- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 363
- Поени од реакции
- 744
Темата ја отворам со цел да чујам ваше мислење за суровата природа на човекот. На фејсбук и слични социјални мрежи може да се види како секој човек постира или лајкува постови у стил: Да сме хумани, биди промената што сакаш да ја видиш, натпреварувај се само со себеси итн. На линкдин е уште подрастично, дајте шанса на младите, секој почнал негде и други дрн дрн јариња муабети, и тоа е се ок, но потоа ги гледаме истите тие луѓе што го лајкаат/постираат/проповедаат тоа во пракса, и некако го нема во праксата. Каде е дупката меѓу ставовите и однесувањето? Во теорија секој е над емоциите и со постигната нирвана, а на пракса, особено во нашата сиромашна земја, гледаш луѓето како се однесуваат примално, лошо, завидливо. Ајде во личниот живот секој ќе се вади, затоа што тоа не може баш да се докаже конкретно однесување, мада се докажува со гледањето на секојдневната сурова реалност, но во деловниот живот и те како се докажува, сум бил сведок еден куп менаџерчиња како проповедаат и лајкаат, психичкото здравје пред се, негувајте ги вработените, бидете лидер што ќе го паметат, и ги паметат богами, но не по тоа што сакаат. На крај прашањето е, кога веќе распознаваат правилно од погрешно и добро од лошо, зашто луѓето сепак се однесуваат лошо и себично а во исто време сакаат да направат промоција на себеси како добри? Нели е едноставно полесно да се добри и алтруистични или некоја форма на блага шизофренија влага у игра кај повеќето од нас?