Се согласувам, скопските сали секогаш ќе бидат домашен терен за Вардар или Алкалоид.
Сепак, треба да се земе предвид дека Скопје не може да се спореди со ниту еден друг град, затоа што како главен град е збирштина на луѓе од цела Македонија, особено по осамостојувањево, додека сите други градови се воглавно со домородно население. Во Скопје живеат барем 20000 битолчани (може и повеќе) или некои кои имаат битолски корени до прво колено. Само во зградава кај што живеам мислам дека мнозинство се битолчани (го гледам и еден од членовите од вашиве редовни неутралци со цела негова фамилија)
Пример, браќата Атансијевиќ се родени скопјани, со родител битолчанец. Спонзорот ваш живее овде, децата веројатно му се родени овде, со сигурност учеа во скопскиве школи. Еден куп студенти што се во најнавивачки години.
Па вие само од Скопје може без проблем 100-300 души да мобилизирате, кои реално мала е шансата некој да ги нападне кога има шанси да живееме во исто маало, работиме заедно, сме учеле заедно итн.
Од главен град, многу е тешко да мобилизираш толку многу обични луѓе што не се навивачи, да се затераат во друг град. Прво, во твоја близина имаш многу мала шанса да имаш комшија/другар/познаник што следи спорт и баш навива за Вардар и би имал желба да оди. Па во помал град, кога има јак тим, никаква покана и повици ме им требаат на жителите, кога само да излезат од дома ќе најдат уште 10 души од близината што ќе одат на стадион/сала. Стариве си се собираат пензионерски таму, општо уште се тера тој традиционален начин на живот. Ќе го споменам Кавадарци, на плоштадот околу празнициве имаше милион пензионери што си седеа и се дружеа. Тука во Скопје тој филм не го гледаш, освен по попериферните населби. Кога луѓе не се дружат, не споделуваат информации, многу е тешко да ги организираш на едно место.
Предноста што ја има Скопје е што имаме мноооогу повеќе младо население кое може да го мобилизираме на стадион, ама предноста на помалите градови е што луѓето се поконцентрирани на мало место, се знаат сите, нема толку брз живот како во Скопје, повеќе има дружење итн. И тоа е нормално секаде.
Наш недостаток споредбено со другите навивачки групи од соседството е што тие имаат страшна бројка на фанови во секој град, ние немаме ништо (секоја чест на поединци од многу градови кои активно навиваат за Вардар и го следат). Ама за тоа си треба и да има успеси клубот.
За на крај една забелешка. Ние во просек имаме далеку подобра бројка, вие имате подобри бројки на дербиња (иако константно споредувате ракомет каде термините се вечерни, со фудбал каде се сабајлечки и никогаш на таков термин не сте гостувале во бројка повеќе од 300 души) затоа што едноставно кај вас има многи поголема мраза кон скопјани и се пали цел град на такво утакмици. Во Скопје 95% од населението немаат поим дека ќе се игра ракомет овде викендов, ниту пак имаат омраза кон битолчани за тоа да ги натера да дојдат на утакмица