Значи до сите на темава,форумов и пошироко, кој што дома ги замениле металните цевки со пластични,под итно да пуштите од бојлерот до канализациона цевка една жица,со пластичните цевки го губите заземјувањето затоа и доаѓа до многу смртни случаеви настанати како последица од струен удар,телото во када го прави заземјувањето помеѓу пробиениот грејач и кадата тоес канализационите цевки. Пред малку бев во комшии му менував на тој малоумниот индикатор кој му се палел 10 пати од како ставил пластични цевки, добро што не го утепала струја.
Еден професор (на електро факултет сум) ни кажа дека ова закопувањево во земја е најголемата можна глупост што постои
Не да е глупост веќе поголема нема, прво струјата штом го онесвестила таа веќе поминала низ телото, значи нема заостаната струја па со закопување да дојде до губење на струјата во самата земја, а и она сува земја, кога би имало некоја логика земјата би требало да биде мокра или кал за да има спроводливост вака е само изолатор.
Туку тој си се прибрал и освестил додека лежел.
Уствари секој има слушнато ваква приказна која што се случила во близина на некој пријател комшија роднина, нешто како приказните за духовите и вампирите тој и тој таму и таму видел дух.
Прво и основно, НЕ ИГРАЈТЕ СИ СО СТРУЈАТА!!!
Наизменична струја која е еднаква или поголема од 50 ma може да го доведе срцето во состојба наречена вентрикуларна фибрилација. Ова е состојба во која срцето не чука рамномерно и потполно и притоа крвта не циркулира низ телото и мозокот. Ако веднаш не се пристапи кон помош на жртвата на струјниот удар, смрта настапува за неколку минути. Кај многу силен струен удар може да настане до целосен прекин на работата на срцето како и прекин на дишењето.
Еднонасочната струја е малку побезбедна во тој аспект, зошто треба многу поголема струја да протече за да настане вентрикуларна фибрилација.
Исто секој струен удар носи и други можности за повреда, изгореници, скршеници од пад доколку жртвата е на високо, на бандера, на скала и сл.
Високо фреквентните струи кои ги создаваат Теслините трансформатори, се исто опасни, но сепак не до толку, зошто има нешто што се вика површински ефект (skin effect). Но сепак не треба да се допираат лаковите од Теслините трансформатори, иако многу луѓе го прават тоа. Ова е особено не треба да се прави кај големи трансформатори кои можат да дадат смртносна струја дури и на секундарот.
Flyback драјверите со NE555 кои се напојуваат со 12 - 15 волти обично се безбедни, не сепак не допирајте на излезот.
Маzzili (ZVS) драјверот не е безбеден оти може да даде голема струја на секундарот.
Во секој случај почетници не треба веднаш да почнуваат се високо напонски проекти.
Како да се помогне на некој што е жртва од струен удар?
Најпрво, исклучете ја струјата, ако не можете да ја исклучите, отгрнете ја жртвата од изворот на струјниот удар, со некој предмет кој е изолатор на пр. суво дрво-штица, пластика и сл.
Не допирајте ја жртвата со голи раце додека струјата е вклучена или жртвата е сеуште во контакт со изворот на струјниот удар оти и вие може да настрадате.
После ова проверете дали има пулс и дишење ако има, и жртвата е во свесна состојба, најверојатно се е во ред.
Ако нема пулс и/или дишење и жртвата не е во свесна состојба, веднаш треба да се викне брза помош.
Ако знаете како се работи тоа, започнете со масажа на срцето и вештачко дишење.
Ако струјниот удар настанал како резултат на гром, важат истите правила за помош, со тоа што безбедно е да се допре жртвата веднаш, односно не постои ризик на струен удар за оној кој ја пружа помошта.
Неколку основни правила за заштита од струен удар
Рацете секогаш нека ви бидат суви.
Никогаш не работете кога струјата е вклучена. Ова особено важи за 230 волти.
Кога мора да работите “под напон“, користете квалитетен, изолиран алат предвиден за таква работа. Исто со едната рака држете го алатот, додека другата ставете ја во џеб или зад грб. Со ваквиот начин на работа ќе избегнете ситуација на струен удар во кој струјата ќе протече од едната рака во другата и низ градите и срцето. Со ова и да доживеете струен удар нема да добиете вентрикуларна фибрилација. Исто носете суви и добро изолирани чевли со гумен ѓон.
Бидете особено внимателни кај проекти и уреди кои не користат трансформатор. Правење на вакви проекти и поправка на вакви апарати не препорачувам за почетници.
Внимавајте при работа со акумулатори, овде нема можност за струен удар, ама има можност за изгореници и пожар, оти при краток спој акумулаторите даваат огромна струја која брзо може да ги загрее проводниците до точка на топење.
Не допирајте намотки, антена и сл. од предавател или високо фреквентно појачало кога тоа работи, особено ако моќноста е над 10 - 15 вати, зошто може да се здобиете со изгореници.
Ова е во кратки црти, и најважното правило од сите е бидете внимателни.
На бандера до сега не сум чул некого да го утепала струја, единствено ако истовремено со двете раце не допре две или повеќе жици дури и тогаш треба да има склоп на околности за да дојде до удар, смртните случаеви предизвикани додека е некој на бандера обично се предизвикани од пењалиците,тоест пролизгување на истите , при ударот на земја се распрачуваат пршлени на рбетниот столб.