- Член од
- 11 ноември 2009
- Мислења
- 2.809
- Поени од реакции
- 2.631
СЕ КРИЕ КОМПАНИЈАТА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА А2!
Молк во А2 телевизија откако “Капитал“ објави дека странска компанија е заинтересирана за влез таму. Управителот Тони Николовски во кус разговор за нашиот весник само изјави дека не сака да ги коментира информациите.
“Немам коментар во оваа фаза. Не би сакал да зборувам“, вели тој.
Првичните шпекулации дека се работи за фирма која е регистрирана во странство, а е блиска на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, експресно ги демантираа од партијата, со коментар дека се работи за груби невистини. Другите информации пак, говорат дека во прашање е компанија во сопственост на Фијат Цановски (се шпекулираше дури и името на Велија Рамковски). Од луѓе блиски на Рамковски не добивме коментар, но Цановски остро ги демантираше информациите. “Господинот Фијат Цановски неколку пати изјавуваше, а и сега јасно кажува дека нема намера да влегува во медиумскиот бизнис. Демантира дека е сопственик на странска компанија која би влегла во овој бизнис, ниту знае за која компанија се работи, ниту пак, има каква било поврзаност со неа“, изјави за “Капитал“, Катерина Цаневска Арсовска, портпарол на ФИНЕ. Информациите на “Капитал“ говорат дека, наводно, преговорите за преземање на телевизијата се стигнати дотаму што договорот веќе бил преведен на нотар, но идентитетот на заинтересираните странци се држи во најголема тајност...
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72772/se_krie_kompanijata_zainteresirana_za_a2!.aspx