Студентски домови

Член од
27 август 2021
Мислења
5
Поени од реакции
2
Здраво. Би сакала да ве прашам за мислење околу студентските домови во Скопје, ќе се запишувам 1ва година на Стоматолошки, па Кузман е најблизу и ако може да ми кажете како стои внатре, дали се многу лоши условите, дали има нешто реновирано и се што знаете за студентскиот дом Кузман.
Секоја информација е добредојдена.Ви благодарам однапред!!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не знам дали се смениле работите, ама до пред неколку години беше речиси невозмно да се влезе во Кузман како бруцош (само со апла јаки врски).
Инаку му вредат локацијата и кујната, собите (барем каде што имам влезено) беа мали и распад систем.
 
Член од
27 август 2021
Мислења
5
Поени од реакции
2
Не знам дали се смениле работите, ама до пред неколку години беше речиси невозмно да се влезе во Кузман како бруцош (само со апла јаки врски).
Инаку му вредат локацијата и кујната, собите (барем каде што имам влезено) беа мали и распад систем.
А дали имате информација за другите студентски како е, и за влегување во нив исто. За Пелагонија, Стив?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
А дали имате информација за другите студентски како е, и за влегување во нив исто. За Пелагонија, Стив?
Јас најдолго живеев во Пелагонија, во минатото 90% се влегуваше со врски, дали е нешто сменето може да ти кажат тие што живееле лани.
Таму имаше вц во собите, 4ца во соба, тогаш читалната беше мала ама мислам дека ја проширија (пола кат беше со теретана, ама ги избркаа пред неколку години, идејата беше да ја прошират, ама не сум бил да видам) и за време на колоквиумска/испитна тешко се жалеа дека нема место).

Има група на фб, разгледај можеби има понови инфо: Dsd Pelagonija Studentski Dom

Храна ако ме прашаш мене беше ок, т.е подобро ќе се храниш во студентски отколку во приватен стан (има барем готвено секој ден), ама голем дел од студентите се жалеа бидејќи немало избор (најчесто имаше грав/ориз, од месо најмногу колбаси, а во 10 наутро и 17ч имаше и други варијации: макарони со сирење, стек, гулаш, селско, пудинг, сутлијаш, салата...).

Во Стив мислам дека беа по 3ца во соба и имаше разлика од зграда до зграда, не сум живеел за детали.

Не знам точно каква е ситуацијата со боновите сега, мислам дека требаше да има картички, ама не сум во тек последни 4-5 години. Инаку претходно Пелагонија имаше различни бонови од останатите студентски.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
А дали имате информација за другите студентски како е, и за влегување во нив исто. За Пелагонија, Стив?
Стив е најужасниот студентски од сите што ги знам, 3та зграда се 3јца во соба и има надворешни ВЦ-иња, ВЦињата се катастрофа, 1ва и 2ра зграда имаа ВЦиња во собите и беа по 3ца до 4ца студенти, имаше океј соби ама повеќето имаа влага, јадењето во мензата е ужасно. Во Кузман собите се мали (по 2јца) и се океј во споредба со тие од Стив, ВЦиња има спратни кои исто беа посредени од Стив, во Кузман храната беше 80% од времето супер, студентите што седеа во Кузман беа далеку поцивилизирани од Стив, и локацијата е голем плус.
За во Стив не ти треба никакви врски, сите што не се распределени во другите студентски ги префрлаат во Стив, ја би рекол дека најголемиот џган од студенти што е се наоѓа во Стив, бруцошите што не успеале да фатат врски претежно таму ги ставаат.
 
Член од
21 декември 2018
Мислења
169
Поени од реакции
75
kuzman ne se losi sobite samo so treba da delis toalet so cel sprat
 
Член од
27 август 2021
Мислења
5
Поени од реакции
2
Значи скоро за секој студентски треба врски, кажено речено. Ви благодарам, се надевам дека ќе ја изберам најдобрата опција.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
Значи скоро за секој студентски треба врски, кажено речено. Ви благодарам, се надевам дека ќе ја изберам најдобрата опција.
За бруцош е многу тешко, јас прва година аплицирав за Кузман, ме ставија во Стив ( секако без врски ), втора година и трета успеав да седам во Кузман без врски.
 
Член од
26 август 2021
Мислења
28
Поени од реакции
10
Здраво, дали може некој да ми каже нешто повеќе за Гоце. Какви се условите и слично?
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
66
Поени од реакции
26
Некој примен во Гоце, да сака да се премести во Кузман?
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
13
Поени од реакции
6
Здраво, имам прашање за студентскиот дом Стив, какви се условите и дали има тоалет во секоја соба посебно, видов на официјалниот сајт за Студентски Домови за сместување во летен период, Стив Наумов нуди соби со еднокреветни и двокреветни соби со сопствен тоалет и мини кујна...
Дали може повеќе информации околу тоа ? Screenshot 2022-07-18 032415.png
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Jas koga bev, ni vo dvokrevetna (Kyzman, Goce) nikogas ne sme ni bile pomalku od 3-ca...
Najcesto i poveke...

Inaku, mene Stiv mi e na dusa :)
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Како може да сте биле три кога во Гоце се двокреветни собите? Освен ако сте носеле дечковци и девојки па сте биле по 3 ца и 4 ца.
Гоце е ОК сега кога е реновиран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom