога Вардар се гуши а душманите веќе си ја честитаат нашата пропаст" е потребно да се направи најмасовното гостување. Не беше во прв план резултатот(колку и да се надевавме), туку менталитетот кој сакаме да го изградиме, дека е подеднакво важно да бидеш секаде со клубот, и кога слави титули, но и во лоши моменти, како сега кога јеби га не успеавме да обезбедиме опстанок - нешто што беше јасно уште по поразите од Воска, Работнички и Брера, односно по поразите од директните конкуренти.

Да шанси постоеа, но генерално во Вардаровата јавност не владееше воопшто голем оптимизам, познавајќи ги околностите во кои моментално се наоѓа ,,на ти го-дај ми го" лигата. А кога на тоа ќе го додадеш веќе очигледно лимитираниот квалитет на нашиот тим..како и да е, не си скапирал, ништо страшно.

И дај со овие моменти на ,,ејјј рековте можеби најважниот натпревар" ...па срамота е. Па постои ли едно соопштение за мобилизација на било која група во која на било каков начин не се потенцира моментот на ,,важно"? Нормално дека не, поентата е дека секој натпревар е важен, имено за таков менталитет и пишав погоре. Секако и да дојде повеќе народ.

И те молам прати слика каде што имало МНОГУ повеќе навивачи во копот? Баш ме интересира за која бројка станува збор чим така ете убедливо збориш. Се и да има, веројатно е од шампионските денови на Вардар, кои да биле историски но поради самата бројка, а тука е фората што ова и повеќе од солидно гостување доаѓа дур клубот се наоѓа на дното.
 
Последно уредено:
Член од
2 декември 2022
Мислења
247
Поени од реакции
584
Ќе има ли дерби за сите времиња во недела или Комити ке гледаат небитна утакмица во Маџари ?
 
Член од
18 август 2019
Мислења
233
Поени од реакции
401
Ќе има ли дерби за сите времиња во недела или Комити ке гледаат небитна утакмица во Маџари ?
Негде прочитав дека утакмицата со Тиквеш како и целото коло е преместено за сабота
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Неофицијално цело коло од првата лига ке се премести во сабота , ради финалето на купот на Македонија(среда )и да имаат ден повеќе за одмор .
Втора лига ке играат во недела ..

Среќата не посака(мислам со промената на ден на ФК Вардар) па сега се очекува мега дерби на Комити и Чкембари во веројатното финале во недела во Борис Трајковски :)

Очекувам доста народ да дојде од Битола , едната голема трибина за нив а другата за Комити , како на времето FA - CPB пред 10 години ..
 
Член од
23 април 2022
Мислења
418
Поени од реакции
2.110

Официјално е во сабота колото
 
Член од
29 август 2022
Мислења
136
Поени од реакции
465
Неофицијално цело коло од првата лига ке се премести во сабота , ради финалето на купот на Македонија(среда )и да имаат ден повеќе за одмор .
Втора лига ке играат во недела ..

Среќата не посака(мислам со промената на ден на ФК Вардар) па сега се очекува мега дерби на Комити и Чкембари во веројатното финале во недела во Борис Трајковски :)

Очекувам доста народ да дојде од Битола , едната голема трибина за нив а другата за Комити , како на времето FA - CPB пред 10 години ..
Да се подсетиме на дербито 2010 ....
cpb1.jpg fa..jpg
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Топ дерби , супер бројки на двете страни , со оглед дека јас одам со Комити од 2008 година мак тифото во тие години од 2010 до 2014 беше најдобро ...

Правен е муабетот , на тогашната власт на Груевски не им одговараше силни групи и пробаа сите да ги растурат, во cpb им ги бапнаа центар бојс (вмро) , Фемили се скараа со градоначакникот од вмро Коневски и отидоа во бојкот , на Комити им го пуштија Бо... да кажува правила во групата по насоки на власта ..
Штета што така се распаднаа , поготово cpb i fa

Ако гледаме од денешен аспект , од скопскиве групи само Комити успеа да ја врати бројката и организацијата во групата, секако за тоа се најзаслужни новата млада генерација на Комити ..

Затоа и пишав , се надевам на веројатното финале во недела Вардар и Пелистер и да гледаме спектакл во Борис :)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2023
Мислења
69
Поени од реакции
100
Топ дерби , супер бројки на двете страни , со оглед дека јас одам со Комити од 2008 година мак тифото во тие години од 2010 до 2014 беше најдобро ...

Правен е муабетот , на тогашната власт на Груевски не им одговараше силни групи и пробаа сите да ги растурат, во cpb им ги бапнаа центар бојс (вмро) , Фемили се скараа со Коневски и отидоа во бојкот , на Комити им го пуштија Бо... да кажува правила во групата по насоки на власта ..
Штета што така се распаднаа , поготово cpb i fa

Ако гледаме од денешен аспект , од скопскиве групи само Комити успеа да ја врати бројката и организацијата во групата, секако за тоа се најзаслужни новата млада генерација на Комити ..

Затоа и пишав , се надевам на веројатното финале во недела Вардар и Пелистер и да гледаме спектакл во Борис :)
Мое мислење е дека треба да се одиграат 2/3 утакмици во Борис за да можат Комити и Чкембари да ја пополнат цела сала до максимум зборам за групите од двете страни да бидат во полн капацитет ако се игра во недела Вардар Пелистер само Комити би можеле да ја наполнат трибината зошто се од Скопје и тие дербиња меѓу Работнички и Мзт се помеѓу две скопски групи затоа и толку навивачи имало од дете страни
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Мое мислење е дека треба да се одиграат 2/3 утакмици во Борис за да можат Комити и Чкембари да ја пополнат цела сала до максимум зборам за групите од двете страни да бидат во полн капацитет ако се игра во недела Вардар Пелистер само Комити би можеле да ја наполнат трибината зошто се од Скопје и тие дербиња меѓу Работнички и Мзт се помеѓу две скопски групи затоа и толку навивачи имало од дете страни
Се согласувам, нормално дека влијае што и двете групи беа од Скопје .

Кај Комити со мобилизација на навивачи и фанови сигурно дека таа една трибина ке се наполни , кај Чкембари сигурно ке владее еуфорија за финалето и очекувам да дојдат околу 500 навивачи , плус рачунај ке дојдат луѓе од Битола кои не се дел од копот на Чкембари и тие ке придонесат за поддршка на Пелистер , значи може да дојдеме со вкупна бројка на Битолчани во Скопје од 500 до 1.000 луѓе ..

И затоа се поставуваше прашањето , колку беа Комити во Кавадарци за баражот лани, со оглед дека на целата трибина имаше над 3.000 луѓе дојдено од Скопје , така ке биде сеа и со Битолчани колку бил копот колку обични навивачи :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom