Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе машките згради во Стив се ко хотел направени. Кој не видел, нека погледне.

Ги однесоја светлосни години пред другите студентски домово, потоа 2ра машка ја наполнија колку шо можи и не можи, сега почнаја да ги негираат дефектите во НОВАТА ни зграда. А тоа шо беше снимањето за отворањето, јас видов како се прави да изгледа перфектно. Ги зедоја 3-4 соби на први, ги исчистија чистачките (за да се оправдаат дека нешто работат, освен на сабајле во 6 и пол кога ти в ходник и ти маваат со метлата во врата), наместија ПОСТЕЛИ од студентскиот дом. На најуреденото во државава пак му праеја намештаљка, да изгледа како Хилтон демек.
 
За тоа дека во Стив сега засега условите се најдобри во право си, но лесно е да се биде најдобар во земја каде што за министерот (како што го слушнав на вести кај што дава изјава) врвно достигнување е што изградил дом каде што има бања во секоја соба! Секоја чест!

Низ „цивилизираниот“ свет (кон кој што се стремиме) по домовите имаат за секој студент посебна соба, библиотеки, компјутери поврзани на интернет, се на се работи што прават студентот да се чувствува како студент, а не како студент кој што треба да се навикне да биде животно.

И пак ќе потенцирам - јас сепак на факултет сум појден да учам и да студирам, а како да го правам тоа кога нема каде да учам после 20 часот? Не е ефективно, а и многу под моето ниво, да се карам со „гостите“, а посебно со цимерите чии што „гости“ доаѓаат на „посета“ во 22-23 па дури и 01 часот, кога тие ќе продолжат да го прават без да кажаните зборови им значат нешто. Каков безобразлук!

Што побрзо и дојдам во можност земам парталите и надвор од тука па дури и во недостаток на образование во Македонија (што е повеќе метод за точење на живци отколу образование).
 
И пак ќе потенцирам - јас сепак на факултет сум појден да учам и да студирам, а како да го правам тоа кога нема каде да учам после 20 часот? Не е ефективно, а и многу под моето ниво, да се карам со „гостите“, а посебно со цимерите чии што „гости“ доаѓаат на „посета“ во 22-23 па дури и 01 часот, кога тие ќе продолжат да го прават без да кажаните зборови им значат нешто. Каков безобразлук!

Тоа и јас го пишав во постот погоре. Викаат кој му се учи, ќе се снајде :icon_roll:icon_roll. Очигледно таквите не биле во Стив, кај шо ем што нема читална, а пак за луѓето што се таму да не зборувам...... не сите, ама повеќето се дојдени за да си поминат убаво, баш ги боли дали ти имаш за учење, а пак коа ќе им кажеш, ко на ѕидот да зборуваш. И ај ти после имај желба за учење и положувај испити! Е не бива ..... само живците си ги истенчив за овие 4 месеци! Такви луѓе без осет во животот немав видено, али тоа е ..... Се надевам дека од 1ви ќе биде бај, бај Стив4о, оти таму више не се издржува :toe:

За генерацииве шо идат, нека не ве лаже некој дека мн убаво ќе си поминете во било кој студентски, освен ако не се наместите во соба со некои шо ги знаете и шо ќе можат да ве разберат. Во друг случај, ако чекате да ви наместат цимери, ќе биде ох мори мајче! Или најдете си некој со кој ќе може да живеете, или не размислувајте за студентски воопшто! Посебно во Стив, кај шо читалната ќе ја отворат коа врбата ќе роди грозје ......
 
Глупости, тоа си е до тебе дали можеш да живееш со нови луѓе или не. Сум живеел и со некој нов и со другар. Тој другиот многу убаво ме разбираше мене, а и јас него.
Другари мои по студентскиве и ден денешен се дружат со ланските цимери. Познавам еден куп други кои премногу се зближија со цимери а и со комшии/вки.

Значи се си е до човекот како сака да се оснесува со другиот.
 
Секој може да живее со нов, али коа веќе не можеш да се разбереш, е тогаш идат проблемите ..... Мене не ми е проблем да живеам со било кој, се додека има компромис. Е ако нема, и баш им е гајле шо и како ти е тебе, тука веќе губиш желба да живееш уште еднаш со некој што ќе ти го ропнат. Може само јас имав лоша среќа, не мора тоа ништо да значи, али во повеќето случаеви е така :smir:
 
Девојче тие со кои не можеш да се разбереш се малку. Не викам дека нема сељаци, идиоти, проблематични. Не му посакувам на никој да му се падне некој таков или таква.

Но можат да ти се случат многу убави работи со некој нов ако ти се погоди.
 
Дечко, јас веќе кажав дека сум имала лоша среќа шо ми се падна таква цимерка. И не викам дека сите се такви по домовите. Има и ок деца со кои можеш стварно да се спријателиш. Е сега зависи како ќе ти се погоди. Мене бидејќи не ми се погоди, затоа реков тие што планираат да одат во дом, нека си бараат цимери што ги познаваат, за да не им се погоди ко мене и да им биде полесно.
 
Голем дел од студентите кои сакаат да седат во студентски ќе треба да се социјализираат и да се научат на култура. После се ќе е лесно.
 
Дечко, јас веќе кажав дека сум имала лоша среќа шо ми се падна таква цимерка. И не викам дека сите се такви по домовите. Има и ок деца со кои можеш стварно да се спријателиш. Е сега зависи како ќе ти се погоди. Мене бидејќи не ми се погоди, затоа реков тие што планираат да одат во дом, нека си бараат цимери што ги познаваат, за да не им се погоди ко мене и да им биде полесно.
Маја, немој така со цимерките. :)
Моето искуство покажало дека е подобро да живееш со цимери кои не ги познаваш, а да се упознавате со тек на времето. Нормално дека не може секогаш да ти се погоди некој/а кој/а ќе можеш да ја контролираш, и да те слуша само тебе. :) Заедничко пријателство се гради многу лесно, само треба малку да попушташ, исто како што бараме да попушти и другата страна во одредени ситуации.

:icon_lol: Имав двајца цимери во студентски дом пред некоја година (во Стив седев), си заминаа во пакет на третиот ден. Само треба да знаеш како со нив. :vozbud::vozbud:
 
Nasava drzava e sramotilaci zivi, greota za decata sto studiraat vo takvi uslovi.
 
Ја споив темата за лошите услови во студентските домови со старата тема за студентски домови. Нема потреба за 2 посебни теми. Продолжете тука со дискусијата.
 
Nasava drzava e sramotilaci zivi, greota za decata sto studiraat vo takvi uslovi.

Види сега условите се лоши во Медицинар и во Гоце.
Пелагонија е убав, Стив го реновираа, значи многу убав, а Кузман е просечен.

И Гоце и Медицинар не може да се реновираат. Медицинар се бараки, единствено може да се изгради нов, а за Гоце побрзо и поисплатливо е да се изгради нов отколку да се реновира. А има и некои работи што не знам како би се средиле.
А за тоа ќе се почека.
 
Еве сликчиња од кај Гоцета.

74902_103611566374614_100001773130430_23368_1421916_n.jpg

76145_103611629707941_100001773130430_23369_5655845_n.jpg

76333_104447959624308_100001773130430_30672_510935_n.jpg

149539_104448059624298_100001773130430_30674_4424353_n.jpg

photo.php

168252_123471114388659_100001773130430_146661_7602569_n.jpg

163720_123471151055322_100001773130430_146662_5766773_n.jpg

167918_123471191055318_100001773130430_146663_7598497_n.jpg

Коментар не е потребен, нели?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom