ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Една од добрите стрни на владата беше таа што започнавме да го враќаме надворешниот долг кон меѓународните фондови и банки но мал превид се направи дека тие пари требаше барем малку навреме да ги вратиме откако ќе обезбедиме некои неопходни работи како овие:
-Состојбата со медицинската апаратура во Клиничкиот центар е загрижувачка –дел од апаратите се во дефект, а на оние кои се за преглед се чека со месеци. Најкритично е на клиниката за урологија – таму веќе 6 месеци не работи единствениот апарат кој помага за лечење на камен во бубрег – пациентите се препраќаат во странство – најчесто во Бугарија и во Грција. За една ваква интервенција за бубрези пациентите плаќаат и до 1000 евра. Проблемот го потврдува и првиот човек на Клиничкиот центар Георгиевски кој вината ја лоцира во комисијата за јавни набавки - тие треба да одлучат кој електроди да се купат.
Со новото осамостојување на клиниките сега проблемот го наследува директорот на урологија каде е сместен апаратот.
На клиниката за кардиологија пациентите се соочуваат со друг проблем таму за ехо преглед на срцето се чека најмалку четири месеци. Имам висок притисок и болки во градите – на клиниката прегледот ми го закажаа за на крајот на декември вели пациентка од Скопје. Директорот Сашко Кедев признава дека тоа е проблем за клиниката – очекува да се подобри состојбата со новата медицинска апаратура која ја најави владата.
Дел од новата медицинска опрема која владата ја најави треба да почне да стигнува на клиниките од наредната година – тендерот за набавка на апаратите ќе се распише наредната недела, вели за Канал 5 директорот Тренковски, кој ветува дека ќе се набават и два нови апарати за лекување на камен во бубрег – едниот ќе биде во Битола.