За тоа дека во Стив сега засега условите се најдобри во право си, но лесно е да се биде најдобар во земја каде што за министерот (како што го слушнав на вести кај што дава изјава) врвно достигнување е што изградил дом каде што има бања во секоја соба! Секоја чест!
Низ „цивилизираниот“ свет (кон кој што се стремиме) по домовите имаат за секој студент посебна соба, библиотеки, компјутери поврзани на интернет, се на се работи што прават студентот
да се чувствува како студент, а не како студент кој што треба да се навикне да биде животно.
И пак ќе потенцирам - јас сепак на факултет сум појден да учам и да студирам, а како да го правам тоа кога нема каде да учам после 20 часот? Не е ефективно, а и многу под моето ниво, да се карам со „гостите“, а посебно со цимерите чии што „гости“ доаѓаат на „посета“ во 22-23 па дури и 01 часот, кога тие ќе продолжат да го прават без да кажаните зборови им значат нешто. Каков безобразлук!
Што побрзо и дојдам во можност земам парталите и надвор од тука па дури и во недостаток на образование во Македонија (што е повеќе метод за точење на живци отколу образование).