Статус, моќ и едно пакетче пуканки

Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Па сведоци сме на вакви случаеви каде што луѓето стануваат богаташи преку ноќ,па подоцна забораваат што биле и како биле,па купуваат куќи,коли ова она незнам ти што и често се случува да ги потценуваат оние кои до вчера биле на исто финансиско да не речам ниво со нив.
Достоевски има напишано една многу мудра работа, а која се однесува на моќта "...осамена свест за моќ, колку заслепува и колку е преубава! Имам моќ и спокоен сум! Јупитер има громови во своите раце, поради тоа е спокоен, дали пречесто слушаме да грми? Будалите мислат дека тој спие. Но, постави на негово место некаков необразован човек или некоја глупава селанка - на грмотевиците ќе им нема крај!"
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Тоа што го прикажуваат на Mtv(My sweet 16)е фрустрирачко за `обичните`16 годишници.Кога малку ќе се подзамислам,тие и воопшто не изгледаат на 16 годишници.И нас ни велеа дека сме хранети премногу со амерички копани,ама ова нивново е премногу бе.Што се вели,јас според нив уште носам пелени побогу.
My sweet 16 е емисија направена за да се комерцијализира токму таквото однесување. Еднаш седнав да гледам и ми остана во глава една моронска изјава од еден од 1500 морони кои биле поканети на роденденот на г. Некој И Нешто. Имено, дечкото за 16-ти роденден добива Мерцедес Е класа, металик сребрен, фул опрема и ја открива колата како да открива статуа од 26 метри посветена на Аце наш.
И сеа следува:
"I am so happy I got the chance to be part of such a magnificent event..*ја здогледува колата*...OMIGOD..I could eat a piece of sh*t off that car!"
Мислам, такво јавно понижување е за жалење.
ОН ТОПИК: Имав една другарка која беше мутаво девојче, до 7 одд. Иако беше таква, многу си ја сакав зашто беше искрена и врена другарка. не сум верувал дека човек може така да се смени. Татко и дома објавуе дека иде за ти Таџикистани, Џибути што_ја_знам, она ми се јавуе на телефон, ја пола саат ја тешам...Ќе се видат па, па не иде засекогаш и то...
Наредните 2-3 месеци почнаа да стигаат првите пари, почна распустот и она ме заборави..не само мене, цело друштво. На улица здраво не кажуваше, у кафич дигната глава...
Почна школото, а она па не познава. У 7 заедно седевме, у 8 цела година дали 2 реченици разменивме.
Извинете за долгиот пост ама пуно имам да кажам.
Се запиша шо се запиша у НОВА, и негде 1ва средно, 2ро полугодие, имаше некој проблем и татко и на неколку месеци не работеше, се врати дома...и почна да врти телефони, да ме бара по МСН...ми се извинуваше, и простив.
Се врати татко и на работа...почна па по старо, со една разлика..сега више не ме ни тангираше...мада е крајно фрустрирачки кога некој што си го сакал ке ти сврти грб.
Си ги земав солените пуканки(мразам чоколадирани) и си седнав у прв ред да гледам и да чекам кога пак ке секнат парите.:tv:
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Eve ja od licno iskustvo ke kazam kako e posto durg nikoj novopecen bogatas nema tuka da kaze eve ja ke si kazam :

Koa ke se vratam ke dignam sprat uste eden i toa u zgrada i ke izgradam bazen so skokalnica za da gledaat komsiite.

Zasto ?

Pojma nemam ete taka zaradi nekoja zemaljska pravda jebem li ga , da im e muka koga se ismevaa koga jas so najgolemo skolo sedev bez rabota a nivnite debilni decinja so vrski dobivaa rabota preku razni tetki cickovci. Ok, moze ke lecam kompleksi ne e deka ne drzi toa voda ama pa zasto pa da ne , sekoja prikazna ima poveke agli na gledanje , treba da se vleze vo kozata na nekoj pred da se sudi .

So tie sto bile dobri so mene ke bidam najdobar ama tie se dva trojca koi me ispratija so edno kuferche na aerodrom. Ponataka so komsiite koi bile ok ke produzam da komuniciram kao i sekogas a tie sto ne bile nema ni da gi udostojam so muabet. Po kafichi ke si pijam kako i po obicaj nemam namera da frlam 500 evra po nekogo posto toa e eptem seljacki. Ama od druga strana kolata ke ja parkiram na najvidno mozno mesto... za seir... pa neka ja grebat i taka mi e osigurana .

I ponataka ke setam so mojot drugar najveren po kejot i ke mu preraskazuem kako e po beliot svet , so moite omileni iskinati patiki. Ne deka nema da preebam nekoja sponzorusha usput ako se nacrta na penal i ic oko nema da mi trepne za se sto ke napravam koga ke se vratam bidejki znam kako zasto i kolku sum vlozil vo sevo ova da go imam i vreme e da go uzivam na moj nacin koj mene mi prai kejf.

Dali sum se smenil ?

Ne veruvam .

Ete poiskreno zdravje
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...od sekogash bilo, i nazal...mi se chini deka kaj nas vo Makedonija taka i ke si ostane-siromashna zemja, so siromashni luge i bogati na druga strana sekako mal procent, sekoj ima pravo da si uziva vo plodovite od svojata rabota kako sto miluva i znae(normalno ako se poshteno zaraboteni).
Edna rabota sto mi smetashe do skoro, e toa da mi beshe odvratna pomislata deka drzavata gi podrzuva "biznismenite" kaj nas vo RM, vo nachinot na steknuvanje na bezpravna (lopovska) parichna korist, mnogu ne se zamaram so tie raboti, zatoa sto vo mojata kariera kako carinski referent sum videl mnogu raboti i nachini za pravenje pari, nekoi od niv sum gi opravduval moralno, a nekoi ne...megutoa toa sto na kraj sakam da go kazam za takvite luge e deka site do eden gi faka nekoja boleshtija ili niv ili nekoj blizok od familijata, zatoa sto tie pari vrz krvnata pot na dugi, zaraboteni bezpravno so(krienje na danoci, nedavanje plati,neplakanje i neprijavuvanje na vraboteni, upropastuenje firmi namerno za da se kupat potoa, mesteni vladini i meguvladini tenderi, perenje pari i iznesuvanje devizi po stranski banki na crno i podplakanje na vladini organi)...vi kazuem sum videl i vi tvrdam deka gi stigaat nebitnici, propast i uzas so familiite...porano ili pokasno...e toa.
 
С

Сатори

Гостин
Македонија денеска... преполна со копилиња на сурогат мајката транзиција, несакани синови и ќерки на донорот на сперма, квази-капитализмот. Кловнови и парадери, клонови и каскадери. Жедни за моќ, гладни за статус.
Глобализација.
Сите секогаш ќе подлегнуваат под општите правила и закони...и + ќе ти изградат култура.Тоа ти е, нема бегање!

Општество во денешно време е особено опседнато со симболите на високиот статус – скапи автомобили, големи куќи, придавки и наставки после името, облека од марка произведувач, живеење во правилно соседство, членство во елитни групи и едноставно- препознатливост на нечие име. Статусот во општеството денеска значи моќ.
Тоа не е од денес!Секогаш било и ќе биде, само симболите се менуваат и да...никој не живее од среќа, мир и спокоен дух и да, сите сакаат да бидат ценети т.е. според тебе, да имаат моќ.
Не ги обвинувај луѓето, општеството е криво...:nesvest:

Има и такви кои потешко можат да се чаталат со имиџот на парајлии бидејќи ја немаат главната есенција – вистинки пари;за нив, барем на кратко не е проблем да го замаскираат проблемот преку облекувањето во скапа облека , арогантното однесување и способноста да најдат спонзор кој на крај ќе ги плати сите настанати трошоци.
Спонзоруши беа тоа?
Ги има и во машка верзија, се прашувам како ќе се нарекуваат.Пошо спонзори не бива... (ми тинкинг :tapp:)

Од друга страна, ги имаме хај-сосајати фаците кои членуваат во т.н. елитни групи, кругови, кои имаат имиџ на помоќни луѓе од обичните смртници меѓу другото токму поради можноста да се дружат и движат во еден помал круг на членовите на друштвото, да соработуваат меѓусебно, вршејќи меѓусебни возвратни услуги, притоа зголемувајќи го досегот на сопствената моќ.
Аристократија, олигархија, целбртис...?
Хммм...јеп, ајм лост ин д воршип оф тис хјуманс...
Повторно факт кој се влече...околу 21 век мислам дека.

Впрочем, Македонија денеска е преполна со вакви новопечени богаташи – желни да му покажат на светот дека имаат нешто со кое можат да го купат – имаат пари. Најчесто желбата да се покаже кешот расте обратно-пропорционално со периодот кој бил потребен за да се заработи.

Има и онакви – жртви на старата еврејска клетваа: Да имаш, па да немаш! – кои тивко пропаѓаат но се борат до последната капка крв во себе да го зачуваат колку толку препознатливо ценетиот имиџ на своето име и презиме.

Да не заборавиме уште еден важен момент, при ценењето на нечиј социјален статус, еден важен предуслов кој постои за да биде како шлаг на тортата кога ќе се гледа сјајната слика на еден моќен човек во денешно време – фамилијата. Повеќето вакви фамилии не функционираат, зошто блискоста се загубила некаде помеѓу желбата на таткото да ги стекне парите и моќта за да му купи Порше Карера на синот за 17-от роденден и непорекливата потреба на секое дете за родителска сенка и фигура која ќе го направи човек преку вистински разговор со него, а нема да се обиде да го замаскира забележливото отсуство од животот на своето дете со прикажување на моќта на парите, и следствено на тоа- нема да го научи светот да го гледа и цени преку призмата на парите.
Вредностите на семејството никогаш нема да се базираат само врз духовност...
Нема баш ќерката или синот да бидат пресреќни ако имаат многу љубов, а немаат патики за на школо...или во полош случај, пари за да јадат барем еднаш дневно.

Колку ви е позната прикажанава слика преку реални примери од животот, а не само од американските сапуници – незнам. Она што го знам е дека сигурно постои. Погледнете околу вас наредниот пат кога ќе помислите дека парите се решение на сите проблеми, помислете подлабоко пред еден ден да постанете ловец на статус, своевиден елитистички психопат.
Психопат сум.
Сакам да го живеам тој живот и сакам да и дадам еден ден на ќерка ми порше за 17-тиот роденден.

Ако сепак еден ден вашата листа на приоритети и скала на вредности заличи на онаа од гореопишаните примери, не очајувајте.
п.с. Името на темава е: Статус, моќ и едно пакетче пуканки. Пуканките ги додадов на крај од естетски причини, за да го збогатам насловот на темата. Или можеби не :)
Никогаш не очајувам.
Верувам во „вредностите“ на општеството.
Компензирам.

Иначе, како сте ми и што ќе се пофалите?
Фино сум.
Фрустрирана од едностраноста на темава.:back:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
интересна тема, штета да биде заборавена со годините
 

M*O*N*A

~*Kitekatus*~
Член од
20 јуни 2007
Мислења
99
Поени од реакции
31
само една реченица е доволна за да се опише менталниот склоп на "новопечените богаташи"
- најлесно можеш да продадеш џакузи на некој кој пораснал со полско веце -
Имам неколку примери околу мене, и со задоволство ги земам солените пуканки,удобно се сместувам во првиот ред и чекам...падот ке им биде силен,ама заслужен
 

Kajgana Shop

На врв Bottom