iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Абе брат ти не си слушнал изгледа дека уште пред 3-4 месеци пола ако не и повеќе од грчките инвестиции во нашава земја се повлечени и грците си заминаа од тука. Најголемиот дел инвестиции беше во текстилната индустрија и таа речиси пропадна откако грците се повлекоа. Но луѓето имаа среќа што Германците и Италијанците им се најдоа и сега работат за нив. Што значи дека нема веќе што да повлекуваат грците од Македонија ( освен некои ситници ), таму каде што беше најголемиот дел инвестиции веќе е повлечен одамна. Не верувам дека ќе ни се случи домино ефект во никој случај, плус тоа незнам дали си гледал денеска вести но изјавија дека Македонија излезе од рецесија.Батка се тоа убаво околу Грциве, арно ама многу грчки капитал има у нашава земја. Многу реален е домино ефект, и ние сме блиску до катастрофална економска ситуација. Повеќе ме плаши ние како ќе поминеме оваа и наредната година , отколку што ме радува несреќата на Грците.
Во продолжение со темава мислам дека ова ќе ве интересира:
Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери.
Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании, заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една позната профитабилна ИТ компанија, стекнал 30 милиони евра приход од купопродажба на акции во време кога македонската берза бележеше подеми и падови, од најскапи до најефтини акции на пазарот на капитал.
Се‘ повеќе богаташи ги пополнуваат даочните годишни пријави во март, кога „фискалците“ ги тријат рацете, зашто од овој дел на даноците се полни и буџетот.
„Нема отпор кон богатите, нема и страв кај нив поради евентуалните дилеми во јавноста - од каде им е стекнатото богатството. Со добра и стимулативна даночна политика, Владата успеа да ги охрабри бизнисмените да го пријавуваат во земјата својот профит, наместо да го изнесуваат на странски острови и преку оф шор комапнии“, вели за ДВ универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Тој меѓудругото појаснува и дека македонските претприемачи својот капитал го создадоа во време на распадот на Југославија, преку 2-3 извозно-увозни компании во триаголникот Москва-Виена-Киев. Потоа следуваше неправедната приватизација и обезвредннување на пазарните вредности на компаниите што беа во државна сопственост.
Извор: Сител ТВ