го изгледав клипот и мислам дека стварно е ефектна кампањата. иначе колку што сфатив е британска (воланите сите беа на десна страна, или мене барем така ми изгледаа), а британија е полна со пијани возачи, па веројатно морале нешто вакво да направат за да допрат до луѓето. иако никаде тоа многу не се разликува. да не повторувам за македонската кампања, само ќе кажам дека мислам и таа дека е добра, само треба поинтензивна да биде, вака на билборди и 2-3 реклами на тв во денот оставена не ја регистрираат многу-многу. иначе живеам на доста прометна улица и пред да стават семафори (а и откако ги ставија) бев сведок на еден куп несреќи речиси идентични како во видеото. еднаш се случи еден постар човек да поминува на пешачки, од улицата што се сече со мојата десно си сврти еден "фраер" од тогаш актуелната власт и го удри дедото. човекот летна преку две коли (замислете со која брзина одеше фраерот со џипот), од кои едната уште еднаш го мавна (ни крив ни должен тој возач, му долета човеков на хауба), а другата му помина преку глава. фраерот не избега, ама кога дојде полиција му се изнавика на полицаецот со следниве зборови "шо мислиш ти бе, мене ли ќе ме апсиш, ја сум тој-и-тој, може за пола саат да напраам да те отпуштат". полицаецот ризикуваше и го уапси, за исходот од моќта на фраерот никогаш не дознавме, а исходот на несреќата за пешакот мислам дека е јасен. втор пример, кој за среќа не заврши фатално, со мајка ми поминувавме улица према фонтана, илинденска како и обично блокирана беше и еден од тие гастрбајтерите со бмв реши да се направи паметен и одеднаш од илинденска полета на наум наумовски и одвај закочи на пола метар од мајка ми, притоа смеејќи се како недоквакан. од тие гастрбајтери и ми се крева коса на глава и како на трња се возам секое одење накај охрид (особено делот после стража кога почнува рамница, патот е со две ленти, ама полна линија, а сите претицаат како луди). трет пример-дечко си стои на пешачки на семафорите кај unique парфимеријата, некој решил дека му се брза и со ретровизор го собра дечкото. сите внатрешни органи станаа надворешни.
има милион вакви случки (сигурна сум дека сите што живеат на малце попрометна улица биле сведоци на барем една). иако не е секогаш вината на возачот, луѓето возат како луди. треба отварање не 4, 40 очи кога возиш, не само да пазиш ти како возиш, него и да се пазиш од другите, зашто никогаш не знаеш кога може да ти пресече пат некој што му се брза или решил да положи за да не фаќа такси кога е пијан