- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА
Штафетна смена на окупаторот
Во предвечерието на Втората светска војна, во кралска Југославија се случуваа таканаречените мартовски настани. Тие денови во 1941 година се огласи КПЈ со својот историски и патриотски повик до југословенските комунисти „За одбрана на земјата“, исфрлувајќи ги паролите „Боље рат него пакт!“, „Боље гроб него роб!“ и сл. Македонските комунисти со поданичка покорност ги прифаќаа горните ставови како партиска и национална обврска и во својата историја им даваат величествено место. Која земја требаше да ја брани македонскиот роб? Југославија, нели?! За која земја Македонецот требаше ропството да го замени за гроб? За Југославија, нели?! Какво политичко и историско слепило, каква невидена хипокризија! Робот да војува за спас на својот робовладетел. Ваков преседан одвај да има и во античката историја. Нашата понова историја ќе одбележи дека на овој срамен партиски чин се спротивстави комунистот Методија Шаторов-Шарло и ПК за Македонија, врз кого вазалските комунисти се нафрлија со сета злоба и ерес. Со овој вовед навлегуваме во елаборација на штафетната смена на српската монархо-фашистичка окупација на Вардарска Македонија со бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна. Окупаторската смена дојде кога само за десетина дена ја распарчи вештачката творба на кралска Југославија и 22- годишното крваво окупаторско владеење, кое беше заменето со незапамтена тиранија на бугарскиот фашистички освојувач. Новодојдените ослободители го наметнаа страотниот терор врз македонскиот народ, како метод за национална и духовна асимилација, кој се граничеше со грозоморниот геноцид. Македонецот и на овој туѓинец му рече: НЕ! Цената и на ова спротивставување беше огромна. Слободата не се купува, таа се плаќа! За атер на вистината, мораме да се соочиме со историскиот факт дека македонските родољупци за време на бугарската окупација се кренаа со лозунгот за самостојна Македонија и македонска национална самобитност, застанувајќи на страната на антифашистичката коалиција. Но, за жал, раководството на комунистичките партии на трите дела од Македонија зазедоа сепаратистичко-опортунистички ставови, приклонувајки ги своите партиски организации кон антимакедонските ком-партии (југословенската, бугарската и грчката). Се изневери македонскиот историски стремеж за обединување и наместо антифашистичкото востание да биде целосно раководено од еден македонски центар, со сопствено воено-политичко раководство, соработувајќи со другите балкански антифашистички центри, синдромот на македонското неединство и во овој историски миг се потврди како наша трагична традиција. За да се потврди фактот дека НОБ во Македонија е инспирирана, организирана и раководена исклучително од белградскиот комунистички центар, суштествуваат безброј очигледни факти. Колку за илустрација ќе наведеме неколку цитати од актуелната историска документација. Од „Изворите на ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945“ (Институт за национална историја), том први, книга прва, документ 6, „Извештај од Драган Павловиќ-Шилјо, повереник на ЦК КПЈ до ЦК КПЈ, писмо од 28 август 1941 год., Ниш“: „...Им соопштив дека од името на Таткото (ЦК КПЈ) ги суспендирам Методија Шатров-Шарло, Перо Ивановски, Коце Стојановски и Мара Нацева“. Документ бр. 51, извештај од Добривое Радосавлевиќ до ЦК КПЈ од 4 октомври 1942 год. : „Друго важно прашање за мене е потписот на ПК КПЈ. Она Југославија пречи во однос на масите и на непријателот“. Во том први, книга втора, документ бр. 44 од 25 август 1943 год. , во писмото Светозар Вукмановиќ, делегат на ЦК КПЈ до ЦК КПМ пишува: (во врска писмото на Тито од 16 јануари 1943 год.) „...Исто така, јасно е подвлечено дека единствено во заедничка борба на македонскиот народ, со сите други народи, ќе добие своја целосна национална слобода и рамноправност. Но, ние недоволно енергично не удривме по тие „автономистички“ тенденции, кои во прилична мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија, и во кои се изразува настојувањето нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од македонскиот народ, од борбата што ја водат другите народи на Југославија“. Од овие неколку цитати може многу лесно да се заклучи за карактерот и содржината на НОБ во Македонија, спротивни на историските стремежи на македонскиот народ, во борбата за државна и национална самостојност.
(продолжува)
Prashanjata koi gi postavuva Gashev- boldiranoto-imaat odgovor vo Kumanovo-SPOMENIKOT na zaginatite piloti na kralskoto voeno vozduhoplovstvo.
Sekoja godina na 6 april organizirano se nosat uchenici od osnovnite uchilishta da polozat cveke na spomenikot na zaginatite kralski piloti.
ps.taka beshe do 2000godina-kako e od togash do sega neznam.
ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА
Меѓу самарот, јаремот и остенот
Штафетната окупаторска смена ја доживеав на неполна 16-годишна возраст, кога бугарскиот окупатор беше пречекан со еуфорија од припадниците на пробугарско-егзархиската генерација. Тие веруваа дека Бугарите ни се побраќа од Србите и дека на раните од српското ропство им најдоа мелем. Летаргијата брзо спласна и од мелемот не остана ништо. Окупаторот си е окупатор, како и што волкот си е волк. Почна крвавиот прогон против сите оние што не се чувствуваа Бугари, ниту пак сакаа под каква било присилба така да се чувствуваат. Познатите лепенки-бугараши брзо се трансформираа во србомани, а потоа и во комунари или шумкари. Судирите стануваа се поотворени и македонскиот непокор дојде до израз. Од таа пролет почнав интензивно да дружам со чичко ми Борислав Градишки, под чие влијание ја формирав сопствената политичка и македонски национално определена личност. Тој се грижеше за мојата наобразба, за која цел ми селектираше литература за читање, по што следуваа разни дискусии. Ми ги читаше неговите стихови пишувани на македонски јазик со револуционерна, патриотска и со социјална тематика. Ме запознаваше со многу негови другари, со кои често водеа политички расправи, што за мене претставуваше откритие на еден нов свет. Во тие контакти ја согледував и својата политичка определба и активност во една опасна нелегална атмосфера. Другарувањето со Борислав Градишки беше задоволство, но и крајно опасно, оти судирот со окупаторот беше перспектива на националниот отпор. И не само националниот. Запливав во матицата на илегалата, чиј крај навестуваше само маки и страданија. Следните практични чекори за мене беа вклучување во борбата за македонското ослободително дело. Присуствував на повеќето илегални состаноци на кои понекогаш земав активно учество. Ваквата активност ми овозможи целосно заокружување на македонското сознание што како вруток и инспирација извираа од јадрото на првобитната и неповторливата ТМОРО. Ненаметливо сфатив дека припаѓам на националниот актив „Бунт“. Присуствував на повеќето политички нелегални состаноци и на неколку средби на кои авторите читаа своја нелегална поезија. Тогаш го запознав и нашиот соидејник и неразделен другар на Б. Градишки, Киро Трајковски-Бавчански, поет, композитор и револуционер, кој нелегално и отпечати збирка од својата поезија, која ја разнесувавме низ Македонија. На партизанското движење и борбата против окупаторот во Македонија, гледавме со симпатии и со одушевување додека не дојдовме до сознанија дека оваа борба се инспирира и раководи од КПЈ, за реставрација на Југославија, макар и со концепт на нови општествено политички односи. Бевме против југословенското решавање на македонското прашање и против комунистичката доктрина на диктатурата на пролетеријатот. Во својот политички концепт, ние категорично бевме против големобугарската кауза на ванчомихајловистичката ВМРО за самостојна македонска држава на македонските Бугари, оти тоа беше исто што класичната бугарска окупација. Во една поширока концепција за решавање на македонското прашање, во тој историски период поприфатливи беа ставовите на концептот на Методија Шаторов-Шарло, а уште поприфатливи беа концептите на АНОК. Бугарскиот национал-шовинизам за својата големодржавничка идеологија, мораше да создаде претпоставки и тоа најдобро го проектираше преку државните политички институции. Во контекстот на една таква програма, во окупирана Македонија беше формирана таканаречената Дирекција за национална пропаганда, раководена од ванчовистичкиот терористички активист Никола Коларов. Веднаш потоа, како државна политика, во Македонија почна формирањето на големобугарски фашистички организации, како „Браник“, „Отец Паисиј“, „Сојуз на бугарските национални легионери“, „Ратници за напредок на бугарштината“ и други. Браник во Скопје беше формирана на почетокот од 1942 год. како државна младешка големобугарска фашистичка организација, со тенденција за што помасовно зачленување во истата, при што се применуваа и најразлични методи. Нормално, Македонското национално движење „Бунт“ во „Браник“ и во другите фашистички организации го гледаше својот и идеолошки непријател против кого требаше да го насочи своето дејствување. За таа цел од раководителите на“Бунт“, Трајко Попов и Борислав Градишки, ми беше поставена мошне деликатна, но и одговорна задача, да се зачленам во „Браник“ и таму деструктивно да дејствувам меѓу средношколците. Оваа задача тешко ми паѓаше. Бидејќи, да се експонирам, а на таков начин и да се компромитирам пред своите другари пријатели, значеше јавно да се спротивставам на сопственото политичко и национално его. Но, целта беше повозвишена, под сопствен ризик да дејствувам за македонската кауза. Колку што можев, знаев и умеев, дејствував во духот на македонските идеали.
(продолжува)
ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА
Под сенките на слободата
Победоносниот поход на антифашистичката коалиција во втората половина од 1944 година ги задаваше решителните удари врз фашистичката империја и во слободна Европа почна да се создава нова геополитичка карта. Во новата карта доминираа државите од типот на народни демократии, во каква што политичка панорама се најде и Титова Југославија, односно Народна Република Македонија создадена на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, како федерална единка во федеративна Југославија. Историски факт е дека македонското партизанско ослободително војување во Втората светска војна, во Вардарска Македонија се овенча со победоносна слава, создавајќи своја држава, независно од историските стремежи и од борбата за создавање на самостојна суверена македонска држава. Новата југословенска држава, заснована врз тоталитаристички принципи на марксистичкото комунистичко учење, веднаш почна со реализацијата на основниот постулат на идеологијата на диктатурата на пролетеријатот. Прво што предвидуваше да стори народната власт беше жестоката пресметка со остатоците на буржоаското општество и воспоставување нови општествени, економски и политички односи, со т.н. поопштествување на државата. Под налетот на суровите методи во реализацијата на идеолошкото сценарио се најдоа вистинските и измислените соработници на окупаторот, предавниците на националната чест, воените чорбаџии, трговците-шпекуланти и сите што и најмалку не се согласуваа со народната демократија. Во категоријата на класните непријатели, како најопасни се третираа политичките противници на режимот, првенствено оние кои решението на македонското прашање го гледаа надвор од авнојска Југославија. Полициско-политичкиот режим спроведуваше државен терор во цела Македонија, а партиската полиција ОЗН-а беше присутна на секој чекор, па дури и во сите поголеми фамилии, а масовните апсења и монтираните судски процеси беа секојдневна лакрдија. Лакрдија која невините чесните луѓе ги испраќаше на долгогодишна робија со тешка присилна работа, додека, пак, бројот на стреланите постојано се зголемуваше. Со револуционерните судски пресуди изречени од партискиот врв на најхуманото општество, преку демагошкото народно судство, со полуграмотни и неморални судии, се разграбуваше приватната сопственост на таканаречениот класен и народен непријател. Со ова искажување авторот не си зема право да ги амнестира вистинските соработници на окупаторот, но таквата соработка требаше да се констатира со факти и со докази, а за третманот на иследувањето и за височината на казните може правно и субјективно да се полемизира. Како инаку да се објаснат и да се оправдаат масовните стрелања на македонски граѓани, без извршни судски пресуди, во Велес, Куманово, Ресен...?! Пролетерите-победници мошне брзо сакаа да си го компензираат и наплатат своето учество во НОБ, одбирајќи ги најубавите куќи на осудените и на ликвидираните граѓани, па дури почнаа да им се бендисуваат и буржоаските ќерки, предлагајќи им љубов, па дури и брак. Со ослободувањето на Македонија, уште во ноември-декември 1944 година, се објави општа мобилизација и се создаде многуилјадната македонска војска. Па, бидејќи, татковината (Југославија) се уште не беше ослободена, македонскиот војник во духот на југословенската солидарност требаше да војува и да гине на Сремскиот фронт.