Наивно размислуваш. Зашто мислиш дека луѓето сакаат да видат некаква си промена на светот во насока на лав хепинес, во сопствените животи да, секако секој сака да биде среќен, да има здравје, пари и љубов, но не секој тоа го посакува и за најблиската околина, т.е ретки се тие, ако можам да така кажам и непостоечки се тие кои што сакаат да усреќуваат луѓе, зарем не гледаш што се случува, најбогатите луѓе по логика на нештата би требало да се најсреќни а со тоа и најнезавидливи, арно ама баш тие се најзавидливи и сакаат да уништуваат, се хранат од туѓата патња и страдање, како иначе се создаде вирувчево што покоси 5 милиони. Луѓето ќе ти простат се но никако и тоа да си посреќен или поуспешен од нив. Нација, пол, вера и економска класа не прават разлика, и малите и големите луѓе знаат да се злобни, тоа е човекова природа, од памтивек.
Некој луѓе одат до тој степен да бираат друштво кое е посиромашно и победно за да се они чувствуваат супериорно. Факт. Луѓето постојано прават компарација, споредување со своите "пријатели". Ако твојот пријател има подобра работа, поуспешен брак и попаметни деца се јавува завист, а каде има завист таму се раѓа и пакост, т.е потребата да напакостиш некому, кај мене лично не, но знам луѓе кои уживаат да напакостуваат, затоа и станав антисоцијално суштество, уживам во тесен круг на познаници и не се замарам, сите се пакосни и веќе ги читам како буквар.
Со годините сфаќаш што е битно во животот,а тоа е мир и хармонија, а не драма и вештачки релации и односи. Потенцирам повеќето се вештачки односи кои се темелат или на взаемна корист или на лечење комплекси од типот еве ме имам долга врска а моиве " другари" се сингл па као си праам филм дека сум некој факман а уствари сум балавац, дудлаче.