Суровата природа на човекот

Член од
16 јули 2021
Мислења
239
Поени од реакции
543
Темата ја отворам со цел да чујам ваше мислење за суровата природа на човекот. На фејсбук и слични социјални мрежи може да се види како секој човек постира или лајкува постови у стил: Да сме хумани, биди промената што сакаш да ја видиш, натпреварувај се само со себеси итн. На линкдин е уште подрастично, дајте шанса на младите, секој почнал негде и други дрн дрн јариња муабети, и тоа е се ок, но потоа ги гледаме истите тие луѓе што го лајкаат/постираат/проповедаат тоа во пракса, и некако го нема во праксата. Каде е дупката меѓу ставовите и однесувањето? Во теорија секој е над емоциите и со постигната нирвана, а на пракса, особено во нашата сиромашна земја, гледаш луѓето како се однесуваат примално, лошо, завидливо. Ајде во личниот живот секој ќе се вади, затоа што тоа не може баш да се докаже конкретно однесување, мада се докажува со гледањето на секојдневната сурова реалност, но во деловниот живот и те како се докажува, сум бил сведок еден куп менаџерчиња како проповедаат и лајкаат, психичкото здравје пред се, негувајте ги вработените, бидете лидер што ќе го паметат, и ги паметат богами, но не по тоа што сакаат. На крај прашањето е, кога веќе распознаваат правилно од погрешно и добро од лошо, зашто луѓето сепак се однесуваат лошо и себично а во исто време сакаат да направат промоција на себеси како добри? Нели е едноставно полесно да се добри и алтруистични или некоја форма на блага шизофренија влага у игра кај повеќето од нас?
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
куче што лае не каса
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
367
Поени од реакции
152
На социјалните мрежи може секој да копира, да манипулира, да се прикаже во најдобро светло но и да се глупира. Тие се мелем за егоисти, сатанисти, лицемери, фалбаџии и други дијагнози... Ако се тоа вредностите кои ги негувате, продолжете да денгубите на социјални мрежи, ако не, посветете се на вредностите кон кои се стремите. Најдобрите луѓе кои ги познавам воопшто не се експонираат на Фацебоок, веројатно немаат време.
Јас од Фејсбук користам само Месинџер.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Јас насловот го сфатив у некаков контекст на суровоста на природата за човекот. Она не е баш спремен физички за живот у природа, насвор од општество.
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
суровоста е дел од човековата природа, луѓето на позиција го користат тоа максимално.

Еве ќе го земам Дамби како пример тука. Стана модераторче и одма почна да ме банира од теми, да ми брише мислења. А теткиве ќе речат душа дете, да ти е мерак зет да ти биде.

Сеа може за нив е душа, но мене ме дупи у здрав памет. Муабетот ми е дека позицијата на власт максимално го расипува човека, макар и да е нешто едноставно како ова.
Кој е тој дамби :D јас сум обично хејтер недајбоже да ме банира ќе се вратам со нов акаунт за одмазда :D :D , таман се распишав на овој полу умрен форум :D :D :D иначе во право си дека висока позиција расипува, во приватни фирми обично за шефови ставаат луге што не се способни за работа али се послушни кучиња, спремни да се расправаат во туго име. (со некои исклучоци нормално не се сите исти)
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.913
Поени од реакции
1.422
Човекот е суров.
Човекот е природа.
Човекот е сурова природа.
Но, човекот и не е суров.
Човекот е човек.
И човек на човека, му е човек.
И сите заедно се човеци.
И тоа е човештво.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.322
Поени од реакции
2.166
Да. Д утро. Така било и ќе остане. Човекот е пред се егоистичен створ, пред се гледа за самиот себе. Тоа што постираат на фб е илузија, сакаат да постигнат нешто, да испратат порака до некој.
Автоматски споено мислење:

Зашто познатите глумци секогаш се сликаат кога донираат или помагаат некому? Размисли, они не донираат зашто сакаат да помогнат, туку ради себепромоција.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Зашто познатите глумци секогаш се сликаат кога донираат или помагаат некому? Размисли, они не донираат зашто сакаат да помогнат, туку ради себепромоција.
Перење пари и неплаќање данок.

Но он топик, најсурови се тие што мислат дека прават општо добро. Како ливадаркиве и ливадарките од здруженијата за животни.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
239
Поени од реакции
543
Јас насловот го сфатив у некаков контекст на суровоста на природата за човекот. Она не е баш спремен физички за живот у природа, насвор од општество.
Сакав насловот да биде Суровата природа на човекот, ама пројде возот, не знам како да го сменам.
Автоматски споено мислење:

Да. Д утро. Така било и ќе остане. Човекот е пред се егоистичен створ, пред се гледа за самиот себе. Тоа што постираат на фб е илузија, сакаат да постигнат нешто, да испратат порака до некој.
Автоматски споено мислење:

Зашто познатите глумци секогаш се сликаат кога донираат или помагаат некому? Размисли, они не донираат зашто сакаат да помогнат, туку ради себепромоција.
Да, точно тоа е фактот, бидејќи живееме во суров свет направен таков од човекот, но зашто да се глуми лудило ми е чудно, затоа што додека еден човек троши време и енергија да се направи доблесен, алтруистичен или слично, може тоа време да го искористи за да работи во насока на себе-подобрување наместо на себе-промоција и навистина да биде „промената што сака да ја види во светот“ како што лајка/постира. Ваљда луѓето не се толку краткогледи за да не можат да си ги идентификуваат (барем пред себе) лошите страни и да пробаат да ги сменат. Според мене првиот чекор кон подобрување е идентификување/признавање на мааните, од таму може само нагоре да иде работата, без тоа, е тапкање у место.
На пример, со 90% од луѓето што сум зборел, викаат парите не се најважни, ама постапките им се водени од алчност, повеќето девојки со кои сум зборел теоретски ставот им е: „Важна ми е внатрешна убавина, а не надворешен изглед и пари“, ама во пракса не се дебелите ѓубреџии и градежници тие што фаќаат модели а богати лепушави спортисчиња, така да излегува дека се тоа е ветер и магла, да се праи муабет и да проаѓа време.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.322
Поени од реакции
2.166
Сакав насловот да биде Суровата природа на човекот, ама пројде возот, не знам како да го сменам.
Автоматски споено мислење:

Да, точно тоа е фактот, бидејќи живееме во суров свет направен таков од човекот, но зашто да се глуми лудило ми е чудно, затоа што додека еден човек троши време и енергија да се направи доблесен, алтруистичен или слично, може тоа време да го искористи за да работи во насока на себе-подобрување наместо на себе-промоција и навистина да биде „промената што сака да ја види во светот“ како што лајка/постира. Ваљда луѓето не се толку краткогледи за да не можат да си ги идентификуваат (барем пред себе) лошите страни и да пробаат да ги сменат. Според мене првиот чекор кон подобрување е идентификување/признавање на мааните, од таму може само нагоре да иде работата, без тоа, е тапкање у место.
На пример, со 90% од луѓето што сум зборел, викаат парите не се најважни, ама постапките им се водени од алчност, повеќето девојки со кои сум зборел теоретски ставот им е: „Важна ми е внатрешна убавина, а не надворешен изглед и пари“, ама во пракса не се дебелите ѓубреџии и градежници тие што фаќаат модели а богати лепушави спортисчиња, така да излегува дека се тоа е ветер и магла, да се праи муабет и да проаѓа време.
Наивно размислуваш. Зашто мислиш дека луѓето сакаат да видат некаква си промена на светот во насока на лав хепинес, во сопствените животи да, секако секој сака да биде среќен, да има здравје, пари и љубов, но не секој тоа го посакува и за најблиската околина, т.е ретки се тие, ако можам да така кажам и непостоечки се тие кои што сакаат да усреќуваат луѓе, зарем не гледаш што се случува, најбогатите луѓе по логика на нештата би требало да се најсреќни а со тоа и најнезавидливи, арно ама баш тие се најзавидливи и сакаат да уништуваат, се хранат од туѓата патња и страдање, како иначе се создаде вирувчево што покоси 5 милиони. Луѓето ќе ти простат се но никако и тоа да си посреќен или поуспешен од нив. Нација, пол, вера и економска класа не прават разлика, и малите и големите луѓе знаат да се злобни, тоа е човекова природа, од памтивек.
Некој луѓе одат до тој степен да бираат друштво кое е посиромашно и победно за да се они чувствуваат супериорно. Факт. Луѓето постојано прават компарација, споредување со своите "пријатели". Ако твојот пријател има подобра работа, поуспешен брак и попаметни деца се јавува завист, а каде има завист таму се раѓа и пакост, т.е потребата да напакостиш некому, кај мене лично не, но знам луѓе кои уживаат да напакостуваат, затоа и станав антисоцијално суштество, уживам во тесен круг на познаници и не се замарам, сите се пакосни и веќе ги читам како буквар.
Со годините сфаќаш што е битно во животот,а тоа е мир и хармонија, а не драма и вештачки релации и односи. Потенцирам повеќето се вештачки односи кои се темелат или на взаемна корист или на лечење комплекси од типот еве ме имам долга врска а моиве " другари" се сингл па као си праам филм дека сум некој факман а уствари сум балавац, дудлаче.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2023
Мислења
411
Поени од реакции
1.594
Секој ќе те сака се додека си на подолно или исто рамниште со него, во случај да се воздигнеш, веднаш почнува завист, јадење гомна позади грб, вадење муабети. Да не заборавиме, нашата македонска девиза во животот е да му цркне кравата на комшијата.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.427
Поени од реакции
3.131

Оваа формулација сите се пакосни ме погаѓа лично затоа што знам дека не сум таков човек..друго е кога ќе пишеш најголем процент па да имам некоја шанса да се пронајдам во тие 1.5% проценти преостанати..Да отидеш во банка и да извадиш 10 мил.долари или евра во кеш и да ми кажеш-Те молам припази за малку биди тука се враќам за 15 минути само да купам тост ми дојде огромна желба да го парчосам од два-три пати покрај сите исцрпувачки диети..и кога ќе се вратиш нема да ти фали од купот еден факинг цент биди сигурна во тоа..така да не се сите исти..пакосни...
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.322
Поени од реакции
2.166
Секој ќе те сака се додека си на подолно или исто рамниште со него, во случај да се воздигнеш, веднаш почнува завист, јадење гомна позади грб, вадење муабети. Да не заборавиме, нашата македонска девиза во животот е да му цркне кравата на комшијата.
Бинго. Точно мојата поента.
Автоматски споено мислење:

Оваа формулација сите се пакосни ме погаѓа лично затоа што знам дека не сум таков човек..друго е кога ќе пишеш најголем процент па да имам некоја шанса да се пронајдам во тие 1.5% проценти преостанати..Да отидеш во банка и да извадиш 10 мил.долари или евра во кеш и да ми кажеш-Те молам припази за малку биди тука се враќам за 15 минути само да купам тост ми дојде огромна желба да го парчосам од два-три пати покрај сите исцрпувачки диети..и кога ќе се вратиш нема да ти фали од купот еден факинг цент биди сигурна во тоа..така да не се сите исти..пакосни...
Го пропушти делот каде трчам со мојот револвер во рака и црна маска на лицето и викам пали колата и шибај.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom