Троа глупичко прашање, ама да си прашам јас за секој случај овде.
На предавања носите книги и тетратки? Или само некоја помала тетратка и тефетерче за фаќање белешки?
Баш со една моја идна колешка правевме муабет дали ќе треба да тегнеме и книги со нас.
И на кој начин ми предлагате да фаќам белешки или тоа си е индивидуално? На начин на кој полесно ќе сфатам и разберам што сум слушала на предавања, ако има некој посебен начин со цртање, со реченици, зборови кажете ми го принципот на фаќање белешки ако не ме врзи.
Фала однапред
Види, на факултет никој нема да ти каже дека мораш да носиш книга или тетратка. Моеш и без ништо да дојдеш, нема врска тоа. Само прашање е ти како се осеќаш што ти треба. Ја обично носам една тетратка - сваштарник и све си пишувам таму. А некад и коа не ме мрзи, носам и по некоја книга и коа предаваат ги следам у книгата до кај се, заокружувам, подвлекувам, допишувам... Али не мора. Предавањата иначе кај некои професори се со слајд шоу, со проџектор, кај некои се само зборење, кај некој подосадно, кај некој поинтересно, некои се водат стриктно по книга, некои абер немаат шо пишува у книгата... Зависи кај кој како. Некои професори се и фини па пред полагање на мејл ги праќаат слајд шоуата за полесно учење. У втора година, Фрицханд дава и хенд-аути за време на предавања за полесно да ја следиш и да си допишуваш таму. Ок, нема врска, не знам дали си посреден тип, сакаш се да ти е средено и под ред, или ти е гајле (како на мене), само битно да ги имаш стварите некаде, ќе си видиш дали ќе носиш посебни тетратки за сите предмети или една сваштарник као мене.
Принцип на фаќање белешки нема. Цртежи мислам дека многу не би ти послужиле зошто е претежно теоретски материјал, вербален, освен некои набројуванки или поделби да моеш сликовито да си ги прикажеш, другото би можела или со реченици, ако успееш се битно да запишеш или со кратенки. Најбоље начин (ама ова е за тие амбициозните шо не ги мрзи) е да си ги читаш лекциите однапред да знаеш од прилика шо е муабетот па на предавања коа ќе слушаш ќе знаеш што не го има во книгата па да си го запишеш. Али ова никој не го прави хаха, иако е доста корисно. И после учењето доста полесно би ти идело.
М, и не се потресувај толку, знам дека сте сеа у еуфорија пред почеток, ова она, али ќе видиш после како функционираат работите, коа ќе влезеш у штосот после ич нема да се замараш