Статус, моќ и едно пакетче пуканки

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Македонија денеска... преполна со копилиња на сурогат мајката транзиција, несакани синови и ќерки на донорот на сперма, квази-капитализмот. Кловнови и парадери, клонови и каскадери. Жедни за моќ, гладни за статус.

Општество во денешно време е особено опседнато со симболите на високиот статус – скапи автомобили, големи куќи, придавки и наставки после името, облека од марка произведувач, живеење во правилно соседство, членство во елитни групи и едноставно- препознатливост на нечие име. Статусот во општеството денеска значи моќ.


Има и такви кои потешко можат да се чаталат со имиџот на парајлии бидејќи ја немаат главната есенција – вистинки пари;за нив, барем на кратко не е проблем да го замаскираат проблемот преку облекувањето во скапа облека , арогантното однесување и способноста да најдат спонзор кој на крај ќе ги плати сите настанати трошоци.

Од друга страна, ги имаме хај-сосајати фаците кои членуваат во т.н. елитни групи, кругови, кои имаат имиџ на помоќни луѓе од обичните смртници меѓу другото токму поради можноста да се дружат и движат во еден помал круг на членовите на друштвото, да соработуваат меѓусебно, вршејќи меѓусебни возвратни услуги, притоа зголемувајќи го досегот на сопствената моќ.

Впрочем, Македонија денеска е преполна со вакви новопечени богаташи – желни да му покажат на светот дека имаат нешто со кое можат да го купат – имаат пари. Најчесто желбата да се покаже кешот расте обратно-пропорционално со периодот кој бил потребен за да се заработи.

Има и онакви – жртви на старата еврејска клетваа: Да имаш, па да немаш! – кои тивко пропаѓаат но се борат до последната капка крв во себе да го зачуваат колку толку препознатливо ценетиот имиџ на своето име и презиме.

Да не заборавиме уште еден важен момент, при ценењето на нечиј социјален статус, еден важен предуслов кој постои за да биде како шлаг на тортата кога ќе се гледа сјајната слика на еден моќен човек во денешно време – фамилијата. Повеќето вакви фамилии не функционираат, зошто блискоста се загубила некаде помеѓу желбата на таткото да ги стекне парите и моќта за да му купи Порше Карера на синот за 17-от роденден и непорекливата потреба на секое дете за родителска сенка и фигура која ќе го направи човек преку вистински разговор со него, а нема да се обиде да го замаскира забележливото отсуство од животот на своето дете со прикажување на моќта на парите, и следствено на тоа- нема да го научи светот да го гледа и цени преку призмата на парите.

Колку ви е позната прикажанава слика преку реални примери од животот, а не само од американските сапуници – незнам. Она што го знам е дека сигурно постои. Погледнете околу вас наредниот пат кога ќе помислите дека парите се решение на сите проблеми, помислете подлабоко пред еден ден да постанете ловец на статус, своевиден елитистички психопат.

Ако сепак еден ден вашата листа на приоритети и скала на вредности заличи на онаа од гореопишаните примери, не очајувајте.
п.с. Името на темава е: Статус, моќ и едно пакетче пуканки. Пуканките ги додадов на крај од естетски причини, за да го збогатам насловот на темата. Или можеби не :)

Иначе, како сте ми и што ќе се пофалите?
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Верувај,позната ми е,колку и да се обидувам да затворам очи на сето тоа,упорно ти се пика в нос и не ти дава нормално да дишиш.Од `чалам`што рече ти,па до претерување во некои работи.До луѓе што велат-како можеш ова да го облечеш на себе?не ве сфаќам,јас ако треба не јадам ама барем ќе купам парче Версаче(еј има рима)и подруго е чувството кога знаеш дека си виден(ова инаку ми го плесна во фаца една врсничка која очајно сака да излезе од некоја провинција,мислам што ни фали,имаме во секое време топла вода)
Тоа што го прикажуваат на Mtv(My sweet 16)е фрустрирачко за `обичните`16 годишници.Кога малку ќе се подзамислам,тие и воопшто не изгледаат на 16 годишници.И нас ни велеа дека сме хранети премногу со амерички копани,ама ова нивново е премногу бе.Што се вели,јас според нив уште носам пелени побогу.
Еве вчера,кога излегов и си дозволив партија филозофија со друштвото и4 топчиња сладолед,ќе ме прегазеше прекрасното спаркли Ферари,кое подоцна разбрав дека е поклон за снаата,инаку секирата паднала во доста богато семејство.Веселба од голем калибар,со вип местенца,ремчиња кои обично ние би ги нарекле белегзии,венчаница од Венеција,пристигнување на свадбата со хеликоптер...и што?
Сакаат да ни покажат на нас обичните смртници дека никогаш не би го доживеале американскиот сон,макар и импровизиран,покрај смрдливиот Вардар.
Името на темава е: Статус, моќ и едно пакетче пуканки. Пуканките ги додадов на крај од естетски причини, за да го збогатам насловот на темата. Или можеби не
Пуканките воопшто не стојат овде од естетски причини,i get your point.Пуканките ти се класика.Зборувам за оние солените,незаменливи се.Е сега се појавија и чоколадирани,со вкус на ова на она...лично јас не ги менувам старите добри и солени,кои откако ќе ги изњедеш ти треба кило и пол вода за да ја изгасиш жедта,која патем,сега не се знае дали ќе можеш да ја изгасиш,и водата ќе стане луксуз што ќе биде недостижен за нас помасовната популација која гнети солени пуканки.

Инаку,секој си има право да си го живее животот како што сака.Ако има пари за фрлање како по спотовине на џи-јунит,макар што сум толку наивна и мислам дека се вистински,ја плеска во фаца нашата мизерна ситуација.Па каде се тие денови кога бев во облаци кога баба ми ќе ми дадеше 100 ден.а сега плачат на шевролет спарк.
Ќе звучи банално,ама посреќна сум со ограничен износ на ѕвечки во џебов,од бланко ќе ослепам,ионака не гледам добро.
Иначе, како сте ми и што ќе се пофалите?
Па еве Серпикс,преживуваме некако...and it feels quite good.За фалење ќе ти кажам кога ќе добијам кола...барем кафево ми дава надеж дека еден ден во пакетчето ќе видам три исти комбинации..како во Вегас you know?
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Имам комшија кој ги исполунва горенаведените услови

Какво време е ова бе ужас не дека од увек не било вака, ама па сега сме многу информирани
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
burn84 напиша:
Какво време е ова бе ужас не дека од увек не било вака, ама па сега сме многу информирани
Од увек било, само што во денешно време има повеќе избор на предмети кои статус значат и секој може слободно да ги купи. Во седумдесеттите, мој комшија купил Мазда. Па тоа државна безбедност распрашување по комшии од зградата, шпиунирање...не дека другите не можеле да си дозволат Мазда наместо стокец или тристач, ама политиката била таква, несмеело.

Во денешно време, ситуацијата е обратна. Смее секој се да купи, ама секој не може да си дозволи.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Мистичен напиша:
Од увек било, само што во денешно време има повеќе избор на предмети кои статус значат и секој може слободно да ги купи. Во седумдесеттите, мој комшија купил Мазда. Па тоа државна безбедност распрашување по комшии од зградата, шпиунирање...не дека другите не можеле да си дозволат Мазда наместо стокец или тристач, ама политиката била таква, несмеело.

Во денешно време, ситуацијата е обратна. Смее секој се да купи, ама секој не може да си дозволи.
Не сум размислувал вака али има логика
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Познат ми е од негде „филмов“, а не е само од телевизија. На Запад многу повеќе може да се види ова, ама и кај нас веќе не е толкава реткост, особено во поголемите градови.
Спомна новопечени богаташи.
Еден средовечен човек, инаку мој комшија, до вчера чесен тапетар со месечна заработка од 12.000 денари, преку ноќ отвори ланец на бензински пумпи (сега веќе познато име), ги купи двата соседни плаца, на местото си изгради петиљадусобна куќа со базен (и битен детал во пространиот заден двор: „домашни“ фазани, или пауни, не ги разликувам :icon_lol:), напика 4 гланц мерцедеса во гаражата што иначе се отвара со далинско (колку напредно!), син му се чатали низ маало со Ауди ТеТе а до вчера пушеше Родејка социјалка, а ќерка му од доволна ученичка во просечна скопска гимназија стана одлична униформирана цура од Турски Колеџ.
Или еден син на македонски политичар, чиј сон да стане рапер тато дур да трепнеш му го исполни, спокојно си го слуша најновото (и единствено, де) ЦеДе во удобната вила на Водно, дур си црта макети на неговиот нов Ленд Ровер на чиј браник со дијаманти ќе биде гравирано неговото уметничко име (фифти сент ли сум, што ли сум), додека стечајцине (или тутунарите, или какви_и_да_се_штрајкувачи) веќе со недели „кампуваат“ пред Собрание за нешто повисока плата, и повремено се ладат во фонтаната пред Фреш на 40+ степени времево.

Па јебеш му матер, ако сакам да носам оригинал женска ташна од Армани од незнам_таму_колку_илјади_евра, подобро да ја немам, ако цената што треба да ја платам е да бидам (како) Боки 13ка. :pos:

Нема везе, таков е светот, така нештата одсекогаш функционирале, особено сега во „модерната“ ера... Пари=моќ, тоа е тоа. Кој успеал, успеал, кој забегал и претерал со „успехот“, негов проблем. Кој е принуден да храни три деца со месечно социјално од 5.000, негов проблем исто така... :toe:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Точно, овој феномен го имало и ќе го има насекаде низ светот, стокатни вили, петнаесет коли, олимписки базени во двор и што уште не. Покрај тоа што овие работи предизвикуваат ненормална лична сатисфакција за нас обичните смртници, за оние кои го поседуваат ваквиот луксуз тоа е само начин на живеење (изразен преку пари и моќ). Им се може, свака им част.
Само кај нас во Македонија е малку поинаку. Мала земја сме, да не речам премала, ама што народ сме е тоа е чудо. И покрај тоа што 1.999.990 жители живеат беден/средно-беден/нормален живот, оние десетмина што си ја продале душата на странци за да спечалат, што и не биле баш така чесни (ама ај ние ќе си ќутиме пошто е јавна тајна:pos:) ќе пробат на секаков начин да си го покажат богатството. Ќе и уплаќа на ќерката часови за пеење (која е антиталент невиден), ќе и среди снимање кај Д.Д и спот кај Д.М и оп-наеднаш ќерќичката е среќна, станала пеачка.
Јас лично имав една таква познаничка, чиј татица неверојатно многу се обогати (лежеше малку затвор, ама нема везе, сега се пак хепи фемили) дојдена од еден од помалите градови. Живееше во моја близина (јас сум од Топанско) и беше супер девојче. Ама, и видоа ли очичките парички, кај што се пресели во „елитна населба“, па уште не не удостојуваше со едно здраво, и се срамеше да си го каже потеклото. Сега има се што ќе посака, ама нема минато. Животот и почна откако стана богата. Колку патетично.
Ова ти се вика-покондурен опинок нашол да се пува со пари кај ќе стигне.
Јас пуканки јадам исклучиво на кино, благодарам, ама премногу се солени за редовна конзумација.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Во контекст на темата...

Индијска легенда

Постои мало жолто цветче во Индија кое цвета само еднаш, само во неколку градини и после овенува.
Некој посетител влегол во една таква градина и сакал да ужива во убавината на истата...но се изнаслушал само жалби.
Мангото прозборело и рекло како би сакал да биде кокос. Кога другите го прашале Зошто, одговорил...„ Стеблото на палмата е целосно корисно, листовите , гранките, стеблото и плодот.
Но, кокосовата палма му завидувала на Мангото зашто неговиот плод за големи пари се извезувал од Индија.

И така посетитетол во ист стил се изнаслушал како растенијата се жалат едно на друго, како секогаш некое друго е подобро, дава поголем допринос, добива многу повеќе од другите.

Шетајќи низ градината, окото на посетителот се задржало на едно мало жолто цветче кое цветало со најголемата радост што ја забележал, во неког агол, далеку од очите на посетителите.
Се наведнал и го прашал: „- Зошто и ти не се жалиш како останатите овде?„
Цветчето одговорило:
„- Ја набљудував кокосовата палма, и посакав да имам листови кои ќе се лелеат на ветерот.... го гледав и Мангото и поскав да имам сочни плодови кои ќе им носат радост и задоволство на луѓето...
Но, тогаш си помислив....зошто сето тоа кога не знаат ништо друго освен да си завидуваат и љубоморат незадоволни од ништо, колку и да се корисни?
Ако Бог сакал јас да бидам како еден од нив....лесно би можел да го направи тоа, но како таков, никогаш не би можел да го видам оној сјај во очите на посетителите кога доаѓаат тука и ме гледаат со нескриено задоволство и среќа со мирот, тишината и убавината која се шири онаму каде јас цветам, бегајќи од злобата, зависта и љубомората на другите растенија.
Затоа сакам да бидам она што сум, најдоброто мало жолто цветче кое иако цветајќи само еднаш, им носи радост, среќа и задоволство на посетителите.„
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па сведоци сме на вакви случаеви каде што луѓето стануваат богаташи преку ноќ,па подоцна забораваат што биле и како биле,па купуваат куќи,коли ова она незнам ти што и често се случува да ги потценуваат оние кои до вчера биле на исто финансиско да не речам ниво со нив.
За разлика од нив има луѓе кои почнале од ништо,но со мака и труд ги заработиле тие пари и тоа на чесен начин.И + не забораваат од каде дошле.

Вториве случаи се премногу ретки,но сепак ги има.Доколку некој на чесен начин си ги заработил парите,зашто да не ги троши како што сака?
Мене не ми пречи тоа што некој се расфрлува со пари или купува коли,тоа се нивни пари и они можат што сакаат да си прават со нив,мене ме нервира однесувањето и гледањето од високо,кое што го имаат голем дел од тие луѓе.Едноставно мислат дека светот е нивни па можат и да ги потценуваат останатите луѓе.Тоа е претежно затоа што парите им удриле во глава.Парата човек може да го промени за 180 степени.
Сепак се уште тврдам дека тие луѓе не се наполно среќни,без разлика на богатството што го имаат.Тоа го тврдам и нема сила која што би ме разубедила во спротивното.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
"Дај му на човек пари и види го каков е"
Не ми смета да се обогати некој преку ноќ,ми смета начинот на кој ги покажува парите.Ако добил наеднаш многу пари не значи дека станал и нешто повеќе од што бил,како човек.Она понижување на останатите кои немаат илјадарки во банка,заборавање на пријателствата,менувањето на речникот(секоја реченица почнува со Јас),ќе му се врати како бумеранг,бидејќи ништо не е вечно,а со такво расфрлање нема долго да ја има таа "чест".
Познавам многу,што преку "градежништво" во странство станаа богати.Ќе ви опишам само еден случај...Детето немаше пари сол да си купи за да си фрли во очите,неговиот татко ги пиеше парите,живееја многу сиромашно,но го ценевме како човек,бидејќи беше добар другар.Никогаш не беше оставен настрана поради материјалната ситуација,секогаш имаше некој од друштвото да ја плати пијачката од срце за него.
Замина настрана и се врати после 6 месеци,детето се претвори во ѕвер,донесе многу пари,незнаеше што попрво да направи.Заборави се и најде другари од елитата преку ноќ замени се.Се доведе до тој степен,што фрлал пари во кафич (500евра) со зборовите:Еве колошари напијте се,јас частам(однесувајќи се на цел кафич,кој добро го познаваат кој е и што е).Среќа немало никој од старото друштво да го види тоа,зошто на место ќе го оставел со пивска флаша.
Скоро сите вака се понашаат новопечените богаташи,затоа го земам пакетчето пуканки,се местам удобно на столицата и започнувам да го гледам филмот,жанр траги-комедија.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ja не јадам пуканки, многу се калорични.:pipi:

Него, сите се изнаприкажавме најразни приказни и примери за таквите новопечени снобови... А факт е дека не можеме да знаеме дали и ние не би се промениле така (кон лошо) кога би ни се случило ваква финансиска промена. :toe:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ja не јадам пуканки, многу се калорични.:pipi:

Него, сите се изнаприкажавме најразни приказни и примери за таквите новопечени снобови... А факт е дека не можеме да знаеме дали и ние не би се промениле така (кон лошо) кога би ни се случило ваква финансиска промена. :toe:
Можеби не можеме да промениме, ама до негде и полесно ќе ни биде доколку ете на ваков начин си го искажеме нашиот револт за новите „манги„ во нашиот град, или држава како сакате. Има еден дечко кај мене кога ќе види човек со многу добра кола и уште подобра женска во колата-зашто тоа е поврзано, вика „После тоа некој ќе ми кажува за правда„. Не го разбирам што сака да каже, околу правдата стварно. Зар не е правда да шеташ слободно, да јадеш пуканки за 10-20 денари на кое било место сакаш во градот, сегде ги има.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јас пуканки јадам исклучиво на кино, благодарам, ама премногу се солени за редовна конзумација.
Има и чоколадирани пуканки ако сакаш.

Проблематиката треба да се погледне од психолошка гледна точка. Имено, некој кој не бил во можност да си ги пружи задоволствата што ги има просечното европско семејство, а такви фамилии има еден куп како резултат на минатиот општествен систем кој ги убедуваше дека не им треба повеќе и последователно не им даваше доволно, доаѓа во ситуација да може да се здобие со многу повеќе пари, нормално како и секој нормален човек кој живее во ова капиталистичко општество тоа би го направил (добро сега може има некогаш и некои морални пречки кои некои не ги засегаат). Но после тој момент доаѓа до израз или неговата фрустрација од претходниот не така многу богат живот (бидејќи целата среќа ја гледал во парите) или неговата неизживеаност. Тие за кои парите знчеле радост а другите елементи од живото му биле тотално маргинализирани многу јасно е дека ќе мора да се покаже на другите бидејќи не дека се покажува пред другите туку си се докажува пред себе, тој е осамен. Неизживеаниот пак кој не е свесен и нажалост заслепен од парите пак тотално заборава на се претходно што во животот му носело среќа, но за разлика од првите овие вториве неизживеаниве, кога малку ќе се поизнаживеат ќе почнат да сфаќаат дека има и други работи во животот што ги прави среќни па кај нив постои потенцијал малку психолошки да се симнат од тоа седмо небо. Јас лично во тие таквите кои по добиени доста пари „влегуваат во филм“, гледам само на луѓе кои се многу слепи бидејќи самите со сила си се гетоизираат.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
da da, site sme svedoci na nekoi ,,novi" bogatasi, koi do vcera nemale pari za nisto a odednas imaat pari za da go zadovolat sekoe (materijalno) zadovolstvo!
mnogu mrazam takvi lugje, sto koga ke se dignat ne im teknuva da se spustat na zemja, sto do vcera ne znael nisto a sega odednas ,,celiot svet mu e na dlanka"!

ubavo e sekoj da ima pari, da moze da si dozvoli razni zadovolstva, no ete ne go moze toa sekoj!

I da, parite se resenie, no samo za materijalni problemi!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom