нешто што ме чуди во овој па и другите вакви случаи се фантомите-излегува дека таа Минанова сама ги следела, своеволно нарачала и наредила апсење, уапсила, мачела и ги убила 5те студенти.
Зошто нема имиња и кривична одговорност на агенти, иследници, нарачатели и извршители. Сега сме независна Македонија, од 1998-2002 и од 2006-2016, тоа се 14 години како не владеат комуњарите.
И зошто во 2015, сеуште улицава носи име Мара Минанова.
http://strumicanet.com/index.php/strumica/item/1204-spojot-na-ulicite-mara-minanova-i-anton-panov-dobi-nov-asfalt
Ај јас да се обидам да одговорам на некои твои прашања:
Мара Минанова е инспиратор... тогаш немало класично следење во денешна смисла, доволно е некој да каже и се извршува. Други времиња... Генерално, така е како што пишува во линкот кој си го ставил тука. Приказната е таа...
Според кажувања директен извршител бил извесен Арсо... кој бил, што бил, сеуште не сум дознал.
Исто така, после тој настан дошло до судир помеѓу ЈНА и УДБА на локално ниво, бидејќи народот сметал дека ЈНА го извршила убиството, па овие малце пробале да ја зауздаат УДБА.
Овде не е спомнато, еве јас ќе кажам:
Првата панихида (помен) за петте студенти е одржана на 13 август 1990 година, и ја организираше Лигата за демократија на проф. Ѓорги Марјановиќ.
За кривична одговорност, во 1998 веќе сите кои би понеле одговорност беа мртви. Нема кој да се гони. Пред 1998, а, искрено, и по неа, не постоеја услови за такво нешто.
Околу улицата: За тоа е надлежна локалната власт која од 1996 до 2005 беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, и од 2005 до денес е во рацете на СДСМ, и името на ниедна улица не е променето, иако постоеле иницијативи за именување улици по петте студенти, или генерално Пет струмички студенти, но никогаш истите не стигнале во процедура на Советот.