ТИФОМАНИЈА!

Член од
11 октомври 2022
Мислења
228
Поени од реакции
614
Јако би било и овој викенд Вардар - шкупи да има со две навивачки групи, верувам дека би било со голема бројка од двете страни и добра атмосфера. + ноќна ако е
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
777
Поени од реакции
2.399
Јако би било и овој викенд Вардар - шкупи да има со две навивачки групи, верувам дека би било со голема бројка од двете страни и добра атмосфера. + ноќна ако е
Со две навивачки групи да го цитирам з.з
"МАЛО Сутра " козоебачите нема да припарат до стадион.
 
Член од
3 април 2022
Мислења
12
Поени од реакции
89
Се надевам дека 'хулиганите' од обете страни се испразнија после вчерашното дерби, па ќе може да дискутираме како луѓе.
Прво за Чкембари. Секоја чест за бројката и битолчани за полнење на целата трибина. Не сум сигурен колку собира (мислам околу 4.500-5.000?) што е навистина респектабилна бројка за ваква смешна лига. Историска бројка за вас како група, сигурно бевте 1.000-че +/-, убава ограда и секако тука помага многу и новата трибина, која за наши услови е баш погодена. Штета што Градски е УЛТРА ГОЛЕМ за било кој наш клуб, и иако првото дерби во Скопје имаше и поголем број на група како навивачи и на неутрална, пак изгледаше празно. За навивањето, искрено мислам дека имате едни од најлошите песни со текст/ритам, и треба да си поработите на тоа, зошто никој веќе, а поготово младите не му се навива 2010-та стил во 2024-та (мое лично мислење). Пирото одлично.
За Комити, бројка од сништа за дерби. Никад претходно не се десило да буквално фалат бусеви, па да се зимаат накадно +2 буса и луѓе да палат коли.. Можда ова гостовање бројката беше и поголема од она 'фамозното' дерби со оградата? Иако не сум сигурен. Голем број на млади, но и респект за МНОГУТЕ постари кои беа присутни, баш се изненадив. Изглед добар, пирото исто така, навивањето како за дерби одлично, и добро е што многу повеќе се пееше за Вардар, отколку против Пелистер. Во глобала 90% од луѓето беа во црно, но како што пишал погоре и доларот, не можеш тука да искорениш да дојдат буквално сите во црно.. Мора да се најде некој со рендом боја, ма да, мање више на толкава бројка.
За бајраците што пишал некој претходно дека се ваделе често, па за тоа се шиени легедно и затоа е бајрак, да ги вадиш кога мислиш дека има простор за тоа и би изгледало убаво, сигурно нема да се вадат во среда од 13:00 против Брера.
Паролата 'наследници на мизеријата'. Не е наменета како што вие сфаќате, или така ви одговара. Туку во стил дека сте 'вечно втори' во секој спорт, и увек сте блиску, а на крајот сепак далеку. Фудбалот иако Пелистер е големо име, се знае кој е најтрофеен и е од тој аспект секогаш пред вас - Вардар. Ракомет, Вардар е пак пред вас, иако вие сте втор клуб по големина, еве годинава како се чини дури и Вардар да не освои, тоа ќе биде пак некој пролазен клуб како Алкалоид. Кошарка секоја година сте блиску, и пак на крај ве тепа скопска екипа (случајов МЗТ Скопје), а убеден сум доколку тоа не се МЗТ, по некоја случајност ќе биде Работнички.
Кореото што е извадено пак, џабе се мачел 110% (Македонец) искомплексиран со спајање слики. Извадено е да се прикријат тие што палат бакљи.
БитолчанецО, баш ми е мило што толку многу се наложи на победа у регуларен дел против најслабиот ФКВ кој некад играл во 1-ва лига. Ние сепак имаме поголеми достигнувања, а со тоа и граници.. Сепак пак ќе речам, најтрофејни сме во фудбал и ракомет, па можда затоа победата против вас у првиот меч не ја гледаме на начинот кој ја гледаш ти. Планирам да те изнајмам за децата еден ден како кловн на роденденот. Очигледно хуморот ти е на високо ниво, само се надевам дека не си најхумористичниот човек во Битола.
Секое добро!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.951
Пола тема малоумни. Топ дерби од двете навивачки групи, веројатно најдобро во историјата. Место да се пишат пофални зборови за двете групи, бидејќи ги заслужија, они се пцујат два дена. Штета што не се бориме за врвот, со ваква организација кај двете групи, при борба за врвот, комотно би биле трето дерби во екс ју.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
589
Поени од реакции
1.369
Комити се единствена навивачка група на Балканов што успева да се мобилизира вака силно, а клубов тоне ли тоне. Дефинитивно крената е летвичката последниве 3-4 сезони. Секоја чест за раководството на групата, за ваков слаб клуб и волку утепана атмосфера, ова е нереално.
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
8.447
Пола тема малоумни. Топ дерби од двете навивачки групи, веројатно најдобро во историјата. Место да се пишат пофални зборови за двете групи, бидејќи ги заслужија, они се пцујат два дена. Штета што не се бориме за врвот, со ваква организација кај двете групи, при борба за врвот, комотно би биле трето дерби во екс ју.
Имаше супер мислења од нормални членој. И пофалби за 2те групи.
5-6 деца го “дупат” коњот.
Си сака еден активен админ.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
807
Поени од реакции
3.466
Пола тема малоумни. Топ дерби од двете навивачки групи, веројатно најдобро во историјата. Место да се пишат пофални зборови за двете групи, бидејќи ги заслужија, они се пцујат два дена. Штета што не се бориме за врвот, со ваква организација кај двете групи, при борба за врвот, комотно би биле трето дерби во екс ју.
Ајде да не претерам ама вчерашното издание беше најблиско до сарајевското дерби и мислам натаму е реално да целиме. Кај бугарите се интересни Ботив Локо. Наредно прашање дали ќе имат континуитет или ќе се вратиме во некое сивило? Како само ова се би изгледало со нормални клубој на кој секоја година целите ќе се напад на титула ? Дефинитивно има потенцијал но не зависи од самите навивачи.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Последните 3 години, т.е. после короната имавме неколку топ дерби. Ракометни двете во Јане и финалето во Кавадарци беа врв. Фудбалски, 10+ беше и дербито во Битола во втора лига шо дава дополнителна тежина. Вчерашното беше можеби и најдобро од сите. Има потенцијал да се развива уште повеќе, но како шо и кажаа претходно, не е само до навивачите.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
107
Поени од реакции
312
Ве читам поќе од Комити коментирате како Вардар бил слаб а вие сте напрајле мобилизација…алооо шо да речиме ние вечно шо сме за испаѓање,треба да се распадниме????уба идеа за коцка ни дадовте
ВЕЧНО ВТОРИ… сезона 2012/2013 Вардар -прв,ние за испаѓање,организиран воз 800+ Чкембари…30.09.2012,ко ќе си на врвот е многу лесно така да не квичете многу.. IMG_1469.jpeg
 
Член од
13 март 2014
Мислења
107
Поени од реакции
312
Абе не ми кажвај кое друго време,очобол беше од секогаш,се сеќавам 2011 мислам беше навиваме на трибина против ФК Скопје и му караме на помошник судијата,ни се врти и ни вели:НЕ ГЛЕДАТЕ БЕ ДЕКА КИРОВСКИ ТРЕБА ДА ДАЈ 5 ГОЛА,ТРАНСФЕР ТРЕБА ДА НАПРАЈ,се чудевме шо слушаме и шо гледаме..кажвајму на овие малите шо незнат како било порано
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.887
Викенд на страст

Овој викенд се оддржа дерби натпревар кој несомнено ќе остане запаметен во историјата на македонскиот фудбал. Двете НГ, Чкембари и Комити, демонстрираа исклучителна мобилизација и страст, создавајќи незаборавна атмосфера на стадионот. Чкембари се истакнаа со историски рекорд на присутност, создавајќи неверојатна кореографија и одлично навивање. Сепак, Комити не заостануваа, исто така, демонстрирајќи бројна поддршка и енергично навивање во текот на целата игра. Нивната кореографија беше впечатливо одлична, иако веќе употребена. Срамната парола не е за дискусија.

Врв на инциденти беше кога Комити почнаа да фрлаат пиротехнички средства во насока на младинците на Пелистер, деца на возраст од 10 години. Овој акт, покрај тоа што беше крајно неодговорен, ја наруши атмосферата на натпреварот. Како доказ го приложувам и разговорот од live-от на Youtube:

1П 14:54 „Претераа со пиротехника и едните и другите, а во делот каде што се членовите на младинската школа на Пелистер, дечиња од 10-15 години, доаѓаат петарди и пиротехнички средства од вардаровите навивачи“,

1П 26:45 „Сега Гроздановски побара прекин бидејќи една петарда од вардаровите навивачи падна многу блиску до него“.

Сите овие фактори водат до заклучок дека, и покрај инцидентите, дербито може да се оцени со 10/10, доколку не се земат во предвид нападите врз младинците. Сепак, одговорноста и почитта кон идните фудбалски генерации мора да бидат приоритет за навивачките групи во иднина.

ФК Воска - ФК Тиквеш | Покрај дербито, НГ Лозари исто така беше присутна на гостување во Охрид против екипата на Воска. Без мобилизација, со самоорганизиран превоз со автомобили, особено значајно поради постојаниот бојкот од страна на превозниците во Кавадарци и околината. Интересно е да се напомене дека членовите на НГ Рибари, кои редовно бараат извештаи за присуство на НГ Лозари на гостинските натпревари, во овој случај, кога НГ Лозари гостуваа во нивен град, истите си беа на дерби натпревар во Битола без ниту еден коментар на таа тема. Контрастот во однесувањето, особено преку примерот на Д, укажува на нестабилност и ништо друго. Ова гостување, иако помина незабележано поради фокусот на дербито, заслужува внимание и признание.

МКК Куманово - КК Гостивар | Немам коментар. Според приложените фотографии, одлична атмосфера и уште подобра бројност. Секоја чест на Кумани.

Понатаму, според информации од НГ Рибари, Комити Драчево им побарале ферска тепачка 20 против 20. Овој предлог е наводно инициран поради незадоволство на КД, кои тврдат дека Рибари не си ги исполниле „обврските“ за поправка на графитите, кои, патем, се исчкртани од самите КД. Оваа ситуација изгледа како класичен пример за создавање на причина за конфликт, особено со оглед на свесноста на Комити дека Рибари едвај успеваат да соберат 20 навивачи на натпревар. Проблемот со македонските навивачки групи е во тоа што, дури и да дојде до организиран фајт, во неа често учествуваат не само навивачи, туку и професионални борци, што ја нарушува целата концепција за „ферска“ пресметка. Воочлива беше (не)спремноста на првата(?) екипа на Комити, на видеото од С.С. „Јасмин“. И овој инцидент помеѓу КД и Рибари остана незабележан поради фокусот на дербито.

По овој викенд, очекувам позитивен резултат кај сите навивачки групи, не само кај Комити и Чекмбари, како што беше во старите добри времиња.

п.с. Не си земајте здраво за готово се, форум е ова, анонимни корисници, просекот на „дркаџии“ во години тука е веројатно 16+-. Одамна е изгубена нормалната дискусија.
 
Член од
22 септември 2021
Мислења
229
Поени од реакции
923
Абе не ми кажвај кое друго време,очобол беше од секогаш,се сеќавам 2011 мислам беше навиваме на трибина против ФК Скопје и му караме на помошник судијата,ни се врти и ни вели:НЕ ГЛЕДАТЕ БЕ ДЕКА КИРОВСКИ ТРЕБА ДА ДАЈ 5 ГОЛА,ТРАНСФЕР ТРЕБА ДА НАПРАЈ,се чудевме шо слушаме и шо гледаме..кажвајму на овие малите шо незнат како било порано
И мене ми има останато оваја дешавка. Мислам еден гол го даде од офсајт и губевме 1:2 или 1:3 и му каравме на линискиот судија и се сврти вика доста карате гледаш го местат да дава голој за трансфер, ќе победите вие. И на крај си тепавме...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom