Судењето на Бошковски и Тарчуловски во Хашкиот трибунал

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Па што не кажете бре дека е угостител... :) :) :) Ја па мислев главна професија му е бело робје....
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
cisto "legalno" ugostitelstvo, so kelnerki od tipot a-la Terra Patrick :D
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
rymz напиша:
.....shto majka bi baral Bojku vo Hag?? tipot e kingpin na prostitucijata ebago...ili samo deka e albanec? :)
Ne "samo demek deka e albanec", tuku deka e cudovishte:nenene:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
abe aj? kakvo cudovishte e toj? bash me zainteresira tvoeto mislenje, shto ima napraveno tipot za da bide smetan za cudovishte? ima zadovoleno mashki potrebi i im ima naplateno za toa?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
rymz напиша:
abe aj? kakvo cudovishte e toj? bash me zainteresira tvoeto mislenje, shto ima napraveno tipot za da bide smetan za cudovishte? ima zadovoleno mashki potrebi i im ima naplateno za toa?
I site "rabotnicki" rabotat dobrovolno so plateno penzisko, taka?
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Silen напиша:
I site "rabotnicki" rabotat dobrovolno so plateno penzisko, taka?
i za toa se nosele lugje vo Hag? pa pola od mladive rabotat bez plateno penzisko :) daj on topic bolje...ne ti drzi voda filozofijava
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Денес го слушав судењето , трагично колку глупости се изнаслушав
 
S

Sagan

Гостин
08.05.2007
Елмаз Јусуфи И со вториот сведок на хашкото обвинителство, Елмаз Јусуфи, се повторува вчерашната слика. Обвинителот Ден Саксон се обиде да го спречи споредувањето на изјавите на кои е потпишан таткото на еден од седуммината убиени во Љуботен, Рами Јусуфи, кои се контрадикторни во описот на убиството во нивниот двор.
Елмаз Јусуфи, слично како и неговата сопруга вчера, се соочи со своите спротивни изјави. Еднаш кажал дека вечерта на 11 август 2001-ва видел пет оклопни возила близу неговата куќа, во друга изјава дека видел еден камион и едно оклопно возило. Денеска не знаеше колку биле.
Елмаз Јусуфи, освен за спротивните изјави кои ги земале хашките обвинители, се огради и од своите изјави во еден странски весник, но и од изјавите кои ги дал за „Хјуман рајтс воч”.
За сите кажа дека делумно се точни, ама имало и неточни работи кои тој не ги кажал, а биле погрешно запишани или сфатени.
Токму поради ваквата појава, одбраната на Бошкоски и Тарчуловски побара да се отфрли како релевантно и како доказ вчерашното тврдење на сопругата на Елмаз, Зенад Јусуфи.
Судскиот совет не прифати, но предложи сведочењето на мајката на убиениот Рами Јусуфи да се земе како доказ, но да се имаат во предвид и разликите во нејзините искази до кои вчера, по неколкучасовно испрашување, дојдоа адвокатите на Бошкоски и Тарчуловски.
 
S

Sagan

Гостин
07.05.2007
Зенад Јусуфи Само триесетина минута и беа доволни на Едина Рашидовиќ да го замати сведочењето на првиот адут на Хашкото обвинителство.
Мајката на убиениот Рами Јусуфи, Зенад Јусуфи сакаше да не ја испитуваат повеќе. Судскиот совет одби и предложи мал одмор.
По сведочењето и контраиспитувањето е видливо дека Зенад Јусуфи давала контрадикторни изјави од кои не може да се состави сликата за настаните во Љуботен во 2001 година, како што ја претстави хашкото обвинителство.
Зенад Јусуфи рече дека не знае дека два пати им дава изјави на хашките обвинители, еднаш во октомври 2004 година, а вторпат во април 2007-ма. Неколку секунди подоцна откако и ја покажаа потпишаната изјава призна дека дала и во април и го препозна потписот како нејзин.
Во октомври 2004 година призна дека изјавила: „Видов полицајци, камиони, коли пред куќата во Љуботен”. Во април годинава изјавила дека видела колони и тенкови ама не излегла од куќата, во судот, пак, денеска изјави дека никој не видела, ама слушнала гласови.
Во првата изјава Зенад Јусуфи тврди дека роднината Музафер бил на гости кај нив, во втората Имрат Јусуфи, денеска дека бил само Музафер на кафе, односно тоа е денот кога на 12 август обвинетите се товарат за извршено злосторство и командна одговорност.
Зенад Јусуфи рече дека насилно била отворена портата, а нејзиниот син, кој спиел, се разбудил и бил убиен. Таа во тој момент го внела сопругот, кој е инвалид, во куќата. Така кажала првично, минатиот месец кажала дека го внела само во собата десно, денеска дека била лево, па дури и дека погрешила со изјавите.
Рашидовиќ има околу стотина прашања, со исто толку чека и Антонио Апостолски, адвокатот на Јохан Тарчуловски.
 
S

Sagan

Гостин
Дел од обвинението на Хаг против Тарчуловски



29.03.2005
Здружен злосторнички потфат
Здружениот злосторнички потфат започнал не порано од петок 10. август 2001 и продолжил се до, вклучително со, недела 12. август 2001, за време на вооружениот конфликт во БЈРМ. Целта на Здружениот злосторнички потфат била да се упати противзаконски напад на цивили и цивилни објекти во селото Љуботен, што не било оправдано со воена неопходност, кривично дело според член 3 од Статутот на Судот. Кривичните дела што се извршени во Љуботен и со кои тој се товари во Точките од 1 до 3 од ова Обвинение спаѓаат во рамките на целта на Здружениот злосторнички потфат.
Јохан Тарчуловски работел заедно со другите членови на Здружениот злосторнички потфат, припадници на редовната и на резервната полиција на БЈРМ под негова команда.
Јохан Тарчуловски учествувал во текот на целиот период на постоењето на Здружениот злосторнички потфат на еден или повеќе од следните начини:
(а) Од јули до август 2001 тој лично избирал лица за формирање на својата редовна и резервна полициска единица којашто учествувала во нападот.
(б) Од јули до август 2001 тој го координирал вооружувањето на припадниците од неговата редовна и резервна единица којашто учествувала во нападот.
(в) Меѓу 10. и 12. август 2001 со помош на високи државни и полициски службеници, тој ги убедил највисоките полициски и воени команданти кои биле одговорни за безбедноста во областа на Љуботен да го поддржат нападот на Љуботен.
(г) Тој побарал и добил логистичка, материјална и вооружена поддршка за нападот на Љуботен од највисоките полициски и воени команданти стационирани во областа на Љуботен меѓу 10. и 12. август 2001.
(д) Тој ги потстрекнувал редовните и резервните полицајци во својата единица да учествуваат во нападот на Љуботен.
(ѓ) Тој решавал за оружјето, човечкиот потенцијал, логистичката и друга материјална поддршка што требало да биде употребена во нападот.
(е) Тој го определувал времето, методот, начинот, целите и метите на нападот.
(ж) Тој им наложил на редовните и резервните полицајци во својата единица, користејќи ја својата позиција на авторитет, да го нападнат Љуботен.
(з) Тој бил присутен и учествувал како раководител и лично давал напатствија во копнениот напад и бил присутен на местото на личните кривични дела за кои се товари во ова обвинение.
Јохан Тарчуловски учествувал во Здружениот злосторнички потфат како соизвршител. Јохан Тарчуловски и другите членови на Здружениот злосторнички потфат делувале врз основа на заедничка цел, со подеднакви намери.
Всушност, кривичните дела наброени во Точките од 1 до 3 од ова Обвинение претставуваат природна и предвидлива последица од извршувањето на целта на Здружениот злосторнички потфат, да се упати директен противзаконски напад на цивили и цивилни објекти во селото Љуботен, и Јохан Тарчуловски бил свесен дека такви кривични дела се можна последица од извршувањето на Здружениот злосторнички потфат и свесно одлучил да учествува во потфатот.
Наредување, Планирање и Поттикнување
Јохан Тарчуловски е исто така лично кривично одговорен за наредување, планирање и поттикнување на кривичните дела со кои се товари во Обвинението со тоа што учествувал во нападот на Љуботен како што е опишано во параграфите 6 (а) до (з) погоре. Тој директно имал намера тие кривични дела да бидат извршени или, во краен случај, тој бил свесен за големата можност дека тие кривични дела ќе бидат сторени при извршувањето на неговите наредби, планови и поттикнувања.
Помагање и Поддржување
Покрај тоа, Јохан Тарчуловски ги помагал и поддржувал кривичните дела со кои се товари во Обвинението со тоа што учествувал во нападот на Љуботен како што е опишано во параграфите 6 (а) до (з) погоре. Тој бил свесен дека го потпомага извршувањето од страна на извршителите на определените кривични дела, изнесени во ова Обвинение, или, во краен случај, бил свесен дека едно или повеќе кривични дела најверојатно ќе бидат сторени од нив и знаел дека неговите постапки ќе го потпомогнат извршувањето на ова или овие кривични дела.
 
S

Sagan

Гостин
11.08.2004
Игнат Панчевски Главниот јавен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте до 25 август ќе пристигне во Скопје со готово обвинение против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во врска со случајот Љуботен.
Ова е изјава на заштитениот сведок снимена на видео-запис, која на денешната прес-конференција ја презентираше адвокатот Игнат Панчевски, тврдејќи дека лицето на снимката е еден од повеќето кои биле инволвирани во констирурање на случајот Љуботен, преку собирање лажни докази и со употреба на лажни сведоци, а во што се вклучени високи структури на НАТО и Хашкиот трибунал, како и одредени тајни служби на некои западно-европски земји.
Според сведокот, чие лице не можеше да се види на видео-записот, обвинението против Бошкоски било подготвено уште во ноември минатата година, а оттогаш до сега биле подготвувани лажни докази и лажни сведоци кои ќе го оправдаат обвинението.
„Јас сум државјанин на Република Македонија и сум еден од лицата кои што беа ангажирани кон крајот на минатата година за да учествуваат во конструкција и обезбедување лажни докази за да се исконструира случајот Љуботен”, вели заштитениот сведок, кој додава дека тој лично се познава со Дел Понте.
Во неговата изјава тој истакнува дека во ноември минатата година во името на Хашкиот трибунал и припадници на разни тајни служби на повеќе западноевропски земји било одлучено да се покрене обвинение против Бошкоски. Како наградата на овие лица им биле ветени огромни парични средства, заштита со преселба во странство и промена на идентитетот, како и други привилегии.
„Кога сфатив во што сме вовлечени, побаравме заштита и правна помош од адвокатот Панчевски, за со сите можни законски средства да не вклучи во постапката пред Хашкиот трибунал за да кажеме дека обвинението е констурирани, а во име и корист на трети лица”, додава заштитениот сведок.
Игнат Панчевски на денешната прес-конференција истакна дека според неговите сознанија поедини високи функционери на Хашкиот трибунал и НАТО во последно време во Македонија на недозволен начин и со недозволени средства прават конструкции за обезбедување лажи докази и лажни сведоци.
Тој дополни дека на овој начин се создава недозволен и незаконски доказен материјал, кој понатаму ќе се употреби за составување обвинение пред Хаг и против други припадници на безбедносните сили на РМ во врска со случајот Љуботен.
Панчевски најави дека наскоро ќе ги објави имињата на лицата што тој ги застапува, како и на оние што се вмешани во конструрањето на случајот.
„Имињата на службените лица, учесниците во оваа нечесна и недолична конструкција што се прави во име на Хашкиот трибунал и НАТО, ќе бидат предмет на обелоденување пред Трибуналот, доколку биде покренато обвинение за кое било лице од Македонија, во врска со овој случај, по што моите властодаватели се подготвени да излезат во јавноста и да ги појаснат сите детали околу начинот, методите и времето на правење на конструкции”, истакна Панчевски.
Според него, лицата кои одбивале да бидат дел од оваа конструкција, добивале сериозни закани по нивниот живот.

„На еден од моите клиенти кои што се подготвени да ја кажат вистината за подготовката за лажно сведочење и подготовките за лажни докази испратена му е повеќекратна закана со конкретните зборови, ако кажеше детали и имиња, ќе те дадеме на УЧК, а ти знаеш што после ќе ти направат'”, додаде Панчевски.
 
S

Sagan

Гостин


Оспорена тезата на Обвинителството – Љуботен бил легитимна цел
Скопје/Хаг /15/05/ 17:25
Одбраната на двајцата Македонци во Хаг со исказ на сведок на Обвинителството ја оспори тезата дека акцијата на македонските безбедносни сили во Љуботен била нелегитимна.

Ова може да се заклучи од делови од исказот на вториот заштитен сведок на Обвинителството, инсајдер од македонската полиција, чие сведочење заврши денеска .

Сведокот ги повтори исказите дека во време на акцијата во Љуботен имало терористи и оти ниту една акција не била насочена кон цивили.

На тоа сугерираше и одбраната на Јохан Тарчуловски, наведувајќи дека акцијата во Љуботен, од 12 август 2001 -та година, имала легитимна цел и оти полицијата не напаѓала цивили, туку апсела терористи.

Сведокот со заштитен псевдоним М 37 во дводневниот распит сведочеше за случувањата во Љуботен и за хиерархиската поставеност во Министерството за внатрешни работи.

Сведокот, за кого е познато само дека е долги години припадник на македонското МВР, тврдеше дека утрото на 12 август 2001 добил наредба да оди на контролниот пункт Страиште, одалечен еден километар од џамијата во центарот на Љуботен.

Сведокот рече дека во селото видел три мртви тела и оти тие луѓе биле убиени од „униформирани лица кои пристигнале во селото по неговото доаѓање”.

На почетокот на вкрстеното испрашување во понеделникот, одбраната на Љубе Бошкоски посочи дека во близина на Љуботен постоела една станица на регуларната полиција, во селото Мирковци, а оти по нападот во Љуботен, била поставена уште една, на резервната полиција, во соседното село Љубанци.

Заштитениот сведок рече дека полицијата во летото 2001 година била многу внимателна, бидејќи ситуацијата во општината Чаир и во Мирковци била сложена поради зачестените напади од страна на ОНА.

Сведокот рече дека Љуботен, како единствено село со доминантно етничко албанско население во општината, особено го привлекувало вниманието на полицијата, бидејќи „постоеја информации дека во селото се кријат припадници на терористички групи и оти се доставува оружје од Косово”.

Од друга страна, Обвинителството денеска изнесе уште еден сведок, кој тврди дека меѓу седуммината убиени во акцијата на македонските безбедносни сили во Љуботен, бил и 65-годишниот Муарем Рамадани. За неговата смрт сведочи негов поранешен сосед од селото, кој исто така има заштитен идентитет.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
jas ne znam sto ne go zapalile celo selo pa so mirna dusa da odat u hag... a taa zabiljentaa da ja frlat pod taa "kolonata" sto ja videla i da ja napravi meleno meso i da im go dadat na drugite za rucekd a si go pravat...


by the way... nemam skoro gledano tv sto bidna so sudenjeto do kaj se?

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Prijatno sum iznenaden od sposobnostite na advokatkata na Ljube, Edina Rashidovic. Taa zasega ro rastura hashkoto obvinitelstvo.

Mislam nema, no se plasham da ne ima obvinitelstvoto nekoj skiren kec vo rakavot. Neshto ili nekoj od SDSM, za "grst dolari"...

Inaku otkako gi povlekoa svedocite zoshto gledaat deka gubat na site frontovi, pochnaa da odat malku propagandno, preku mediumite, kompenziraat so toa.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom