систем за мониторинг и инспекција не е исто. Има инспекција ама се дава субвенции само за сеидба на бостан на пример (а не и обработка и прибирање на родот), службите кога ќе поминат. Тоа е една од лошите страни на директно субвенционирање и без систем за следење.
Ако е ти како што велиш, ако имате проблем со цена на гориво, ѓубриво, машини...тогаш е подобро да владата да прекине со исплата во кеш, да се оди на помош во репроматеријали и основни средства затоа што резултат Македонија од овие пари не виде. Како што читам, штом се жалите, фајде од тие пари не гледате ни вие.
Инаку за тешка работа...и ѕидарот и армирачот имаат тешка работа. Некои од нив плус и без плата...
Види сега, нема определен и директен механизам как да го мереш производството. Пробувал сам дома со татко ми да го размозгам, да извадеме добар начин как да се најде баланс меѓу дирекното субвенционирајне у сооднос со произведенио производ. Сите дрва шо ги иммаме сеено пола од них са сеени у времето пред субвенции (некаде околу 500 дрва праски и сливи).. Другите 800 са сеени откоа дават субвенции (миндали и сливи). Дават ти пари за самите садници и озгоре има кеш за нафта за орање.. Тие дрва нема да раѓат убаво додека да напунат барем 4-5 години. И според законо на една парцела не смееш да пријавуваш двојни култури, иако реално убаво е да сееш нешто измеѓу (пипер, бостан, тикви, зелки, и разно разни зеленчуци), ем ке си ги вадеш сливите, ем нивата не ти е затворена за работа.. Е за тие 5 години од шо ке живееш ако си направеш сите ниви овоштарници?
Правиле сме го маабето и за нафта. Јас сам ЗА да дават 10 литра нафта од декар за обработливо земјиште, предлагал сам ја идејата и на овај локалнио директор да предложе на господата од Скопје... (10 литра са доволни 3 пати да изораш една нива, шо е миниум ако сакаш добро да ти е обрната и подготвена земјата за обработка, и за сеејне на шо и да е.) Пробах да пријавам атомизерот как основно средство, и врз основа на инвестиција да бидам даночно олеснен, у УЈП ме гледаа како урочен и ми викат абе ја плати си и не филозофирај ногу.... И шо ќе прааш, ке си платеш, иначе блокират ти трансакционата и оди сликај се. Кога и да иде човек од село по тија канцеларии, по автоматизам е граѓанин од втор ред, и сите требе да му се дерат, да го плеткат од шалтер до шалтер, и да се изживуват со него и да го праат бела мечка...
Друг те знае кој си, па обеќаш овошје, иначе не ти завршува работа, на трет обеќаш нешто друго... Ехеее... Да знаате какви мизерници има по тија канцеларииите....
Исто иам предложено да отворат општински канцеларии заедно со министерството за земјоделие у секое село и там да се процесират сите барања за субвенции. Таман секој човек ќе знаа кој шо и как пријавува, ем човеците нема да мора да се макнат у град по неколку дена за да напраат обична пријава за субвенции... Погоди од три пати дали ја е прифатил некој или па размислил за неа....
Проблемот кај нас е шо има големи играчи у земјоделието шо са квази производители.. Од земјоделец со 20-30 декара земја, шо и да пријаве колку пари ќе земе реално (тутуно се дава субвенции по килограм, лозјето е по килограм, млекото е по литар, садниците за овоштарници се по садник броени ако однесеш фактура колку си купил, и парцелите шо си ги сејал, иначе не дават...)
Пиперо е оште по декар, ама там е толку ризична играта, може денеска да имаш шанса да набереш 5-6 тона од декар, утре да заврне и да се сокапе целио (никој не го осигурува оти дождо не е елементарна непогода)...
Јас ни оддалеко не викам оти сегашнио систем за Субвенционирање е перфектен, или ништо не требе да му се смене.... и јас сам за целосен мониторинг, да се гледа кој колку произведува и како произведува... Оти и јас плаќам даноци, и сакам да знам мојте даноци у чиј џеп одат...
За пласман да не говореме. Там ситуацијата е оште потрагична.... Додека имаах време, и помалку производство сам си го продаваах на пазаро... Ама и тава не е за секој човек.. Дојдат ти градските господа, па се почнаат маабетите, бла бла бла, вие селаците такви вакви само пари сакате, нештата не ви ги бива, скапчии сте... Или продаваш, иде униформирано лице, напуне си ќесето, налево круг и си оде.. Ти ќе го гледаш
и ќе си ќутеш..... Оти вонка ти е тракторо, па може на одејне да ти се залепе и да ти опне една казна....
Сега нека го зимат од дома, колку пари сака нека е...
Друже ова постов треба со златни букви да ти биде.. за плукање и за филозофирање сите се тука.. да се стават на местото на земјоделците.. работа на +50 степени во комбајната во лето ,пошто нели не работат под клими како останатите,ѓубрење,прскање .. Па кај е ако падне град,ако има невреме целиот труд ти отиде јабана..Каде е кога ќе си го откупуваш производот па да те прават магаре пошто мораш да им продадеш на нив пошто немаш избор..Каде е кога ќе ти солат памет дека си немал убав квалитет а ти си рмбал 24/7 цела година.. па ти ставаат бедни цени за својот производ..
Порано поради вакви гнасни работи дедоми одгледувал лубеници.. кога дошло времето за продавање премногу тешко се продавале.. па бил приморан да ги продава по 1 денар по КГ .. и што ќе правите тогаш ако нема субвенции? ќе се молиш господ да ти пушти пари од небо пошто некој друг тебе те зае*ал..
За градушка маабет да не прааме.. Една година среди ми го лозјето за ракија немаше (обично берам по 10ина тона)... Лом го направи... Лани праските ми се разболеа пролетта, 12 пати ги прсках и на крајо едвај се управија.. Јас имам луда идеја да прозиведува компоти, мармалади и други нешта, ама засега неам финансии да ги инвестирам у еден ладилник и малечок погон за говејне и пакувајне. Преку таквото ми е дојдено од откупчии, трговци, бизнисмени, пазарџиии, и сите останнати преДУзимачи... Цените са бедни по принцип оти границите на македонија са затворени, Другите држави си имат увозни квоти за да си го контролират домашнио производ, а Македонија има извозни квоти за да можат лежачите, пардон државните службеници да јадат евтини работи... 2006та пуштија за бугарија приверемен извоз... Френките у струмица на кванташки у најголемио пик беа 20 денара на големо со шлепери... Да видеш как се продават френки.... У скопје немаа френка да апнад испод 40-50 денара.. Ама Оп.. другата година сменија квотите, и френките по 3 денара на кванташки на големо..... Истото е и со бостано, сливите... Имало е време коа сам продавал по 15 денара сливи на големо, од нивата да ми ги земат и оберат со работници за извоз.. Ама имало е и времиња коа сам ги продавал по 6-7 денара....
Јас не сам од поборниците за фиксни цени, само сакам да са отворени границите за извоз, да дават посаалам кредити за бизнис без да ти терат да си ставеш под залог душата....
Голема стана ваа тука... само за последно.. .Од земјоделие само грбав може да бидеш, а богат не.