ме нема во конечната листа,можам ли да сторам нешто сеа?
Зависи во кој студентски си аплицирал. Како и да е во Стив, медицинар и сл. можеш да се вселиш без многу труд. За другите ќе се помачиш малку.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 23:10 ---
Да, се надевам дека ќе ми го прифатат приговорот.
Немам лична карта, имам само потврда дека е изгубена, а ќе треба да чекам уште две недели за да ми извадат нова.
Мислите да ми прават проблем при вселување ако им ја однесам потврдата и пасош наместо лична карта?
Нема да имаш никаков проблем, само во полињата кај што се бара лична карта напиши пасош, и направи копија од пасошот. Една другарка пред некој ден така се всели во Кузман, не и правеа проблеми.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 23:16 ---
Што треба да направам за да ја сменам собата во кузман, т.е. да седам со "одбран" цимер? Дали треба да одам до управник и да пишам молби или пак ако се договориме меѓусебе нема потреба од тоа?
Друже малце си закаснил, тоа требало уште пред први да го кажеш, или евентуално на трети најдоцна требало да се јавиш на одговорните во Кузман, да не ги набројувам кои се. Таа процедура многу тешко оди во Кузман, не е како другите домови.
Сега не ти преостанува ништо друго освен да чекаш и понеделник (последниот ден) и после со другарчето што сакаш да седиш и со твојот и неговиот цимер да направите меѓусебен договор, нормално ако се согласат и другите страни и така да се смените, инаку прислино никој не може веќе да те избрка од соба кај што си се вселил. И нормално кога ќе падне договорот да појдете кај управникот т.е. сега управничка и да ве смени регуларно.