Стероиди-за сите чуствителни оваа тема.

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 ноември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
12
Здраво вежбачи! Најпрво да се запознаеме со целта на темата.Приметив дека во овој форум ја нема една од најзборуваните теми во светот на фитнесот и бодибилдингот.Го отварам овој топик за да може општо да се дискутира за стероидите а во исто време да се запознаваме со тие хемикалии:нивните придобивки,негативни ефекти и опасности и искусните кои пробале да не запознаат и "просветлат" и нас другите.Е сега,знам од искуство дека сите што се на "juice" се праваат дека не пробале,или не знаат и со еден збор се прават како тие девојчињата кои глумат светици а сите знаат какви се.Најголемата причина за која ја отворам темава може да ви ја доловам преку мојата кратка лична историја.Рекреативно се бавам со теретана 4 години иако сум имал периоди на доста амбициозни тренинзи и сум свесен дека сум способен да поместувам многу граници.Инаку,сум доста активен спортист-фудбал играм скоро секој ден низ салите летоска возам крос-коантри и даунхил со точак(член сум на велосипедски клуб) и 5 години тренирав кик бокс се додека не се повредив и тука настапи желбата за возење точак.
Сега дојде период каде што одлучив да постигнам нешто за што сум мечтаал одсекогаш-да го направам совршеното бодибилдер/фитнес тело.Имам желба да почнам со некои врсти од овие хемикалиите и ја отворив темата за сите кои се пронаоѓаат во мене и тие што сакат да ни помогнат.
П.С. Се извинувам за предолгиот текст и добредојдени се секскви коментари.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
прашај прво модератор дали ке ја дозволи темава
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Темава ќе ти биде затворена кај и да е, пошто модераторот не одобрува вакви теми.
 
K

Kacar

Гостин
Штом се добродојдени секакви коментари, ете, јас кажувам СУМ ПРОТИВ СТЕРОИДИ ! Знам примери каде помогнале без последици по здравје ( барем уште нема де, а за на стари години ќе видиме) знам примери и каде имало последици по здравјето. Знам и личност која вели дека неопходно е да прима стероиди, заради тоа што е ХИВ позитивен ( ден денес не знам што улога имаат стероидите во тоа а пак ниту сум мрднал со мозок да се едуцирам). Ама, СВОЕ ТЕЛО СВОЈ ДУХ, секој нека си управува со него како сака. Подобро стероиди одошто цигари и алкохол и премногу храна....
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А зошто не одобрува вакви теми? Подобро тука да се прочита про и контра мислења, него на друго место. Плус нема поента да се забрани дискусија на оваа тема. Не е политичка.
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
А зошто не одобрува вакви теми? Подобро тука да прочита про и контра мислења, него на друго место. Плус нема поента да се забрани дискусија на оваа тема. Не е политичка.
Пред се поради фактот дека тука ќе напишат луѓе кои само прочитале по интернет или чуле-недочуле. Сметаш ли дека ќе може да препознае чие мислење е правилно некој кој не е добро запознаен? Тој што го познавам на овој подфорум и е авторитет чисто се сомневам дека би сакал да превземе одговорност и да дели на форум совети за стероиди.Лично иако сум доста добро запознаен и имам литература и од медицина и од експерти во бодибилдинг, не планирам да пишувам никакви шеми, препораки или било што за недозволените средства. Едно само совет од мене, ако немате натпреварувачки амбиции во фитнес и бодибилдинг не посегнувајте по лекови!
 
Јас еднашка мислам дека имав коментирано пошто некој се распрашуваше. Ми ги избриша модераторот сите мислења од причина дека не сум бил стручен или искусен со нив. Да биде уште поголема иронијата јас во теретана работев како фитнес инструктор и персонален тренер. Од тогаш не пишувам ништо во бодибилдинг секцијата. Ги оставам "форум билдерите" да си дискутираат.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
А зошто не одобрува вакви теми? Подобро тука да прочита про и контра мислења, него на друго место. Плус нема поента да се забрани дискусија на оваа тема. Не е политичка.
освен 1-2 члена нема друг компетентен да збори за употребата на стероидите
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас еднашка мислам дека имав коментирано пошто некој се распрашуваше. Ми ги избриша модераторот сите мислења од причина дека не сум бил стручен или искусен со нив. Да биде поголема иронијата јас во теретана работев како фитнес инструктор и персонален тренер. Од тогаш не пишувам ништо во бодибилдинг секцијата. Ги оставам "форум билдерите" да си дискутираат.
Поише дома дремат него што идат у теретана они, али тоа е друг муабет. Респект што си остаил да тераат филм ако им се тера.[DOUBLEPOST=1418338222][/DOUBLEPOST]
освен 1-2 члена нема друг компетентен да збори за употребата на стероидите
Што точно значи компетентен? Читал за нив? Ги употребувал? Знае некој кој употребувал? Или чисто има членска карта у некоја рандом теретана па го прави образован на таа тема? Не ми е јасно.[DOUBLEPOST=1418338427][/DOUBLEPOST]
Пред се поради фактот дека тука ќе напишат луѓе кои само прочитале по интернет или чуле-недочуле. Сметаш ли дека ќе може да препознае чие мислење е правилно некој кој не е добро запознаен? Тој што го познавам на овој подфорум и е авторитет чисто се сомневам дека би сакал да превземе одговорност и да дели на форум совети за стероиди.Лично иако сум доста добро запознаен и имам литература и од медицина и од експерти во бодибилдинг, не планирам да пишувам никакви шеми, препораки или било што за недозволените средства. Едно само совет од мене, ако немате натпреварувачки амбиции во фитнес и бодибилдинг не посегнувајте по лекови!
Еве јас сум комплетен игнорант за темава. Сериозно поим неам ништо. Сеа викаш ќе пишеле луѓе што прочитале на интернет нешо и се пуваат тука како паметњаковичи. Што е алтернативата ако е забранета таа дискусија а јас сум пример љубопитен за тоа? Останува интернетот кој го спомна како аргумент против. Што е разликата дали некој ќе ми прераскаже што прочитал на нет или сам ако прочитам таму? Истото е.

Како игнорантус во врска со темава, немаше забрана за стероиди само ако планираш профи-кариера од истово? Дека во спротивно набавка на стеориди е дозволено, ако аматерски билдаш.
 
Последно уредено:
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Имаше порано еден прекрасен форум, се викаше стероиди.мк. Таму пишуваа многу дечки кои имаа искуство со овие работи и го разбираа бодибилдингот. Член на тој форум беше и Ѓороски. Мислам дека премногу работи научив од тој форум. До ден денес сум им благодарен на сите членови од таму, некои од нив беа шампиони во бб, другите кои учеа од нив станаа шампиони и фитнес инструктори.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
А зошто не одобрува вакви теми? Подобро тука да се прочита про и контра мислења, него на друго место. Плус нема поента да се забрани дискусија на оваа тема. Не е политичка.
Станува збор за лекови по кои одредена, "чувствителна" група луѓе е спремна да посегне. За лекови се оди на доктор.Особено коа станува збор за регулирани супстанци.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Здраво вежбачи! Најпрво да се запознаеме со целта на темата.Приметив дека во овој форум ја нема една од најзборуваните теми во светот на фитнесот и бодибилдингот.Го отварам овој топик за да може општо да се дискутира за стероидите а во исто време да се запознаваме со тие хемикалии:нивните придобивки,негативни ефекти и опасности и искусните кои пробале да не запознаат и "просветлат" и нас другите.Е сега,знам од искуство дека сите што се на "juice" се праваат дека не пробале,или не знаат и со еден збор се прават како тие девојчињата кои глумат светици а сите знаат какви се.Најголемата причина за која ја отворам темава може да ви ја доловам преку мојата кратка лична историја.Рекреативно се бавам со теретана 4 години иако сум имал периоди на доста амбициозни тренинзи и сум свесен дека сум способен да поместувам многу граници.Инаку,сум доста активен спортист-фудбал играм скоро секој ден низ салите летоска возам крос-коантри и даунхил со точак(член сум на велосипедски клуб) и 5 години тренирав кик бокс се додека не се повредив и тука настапи желбата за возење точак.
Сега дојде период каде што одлучив да постигнам нешто за што сум мечтаал одсекогаш-да го направам совршеното бодибилдер/фитнес тело.Имам желба да почнам со некои врсти од овие хемикалиите и ја отворив темата за сите кои се пронаоѓаат во мене и тие што сакат да ни помогнат.
П.С. Се извинувам за предолгиот текст и добредојдени се секскви коментари.
Ако немаш добра генетика, добра исхрана и основно познавање за тренинг џабе ти се стероиди.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ми текнува на еден случај за екстремна употреба на стероиди која кошта здравје.

И еве, успеав да го најдам на Youtube клипот што го барав.

Да не испадне по претходниве постови дека слепо подржувам кљукање со анаболици/стероиди до бесвест.[DOUBLEPOST=1418339160][/DOUBLEPOST]
Ако немаш добра генетика, добра исхрана и основно познавање за тренинг џабе ти се стероиди.
Што значи во превод немање добра генетика?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ми текнува на еден случај за екстремна употреба на стероиди која кошта здравје.

И еве, успеав да го најдам на Youtube клипот што го барав.

Да не испадне по претходниве постови дека слепо подржувам кљукање со анаболици/стероиди до бесвест.[DOUBLEPOST=1418339160][/DOUBLEPOST]

Што значи во превод немање добра генетика?
Ова ти е подобро.
Генетика
 
D

Daedalus

Гостин
Еве ја сум дрво у тој поглед. Иам слушано мислења од секакви фаци и другари, доктори и фитнес инструктори со аргументи за и против стероидите. Дури и гуглав, гледав на вики, гледав некои сумњиви студии повеќето изведени на стаорци, а не на луѓе, митови и немитови поврзани со истите. Пошто неам време, а ниту соодветни познавања околу темиве, би било супер да прочитам за и против аргументи околу муабетов.

Ако може да има глупи теми ко оние за пушење марихуана и како марата лечи рак + други небулози, таму уште малце што не почнаа да си дилаат ганџа и си праќаа рецепти со колачиња од канабис, ондак не гледам некоја огромна опасност у тема ко оваа.
Ваљда нема идиоти кои ќе ги земат мислењата од тука здраво за готово и ќе донесат одлука врз основа на тоа што е пишано за тоа дали они треба да зимаат стероиди, кои стероиди и во колкава количина, али чисто од информативен аспект и љубопитност, ја ептен би сакал да знам кои се за и против аргументите и убаво да биде елабориран муабетот за тоа дали/зошто е во ред/нездраво користење на стеориди, во кои количини, кои се разликите, психолошките ефекти, здравствени ризици итн...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom