Сте биле ли дискриминирани?

V

Viktoranius

Гостин
Дискриминацијата е најдолното нешто според мене...
Јас сум од овие што многу често се дескриминирани (за жал)..уствари не многу често туку СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН.
Сте биле ли дискриминирани, кога и како го доживеавте тоа?
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
За мене дискриминација е многу бедна и непотребна работа во човекоиот живот. Иако сите ние знаеме понекогаш да дискриминираме,барем во некој период од животот. Мислам дека дискриминација има најчесто кога сме помали,сеуште несозреани доволно,па сакаме ние да се покажеме како нешто посебно на сметка на некој друг па го дискриминираме. Најлошо е тоа што многу често дискриминираат луѓе кои се искомплексирани,или пак у некој филм,а не се погледнале самите у огледало. Како и да е,јас би кажал НЕ за дискриминација од било каков вид.
п.с. Би сакал да знам зошто си дискриминиран. Ме интересира,ако ти е непријатно немораш да ми кажеш.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Дискриминација како нарушување на нечие право во еден демократски свет најчесто се споменува многу ретко....
Дискриминација на пол, раса, човекови права и сл....
Ајде Viktoranius биди поконцизен и постави ја темава во тој смер
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Јас сум од овие што многу често се дескриминирани (за жал)..уствари не многу често туку СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН.
зошто си дескриминиран?
многу болна и недорасната работа!луѓето кои прават дескриминација имаат сериозни проблеми со своето ментално здравје!
 
V

Viktoranius

Гостин
Па ке ви кажам и без тоа не губам ништо..
Дескриминиран на повеќе полиња...
1.Училиште...Учам 2 година во Димитар Влахов во Струмица.Од моето оделение децата се ...како да кажам...од висока класа и имат посебни друштва во кои се дружат, а мене не ме дружат зошто сум малце на пониска класа од нив...јас и едни други две деца.
2.Професори...се знае децата на докторите или на некои професори секогаш ке имат повисоки оценки без разлика дали ке учат или не, а додека децата на камионџиите и на продавачите немат шанси за 5 па макар и да скапаш од учење.
3.Пари...Кога се договараат другарите каде да излегуваат честопати сум пробал да се уфрлам во муабетот и да видам дали ке излезам со нив...но тогаш право почнуваат изговорите ..Ај ке се договориме после....Што значи тоа??
Дека не ме сакаат во друштвото зошто треба да се излегува со 500 денари а не со 100.
Има и многу други работи ама не можам сега да пишувам право се нервирам...Иначе многу се нервирам кога ме дескриминираат или се врши дискриминација на некое друго лице..еднаш и се степав за тоа...Али јбг живот не може сите да се исти.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
под бр 1. такво друштво не ти треба!гледај да истуркаш со нив само затоа што си во ист клас!не ти требаат луѓе кои те ценат заради пари и на која функција се твоите!
2.за професорите!па што да ти кажам!немој да мислиш дека те ценат помалку или нешто слично!туку гледај што побрзо да се навикнеш на тоа!од друга срана никој не стои зад тебе и ти што и да направиш знаеш на кого треба да бидеш горд!на самиот себе си!а и ти многу подобро ќе се снаоѓаш понатаму во некои ситуации,за кои што истите тие мамини и татини синчиња нема да можат!затоа што тато и мама нема секогаш да можат да ги буткаат секаде!верувај!имам малку повеќе искуство од тебе!
3.излегувањето најмалку зависи од парите!можеш да имаш 2000 денари во џеп и пак да не си поминеш убаво!се зависи од друштвото!а ти верувај дека ќе си најдеш вистински пријатели со кои ќе излезете на една пијачка или две и ќе си поминете супер!јас понекогаш излагам со по 100 денари во мене,но тоа не ми е кочница!има понекогаш сум бил и без пари,па или некој другар ќе ми позајми или сл.мене не ме прават парите!јас сум тоа што сум со пари или без нив.исто и со тебе!сеуште си млад!и немој да се замараш со вакви работи!
можам да ти кажам дека си паметен и сигурен сум дека се издвојуваш од снобовите со кои учиш!но не дозволувај вакви работи да те нервираат!ок?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Го сменив насловот и дел од постот, за да може темава и натака да тече со различни примери
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Види...

Воопшто не е исправно тоа што ти се случува, иако тоа не е дискриминација во вистинска смисла на зборот. Малку ги мешате поимите. Тебе не ти е прекршено ниту едно уставно право или слобода врз некоја основа или поради причина, па за да кажеш дека си бил дискриминиран.

Конкретно, не можеш да му наредиш на некој да се дружи со тебе за да не се чувствуваш дискриминиран. Никој не може да му нареди на никого со кого ќе се дружи. Дискриминацијата како поим има сосема друго значење. Пример - не те примаат на училиште или во некоја фирма поради некоја причина (друга вера, друга раса), тоа е дискриминација.

А тие размазените лигушчиња, можеш и ти да ги "дикриминираш". Кој ги ебе, најди си вистински пријатели кои негуваат пријателства според други критериуми, а не според парите.
 

Tetka biberce

Wild Child
Член од
18 октомври 2007
Мислења
78
Поени од реакции
0
Сигурно сум била дискриминирана до сега,а сигурно и јас сум дискриминирала некого,дали свесно или несвесно не е важно-сум го направила тоа.Независно за што се работи.
 
V

Viktoranius

Гостин
под бр 1. такво друштво не ти треба!гледај да истуркаш со нив само затоа што си во ист клас!не ти требаат луѓе кои те ценат заради пари и на која функција се твоите!
2.за професорите!па што да ти кажам!немој да мислиш дека те ценат помалку или нешто слично!туку гледај што побрзо да се навикнеш на тоа!од друга срана никој не стои зад тебе и ти што и да направиш знаеш на кого треба да бидеш горд!на самиот себе си!а и ти многу подобро ќе се снаоѓаш понатаму во некои ситуации,за кои што истите тие мамини и татини синчиња нема да можат!затоа што тато и мама нема секогаш да можат да ги буткаат секаде!верувај!имам малку повеќе искуство од тебе!
3.излегувањето најмалку зависи од парите!можеш да имаш 2000 денари во џеп и пак да не си поминеш убаво!се зависи од друштвото!а ти верувај дека ќе си најдеш вистински пријатели со кои ќе излезете на една пијачка или две и ќе си поминете супер!јас понекогаш излагам со по 100 денари во мене,но тоа не ми е кочница!има понекогаш сум бил и без пари,па или некој другар ќе ми позајми или сл.мене не ме прават парите!јас сум тоа што сум со пари или без нив.исто и со тебе!сеуште си млад!и немој да се замараш со вакви работи!
можам да ти кажам дека си паметен и сигурен сум дека се издвојуваш од снобовите со кои учиш!но не дозволувај вакви работи да те нервираат!ок?
Ок е ..и без тоа оддамна сум претрпнат со вакви срања па не се замарам многу...ја отворив темата чисто така да знам какво мислење имаат другите:helou::helou:
 
V

Viktoranius

Гостин
Слично на ова што го збори Viktoranius ама на некој начин обратно како пример ќе кажам и јас.. Незнам дали е тоа дискриминација но сепак..
Мајка ми е во образование. Луѓе познава насекаде. Низ цела Македонија па и пошироко. Не е дискриминација од ученици, другари, туку од професори ова повеќе.
Учев во Јбт едно полугодие во прва година, мајка ми ми викаше да не се запишувам таму зашто е во лош однос со директорката.. Јас не послушав нормално. Имало некој проект во кој Јбт неможеле да влезат поради лоша бодовна листа. Претходниот проект мајка ми им помогнала да ја оформат листата за да влезат, а директорката сакаше да биде и во овој. Мајка ми не прифаќаше ни кафиња ни ништо. Не и треба лижење гз нормално. Уште вториот ден, зашто знаеа дека сум и ќерка почнаа да ме префрлаат од еден во друг клас. 3-4 пати ме префрлаа али све со цел да дојде мајка ми во школо. Не идеше она ОД ИНАТ. Знаеше зашто е тоа така затоа што познава и други луѓе во школото што и кажаа се тоа. Немав лоши оценки, но имав неоправдани. Не бев најредовна. Педагогот Марица шетала со дневникот од мојот клас по професорите покажувајќи им го и како нешо у стилу - Она збори за образование, а види ќерка и што прави во школо.
Помина и тоа укор добив нешто и пак као мајка ми ја викнаа.. Ама не дојде мајка ми дојде татко ми зашо мајка ми нејќеше да иде. После тоа директорката ми се закани со бркање од школо ако не дојде мајка ми :tapp: Стално бев пред бркање и такви ствари и стално бараа родител да дојде. Само татко ми го пракаше мајка ми. Кога се отпишав.. Зашо ќе ме бркаа као претходно.. Низ цело школо зборела директорката дека мајка ми ја подучил некој да ме отпише.. Ко нафта да пие она..
Дали е нормално вакво испукавање на дете?
Ова повеќе ми личи на лична одмазда...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ниту еден од примерите до сега не претставува дискриминација.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Да. Конкретно на форумов во темата за фудбал да се игра..
Женски да не играат.. И сите мислат дека се заебавам кога викам дека сакам да играм.. :uvo:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Да. Конкретно на форумов во темата за фудбал да се игра..
Женски да не играат.. И сите мислат дека се заебавам кога викам дека сакам да играм.. :uvo:
сакаш да ти цитирам дел од постот на мистичен?
мислам дека нема потреба, само безвезе тропаш...
не дај боже да те перне нечие торпедо од топка. нема ни во воена да те спасат. не се глупирај.
оди на балет или сл.
тоа е позитивна дискриминација - не сакаме да бидеш повредена -)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Да. Конкретно на форумов во темата за фудбал да се игра..
Женски да не играат.. И сите мислат дека се заебавам кога викам дека сакам да играм.. :uvo:
Ако не беше дискриминирана, ќе завршеше како медицински случај.
Искрено, мажи, хормони, фудбал, пиво.... најдоброто што можеш да го направиш е да се тргнеш настрана и да навиваш :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom