Стипендии во БАС

С

сашенко

Гостин
БАС е една од двете професионални високи школи во Македонија.
Во БАС се единствените професионални студии по менаџмент во земјата. Акцентот е ставен на практични менаџерски вештини. Не теорија.

Дипломата гласи Дипломиран оперативен менаџер и со неа се пополнуваат позиции од ниско и средно менаџерско ниво: надзорници, супервизори, шефови, раководители на оддели и сл.
Постдипломските студии се по Стратегиски менаџмент. Со тоа се заокружува целата менаџерска пирамида.

Разликата помеѓу факултетски и професионални студии е во фокусот на материјата. Факултетите секогфаш се фокусираат на теоријата, науката, истражувањата и толкувањето на истите. Професионалните студии се фокусираат на работните вештини и деловни компетенции кои студентот тревба да ги стекне и развие уште во текот на студиите.

БАС е единствената стручна школа во земјава каде можеш во текот на трите години редовни студии да добиеш комплетна практична обука за управување со своето време, со времето на твоитѕе подредени и своите и нивните задачи.

Академијата е акредитирана од МОН уште пред 4 години. Годинава ја вади првата генерација дипломанти.

Во текот на целите студии еден ден во неделата се изведува пракса во партнерските организации на БАС (ги има на сајтот), под менторство на обучени ментори на БАС кои и самите се на позиции на оперативно (тековно) менаџирање (дел од нив и студенти на пост-дипломските студии по стратегиски менаџмент). На крајот од 3-те години, студентите излегуваат со акредитирана Диплома за оперативен менаџер, под-профил (претприемач, комерцијалист или офис-менаџер) иповеќе од 100 дена поминати во најмалку 20 од партнерските организации.

Није шала. Све е сериозно, практично и straight to the point!
Еее вакво нешто барав другар, пушти срце на напиша мило ми е.Доволно информации сега.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
“асистент незнамшо“ ти викам
мене ми стигна покана после оние тестовите за тип на човек и квалитети и интелигенција (и шо и да беше)
сите се 3 годишни и на сите звањето им е асистент курацпалац
Не, бе, друже, звањето е Дипломиран оперативен менаџер. Није курац-палац. Единствена акредитирана диплома за прво и второ ниво на менаџмент во Македонија. Провери.
Провери и по „факултетите“,пошто ова е Академија. Тригодишни професионални студии.

Секаде во западниот свет односот помеѓу професионалното и факултетското високо образование е 70-30, во корист на првото. Единствено кај нас, во Македонија, тој однос е 2-98% во корист на факултетите.

Кај нас сите учат да бидат научници, истражувачи и професори. Кој учи да работи?!?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Кај нас сите учат да бидат научници, истражувачи и професори. Кој учи да работи?!?
Најголемата глупост на нашиот систем. Ќе те наклукаат со теоретско знаење и ќе те фрлат на буниште (читај: пазарот на трудот), па ти брате снаоѓај се како знаеш и умееш.

Ќе го кркаш неколку пати од 2-3-ца што ќе те видат така зелен и неискусен , што вика еден другар мој „Да ти се најди во Сивито (CV)" и после ќе си бараш работа.

Е место да врвиш низ такви медиокритети, ова е супер солуција.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Јебига...и онака пазарот е заситен со бизнис менаџери, вака дури ќе бидеш и подквалификуван...
мада цел пазар е заситен моментално..
А зошто бараш пазар?

Имаш идеја, мислиш дека те бива, почни сам.

Јас така го сфаќам ова со праксава. Одам, гледам како се работи, купувам знаење и пракса и имам основа за мал бизнис со тенденција на зголемување плус нели поткован со теоретски знаења

Знаеш колку добри дечки имаат супер идеи за бизнис а врска немат како да почнат бизнис и кои се ризиците? Таквите најчесто бараат да им падне вработување од небо.

Мене ме изгледа супер ова. Праксата е одлично знаење. Од лично искуство знам дека нема подобро знаење добиено од пракса и мислам дека работодавачите тоа го почитуваат особено овие што се со странски капитал.

Нашите претприемачи знаат со каков кадар си имаат работа бидејќи нашите државни факултети (барем за нив знам) ваѓаат само кадри со теоретско знаење.

Добро спомна Dback, не секој е роден да биде научник, теоретичар ово оно. Има некои сакаат да работат. Праксата тоа го овозможува.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1
За оние годинашни матуранти кои се живо заинтересирани да студираат на професионалните студии по менаџмент на Бизнис академијата Смилевски (Скопје и Битола), а сметаат дека се подготвени да истераат еден не-така-секојдневен тридневен натпревар во вештини на палнирање, тимска работа решавање на проблеми, пријавете се со време, пошто крајниот рок е 1 март.

Натпреварот почнува на 5 март.

Сите прашања се добредојдени. Повелете.

Go vidov ova za stipendiite na BAS pa sakam da prasam kako ke tece borbata za stipendija...sto treba jas da znam za da mozam da bidam eden od potencijalnite dobitnici?
 
С

сашенко

Гостин
За тие што се посрамежливи, па не поставуваат толку прашања, бујрум и пријавата, па пополнете и донесете ја.

http://www.bas.edu.mk/images/prijava-stipendii.pdf
Хаха 2000 денари депозит се остава како гаранција дека нема да се разочараат првиот пат и да се вратат и другите денови хахахаха, интересно и паметно воедно.Е да бе сега сакам утре нејќам мајтап ке си играат они со вас...вие сериозна академија сте нема шала...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Go vidov ova za stipendiite na BAS pa sakam da prasam kako ke tece borbata za stipendija...sto treba jas da znam za da mozam da bidam eden od potencijalnite dobitnici?
Натпреварот се состои од 6 задачи кои тимот, натпреварувајќи се против останатите тимови (виртуелни компании), треба да ги направи најбрзо, најитро или најквалитетно, во зависност од предизвикот. Предизвиците се интерактивни вежби кои се фокусирааат на различни интерперсонални и лични вештини како што се: договарање, планирање, организирање, преговарање, убедување, креативно размислување, ситуационо решавање проблеми...

Подготовка за ваквите вежби е самиот живот и не постои некоја сеопфатна литература која би можел да ја консултираш сега, во следниве 10-тина дена. Сепак, можеш слободно да просурфаш и да ги читнеш горенаведените концепти и нивните постулати. Ако имаш конкретни прашања за кој било од нив - слободно постави ги тука.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
За тие што се посрамежливи, па не поставуваат толку прашања, бујрум и пријавата, па пополнете и донесете ја.

http://www.bas.edu.mk/images/prijava-stipendii.pdf


2000 денари се уплаќаат на лице место? Што се добива како документ дека износот ќе ми биде вратен?

Сметкопотврда нешто?
 
С

сашенко

Гостин
2000 денари се уплаќаат на лице место? Што се добива како документ дека износот ќе ми биде вратен?

Сметкопотврда нешто?
На самата пријава пишува дека со тие пари само гарантираш дека ке присуствуваш и ако сите три натпреварувачки дена си таму ти ги враќаат.Една копија од пријавата треба да е доволно, шо знам...на тоа се потпишуваш и ти и некој од академијата и со потпис е валидно...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
2000 денари се уплаќаат на лице место? Што се добива како документ дека износот ќе ми биде вратен?

Сметкопотврда нешто?
При пријавувањето, од БАС добиваш заверена потврда која содржи од кого, и кога се примени тие 2000 денари и под кои услови не се враќаат. Текстот е исти како на пријавата.

Парите не се уплаќаат - се депонираат (оставаат на чување).

Јас искрено се надевам дека никој нема да остане без нив!

Се што треба да направиш е да не се успиеш и да не се разочараш, затоа што до последниот момент од натпреварот, сите кандидати имаат шанси да влезат во првата 10-ка.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1
При пријавувањето, од БАС добиваш заверена потврда која содржи од кого, и кога се примени тие 2000 денари и под кои услови не се враќаат. Текстот е исти како на пријавата.

Парите не се уплаќаат - се депонираат (оставаат на чување).

Јас искрено се надевам дека никој нема да остане без нив!

Се што треба да направиш е да не се успиеш и да не се разочараш, затоа што до последниот момент од натпреварот, сите кандидати имаат шанси да влезат во првата 10-ка.
Во однос на последново...сакам да те прашам, како ако јас мислам дека не сум се покажала доволно добро во неколку предизвици...како може да имам шанса до крај?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Во однос на последново...сакам да те прашам, како ако јас мислам дека не сум се покажала доволно добро во неколку предизвици...како може да имам шанса до крај?
Ова се тимски предизвици. Доколку твојата виртуелна компанија е најсилна во натпреварот, дури и ако си ти релативно слаба во однос на најдоброрангираните, со коефициентот на успехот на твојата компанија ќе можеш ти како кандидат на конечната листа да се рангираш во првите 10.

...и обратно, ако си извонреден кандидат, но не си тимски играч и ако не придонесеш за успех на твојата компанија, твојот конечен ранг ќе биде понизок за сметка на нискиот коефициент на компанијата. Муабетот е, исто како во реалниот свет, натпреварувај се, но не заборавај да соработуваш, да помагаш, планираш и да се договараш.

Ова е натпревар за доаѓање до најдобрите индивидуалци/тимски-играчи.

Таков е и начинот на студирање во БАС.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Колку време трае овој натпревар и како да најдам потврда дека сум матурант.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Вкупно, натпреварот трае некои 12 часа, кои се поделени во 6 задачи, кои се распоредени во 3 средби. Првата е следната сабота (05.03), втората две саботи потоа (19.03) и последната, конечна средба на 02.04.

Секоја од средбите почнува во 10.00 (да може кандидатите да поспијат после евентуалното петочното журкање) и завршува до кај 2-3 попладне.

Компаниите се ангажирани цело тоа време; си планираат, договараат, се убедуваат и работат/изведуваат тоа што се бара во предизвикот. Нема празен од, нема чекање на ред, нема прозивање, тестирање и условување - добивате задача, работите и после тоа го покажувате тоа што сте го сработиле или се мерите со другите компании.

Потврда за матурант :), епа од школо :)

Оди кај секретарот, или на класната кажи и' - треба да ти ја дадат инстант ... ваљда :|
 

Kajgana Shop

На врв Bottom