Стипендии во БАС

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Го направив тој тестот денес МОКУ...ама не ни објаснуваат многу ни дадоа направивме и мало објаснување добивме таман колку да ни ги објаснат тестовите какви се.Интересна работа, кога резултати стигаат и како? Денес околу 13,00 бев таму и го направив тестот
Епа, друже, лепо пише секој петок у 12. :)

Нема везе, резултати ќе си добиеш по мејл, пошто денес имало поприлично голема група (ја бев денес у БТ). Секако, пошто те утнав, баш би ми било кејф да поминеш понеделни-вторник на устен фидбек, ако четирите писмени осврти не ти одговараат на сите прашања.
 
С

сашенко

Гостин

Понеделник ке бидам таму ке се пишам на тоа натпреварот...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Неверојатно.Значи во државава може се и сешто да никне, па дури и басови и контра басови..................Како што многумина студираа на вакви универзитети и сега не ги примаат на работа, не им го признаваат факултетот што го завршиле на еден од приватниве универзитети.Страшно, кон што се движи државава.Дали е воопшто акредитиран универзитетов или што и да е? Или пак е акредитиран се додека студираш, а после откако ќе завршиш чао-пријатно акредитацијо.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1

Изгледа не си добро информиран...имаш начин се да дознаеш http://www.mon.gov.mk/component/content/article/597 Бидејќи сум заинтересирана за стипендиите јас се расрпашав и во МОН. Оттаму дознав дека БАС е акредитирана висока стручна школа уште од 2007 година. Деновиве успеав да стапам во контакт и со некои студенти од таму, сликава што ти ја имаш за приватното е сосема поразлична.

Во понеделник одам и да се пријавам за натпреварот...размислив дека да заработам или заштедам 5700Евра на овие години е невозможно, па ова би ми било супер начин за инвестирање во моето образование. Се надевам дека ќе успеам :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ајде, се најубаво само јас верувам кога ќе видам, а тоа ќе видиш откако ќе завршиш нормално.Зошто во државава, за се општо говорам, се пишува секогаш убаво во весниците и на интернет, ама кога се работи за на дело, маската паѓа во вода, за жал.
Еве ти едно мое искуство, додуша не е поврзано со образованиево ама те како има вмешаност со владините органи.Јас полагав за лиценца, кај еден од овие што го уапсија и му ја затворија комората за обезбедување.Му го заборавив името, прости на тоа, и отидов таму, и кога полагав таму значи заедно со него во неговата комора беа инструктори од Алфите, и од МВР луѓе имаше во комисија.И после кога го уапсија него и неговите, ми отидоа 25 000 денари во вода.Таа хартија што ја имам дома сега (лиценцата) можам само да ја искористам за бришење газ.И од тогаш поука.....Сега ти види.
А тоа значи, државава е мафијашка, вака подобро оди си на факултет кој постои со години и години, барем нема да ти се случат глупости од овој вид.
А шизик на ризик не сум, и тие пари што ќе ги дадам да ми пропаднат во вода после за ништо.Вака кога немаш, ќе си одиш на државен што е сигурно е сигурно. Можеби ќе те цепат професорите, ќе те подрнкаат малку со нивните глупости, ама ако сакаш ќе издржиш и ќе си земеш диплома што ти е сигурна.
Јас гледам по мои пријатели што им се случи на ваквиве универзитети, сега аплицираше еден за работа во Влада, не му го признаа факултетот (приватен) што го има.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1
Малку забегавме со темата...стипендии на БАС.

Независно дали студираш на приватен или на државен, независно дали си стипендист или не, знаењето што САМ ќе го стекнеш, со помош на институциите кои го нудат тоа, е ПОВАЖНО и ПОПОТРЕБНО отколку ливчето диплома што ќе го добиеме.

Ќе се уверам во тоа што планирам да го сторам, па ќе го пренесам моето искуство...нормално ако станам дел од БАС :)

Секој неуспех треба да не води кон нов успех, а не да дигаме раце од се...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Многу јасно, ти ако го имаш знаењето ќе се пробиеш било каде за тоа тука нема што да говориме.Но фактот е дека уште работата се сведува на дипломи и ливчиња, а додека се сведува така работата така и треба да се игра.Верувај јас сум најголем противник на оценувањава и на ливчињава, ама таков ни е системот и мораш да се прилагодиш што значи мораш дипломата мораш на полето на важноста да ја ставиш на исто рамниште со знаењето.
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Неверојатно.Значи во државава може се и сешто да никне, па дури и басови и контра басови..................Како што многумина студираа на вакви универзитети и сега не ги примаат на работа, не им го признаваат факултетот што го завршиле на еден од приватниве универзитети.Страшно, кон што се движи државава.Дали е воопшто акредитиран универзитетов или што и да е? Или пак е акредитиран се додека студираш, а после откако ќе завршиш чао-пријатно акредитацијо.
Пер, мислам дека во претходната страна ти го пишува тоа решение, акдредитација со број ово оно

Ајде, се најубаво само јас верувам кога ќе видам, а тоа ќе видиш откако ќе завршиш нормално.Зошто во државава, за се општо говорам, се пишува секогаш убаво во весниците и на интернет, ама кога се работи за на дело, маската паѓа во вода, за жал.
Еве ти едно мое искуство, додуша не е поврзано со образованиево ама те како има вмешаност со владините органи.Јас полагав за лиценца, кај еден од овие што го уапсија и му ја затворија комората за обезбедување.Му го заборавив името, прости на тоа, и отидов таму, и кога полагав таму значи заедно со него во неговата комора беа инструктори од Алфите, и од МВР луѓе имаше во комисија.И после кога го уапсија него и неговите, ми отидоа 25 000 денари во вода.Таа хартија што ја имам дома сега (лиценцата) можам само да ја искористам за бришење газ.И од тогаш поука.....Сега ти види.
А тоа значи, државава е мафијашка, вака подобро оди си на факултет кој постои со години и години, барем нема да ти се случат глупости од овој вид.
А шизик на ризик не сум, и тие пари што ќе ги дадам да ми пропаднат во вода после за ништо.Вака кога немаш, ќе си одиш на државен што е сигурно е сигурно. Можеби ќе те цепат професорите, ќе те подрнкаат малку со нивните глупости, ама ако сакаш ќе издржиш и ќе си земеш диплома што ти е сигурна.
Јас гледам по мои пријатели што им се случи на ваквиве универзитети, сега аплицираше еден за работа во Влада, не му го признаа факултетот (приватен) што го има.
Сега, државава ако не ја бива, истиот ризик го преземаш кога ќе се запишеш на државен. На ист принцип ти е тоа со приватните. И тие добиваат акредитации и нив можат да ги затворат. Само шо нели кај нас поинаку тоа функционира.

Многу јасно, ти ако го имаш знаењето ќе се пробиеш било каде за тоа тука нема што да говориме.Но фактот е дека уште работата се сведува на дипломи и ливчиња, а додека се сведува така работата така и треба да се игра.Верувај јас сум најголем противник на оценувањава и на ливчињава, ама таков ни е системот и мораш да се прилагодиш што значи мораш дипломата мораш на полето на важноста да ја ставиш на исто рамниште со знаењето.
Како ќе докажеш дека нешто знаеш освен ако не те видат дека знаеш или имаш диплома (шо уствари не те прави да знаеш али имаш некој што гарантира за тоа - високообразовната институција).
Искуството си го прави своето. Која работа и да ја фатеш првата година ќе го кркаш брутот, па после тоа би требало да се пробиеш како квалитетен кадар. Во нашето општество една година работно искуство не е мала работа со оглед на целата ситуација, па после искуството ќе те пробива во животот.

Ди енд.

И темата скрос ја забегавме.

Се надевам дека се собраа доста дечки во петокот за тоа МОКУ тестот, имаше ептен заинтересираност кај овие што им реков да одат. Кажуваа дека имаше прилично гужва и одлично прошле.
 
B

Borg_Drone

Гостин
1.Колку време постои Кирил и Методиј како универзитет а колку постои БАС универзитетов?
2.Со знаење.;-)Ти може да се случи да имаш пример цел живот 6-ки на факултет (еве ќе ја земам за пример таа оценка) а некој друг да има 10-ки и пак ти да знаеш повеќе од него.Во повеќето случаи ова важи, има и случаи пример каде што не важи тоа да....Друго, луѓето треба да ценат знаење а не ливчиња за бришење газ.Јас знам пример еден куп луѓе кои имаат завршено за зубари у Швицарска, а работат како програмери, луѓе кои се автодидакти (самоуки) луѓе......
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
1.Колку време постои Кирил и Методиј како универзитет а колку постои БАС универзитетов?
2.Со знаење.;-)Ти може да се случи да имаш пример цел живот 6-ки на факултет (еве ќе ја земам за пример таа оценка) а некој друг да има 10-ки и пак ти да знаеш повеќе од него.Во повеќето случаи ова важи, има и случаи пример каде што не важи тоа да....Друго, луѓето треба да ценат знаење а не ливчиња за бришење газ.Јас знам пример еден куп луѓе кои имаат завршено за зубари у Швицарска, а работат како програмери, луѓе кои се автодидакти (самоуки) луѓе......
Сега, со овие факултетите во секое село, ќе има дипломирани со лопата да ринеш, па тие со средно нема да можат чистачи на улица да бидат.

Иначе, кое мерило е староста на факултетот со тоа колку вреди жити Бога?
 
Не зборувам тука за вредност, зборувам за акредитација, за признавање а Кирил и Методиј фала богу постои повеќе од 40 години (ако не се лажам). Што значи премногу генерации имаат поминато на тој факултет за да не биде валиден.
А за вредност веќе друга работа, јас барем сметам дека тие што ме учат дека се професионалци, ама тоа што малку повеќе зафркаваат за редовност и ред други работи кои веќе ни се познати на повеќето од тука, тоа е веќе друга тема...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не зборувам тука за вредност, зборувам за акредитација, за признавање а Кирил и Методиј фала богу постои повеќе од 40 години (ако не се лажам). Што значи премногу генерации имаат поминато на тој факултет за да не биде валиден.
А за вредност веќе друга работа, јас барем сметам дека тие што ме учат дека се професионалци, ама тоа што малку повеќе зафркаваат за редовност и ред други работи кои веќе ни се познати на повеќето од тука, тоа е веќе друга тема...
Тоа е навистина друга тема...

Во БАС професорите не се такви за какви што зборуваш. Слободно можеш да отидеш (инкогнито, се разбира) и да отседиш пар часови. После ќе се пишеме.

За акредитацијата:

БАС е Висока стручна школа која се фокусира на професионални студии по менаџмент (I и II циклус според Болоња) и ја доби првата акредитација од Одборот за акредитација на високото образование при МОН уште во мај 2007-ма, една година пред да почне да работи. Конечната, трајна дозвола за работа доби во 2009 година откако беа направени сите увиди од сите инспекции. Двете локации (Скопје и Битола) ги имаат сите дозволи, потврди и акредитации кои се потребни за вршење високообразовна во РМ. БАС постојано ги ревидира и надополнува студиските програми, а еве ја и последната реакредитација:

Акредитација бр. сл.12 од 25.06.2009 (Додипломски студии по Оперативен менаџмент и Постдипломски студии по Стратегиски менаџмент - MBA)

Дозвола за почеток со работа од Министерот за образование и наука бр. 12-4564/1 од 25.06.2009г.

Ако си стварно заинтересиран да студираш на приватен, без оглед на кој ќе се запишуваш, обавезно провери ги овие информации во МОН. Должни се да ти ги дадат!
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Денес ја добив потврдата за ученик во 4 година.Знам дека истече рокот за пријавување ама сакам да прашам дали може да се пријавам денес?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Денес ја добив потврдата за ученик во 4 година.Знам дека истече рокот за пријавување ама сакам да прашам дали може да се пријавам денес?
Можеш и денес и утре. Во БАС има луѓе до кај 20.00ч. Во петок се затвора списокот и во сабота во 10 почнува натпреварот. Биди таму во 9 и 55.
Се гледаме во БАС.
 
С

сашенко

Гостин
И да ве информирам денес се одржа првиот ден од натпреварот.Да здивнам малце па ке опишам поопширно за оние што сакаат да знаат што се случуваше.Кој се мислеше да оди а не отиде за заебал гадно и пропуштил многу.Беше многу забавно, многу добро организирано, секоја чест до горазд, мики, данче и нате...секоја чест до натреварувачите исто така, многу изедначен натревар, секакви не има, сешто може да се очекува и.....(ја загубив мислата)...Има уште доста да се работи до крајот, ама почетоков ветува мноооогу.Нека проценат батките и дадите од таму какви сме во споредба со тие лани и има ли надежни кај нас ама искрено верувам дека ке биде тежок натревар до крај...Многу талентирани дечки и девојки, многу конкуреција, одлично смислен натревар и најдобрите нека победат...Имам уште толку многу да кажам ама гладен сум, идам да јадам ова беше многу исцрпувачки ден.Две недели да се одморите од нас и се враќаме поспремни...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom