Странец ќе ја купи А2?

Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
СЕ КРИЕ КОМПАНИЈАТА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА А2!




Молк во А2 телевизија откако “Капитал“ објави дека странска компанија е заинтересирана за влез таму. Управителот Тони Николовски во кус разговор за нашиот весник само изјави дека не сака да ги коментира информациите.
“Немам коментар во оваа фаза. Не би сакал да зборувам“, вели тој.
Првичните шпекулации дека се работи за фирма која е регистрирана во странство, а е блиска на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, експресно ги демантираа од партијата, со коментар дека се работи за груби невистини. Другите информации пак, говорат дека во прашање е компанија во сопственост на Фијат Цановски (се шпекулираше дури и името на Велија Рамковски). Од луѓе блиски на Рамковски не добивме коментар, но Цановски остро ги демантираше информациите. “Господинот Фијат Цановски неколку пати изјавуваше, а и сега јасно кажува дека нема намера да влегува во медиумскиот бизнис. Демантира дека е сопственик на странска компанија која би влегла во овој бизнис, ниту знае за која компанија се работи, ниту пак, има каква било поврзаност со неа“, изјави за “Капитал“, Катерина Цаневска Арсовска, портпарол на ФИНЕ. Информациите на “Капитал“ говорат дека, наводно, преговорите за преземање на телевизијата се стигнати дотаму што договорот веќе бил преведен на нотар, но идентитетот на заинтересираните странци се држи во најголема тајност...

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72772/se_krie_kompanijata_zainteresirana_za_a2!.aspx
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.468
Поени од реакции
87.264
Еве сега слушам на Канал 5 дека компанијата е од Кипар. Па мислам дека треба поарно да се затвори, отколку да ја купат Грците. Мое мислење
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Еве сега слушам на Канал 5 дека компанијата е од Кипар. Па мислам дека треба поарно да се затвори, отколку да ја купат Грците. Мое мислење
Не мора да значи дека е грчка компанија ако е регистрирана во Кипар, туку најверојатно се работи за офшор компанија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Мене не ми е битен кој ќе ја купи битно нека пушти повеќе забавна програма ,филмови,серии (прајм тајм а не грчки турски индиски и такви гупости) музика,емисии и др само политика нека не дава и вести нека не дава
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
УЈП денеска влезе во А2


Сметката на А2 телевизија експресно е одмрзната, откако вчера телевизијата ги платила сите побарување кон Управата за јавни приходи, дознава Плусинфо. Информацијата ни ја потврди управителот на телевизијата, Тони Николовски и потенцираше дека симптоматично е тоа што еден ден откако беа подмирени сите побарувања, повторно во телевизијата пристигна инспекција од УЈП. Неофицијалната сума од 80.000 евра вчера била платена, па стопирана е претстечајната постапка која беше покрената против телевизијата.

- А2 телевизија ги подмири сите долгови кон УЈП, па сметката денеска е активна. Интересно е тоа што веднаш откако сметката повторно профункционира, денеска дојдоа инспектори од УЈП – изјави управителот на А2, Тони Николовски.

Тој во врска со неколкуте можни купувачи на телевизијата кои се споменуваат деновиве, кратко изјави „Немам коментар околу тоа прашање“.

Последните информации за тоа кој ќе биде новиот сопственик на А2 телевизија, а кои почнаа да се шират вчера се дека имало заинтересирани инвеститори од Кипар, Америка, Турција, па и од Австрија. Засега нема официјална потврда за евентуалниот нов сопственик на единствениот преостанат медиум од јатото на Велија Рамковски.

http://sky.mk/makedonija/2369-УЈП-повторно-во-А2.html

UPDATE:Сафет Бишевац во Парламентот рекол дека А2 ќе емитувала само информативна програма
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Се само шпекулации за А2. Останувал пиљарот газда, ќе ја земел Минчо, ја имал веќе земено Фијат, ќе ја земел грк, ќе ја земел Турчин, ќе ја земел анонимен странце, ќе имало забавна програма, ќе имало информативна програма...
Што е вистината?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Се само шпекулации за А2. Останувал пиљарот газда, ќе ја земел Минчо, ја имал веќе земено Фијат, ќе ја земел грк, ќе ја земел Турчин, ќе ја земел анонимен странце, ќе имало забавна програма, ќе имало информативна програма...
Што е вистината?
Минчо не е сигурно, останатите се сите едно исто. Во моментов сопственик е братучед на Фиат, ама страв им е од ново апсење на сопственикот, па затоа сакаат да ја продадат на “странецот“ од Кипар, кој прашање дали постои и би бил недостапен за македонските органи.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Спасот на А2 се вика Томор Цаноски


Спасот на А2 телевизија се вика Томор Цаноски, сопственик на десетина угостителски објекти низ Македонија и брат на опозицискиот пратеник и бизнисмен Фијат Цаноски. Тој вчера го платил долгот за А2 телевизија, открива порталот на дневниот весник Капитал.

Парите се дадени на телевизијата, на име на управителот Тони Николовски, сопруг на пратеничката и поранешна новинарка на А1 телевизија Ленче Николовска, во форма на краткорочна позајмица, за што има склучено и договор на нотар со рок за враќање од една година. Фијат Цановски, посочувајќи го брат му како човекот кој позајмил пари за да се плати долгот демантира дека тој има намера да ја купи телевизијата, а исто така демантира каква било поврзаност со странската компанија за која се верува дека е заинтересирана, или евентуална поврзаност на таа компанија за Космос, за која тој вели дека е лична негова инвестиција.

Дека сметката на А2 телевизија е експресно одмрзната потврди и управителот на телевизијата, Тони Николовски, според кој сите долгови кон УЈП се подмирени и сметката повторно функционира. Но не сакаше да ни ја открие информацијата кој го платил долгот.

Денеска речиси сите новински агенции и портали известија дека сепак зад купопродажбата на А2 телевизија стојат семејствата Рамковски и Цаноски.

Во меѓувреме во Советот за радиодифиузија велат дека проблем е што на А2 и истекува и рокот за плаќање на дозволата за зрачење. Ако не се плати, на телевизијата ќе може да и биде одземена лиценцата.

Во меѓувреме А2 телевизија ја платила и сумата за дозволата за зрачење. Претходно од Советот за радиодифузија информираа дека без ова ќе постоеше можност да биде одземена лиценцата на телевизијата.

http://kapital.mk/mk/makedonija/72857/brat_mu_na_fijat_canovski_go_platil_dolgot!.aspx
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Ајде више нека ја купи некој телевизијава ,нека даде нешто интересно ,еве го се ближи Септември нека убрзаат
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
И да се надеваме дека ќе почнат да даваат серии од типот на House MD, How I met your mother, The Big Bang Theory, Dexter..
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Да даваат сеа интересни серии. Сакам новите сезони на Очајни Домаќинки, HOUSE MD, How i met your mother и etc. компанија хумористични серии. А може и Сунѓерот Боб :D.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom