Bada Bing!
шшшшшш
- Член од
- 14 јули 2006
- Мислења
- 2.671
- Поени од реакции
- 114
Мислам дека голем дел од америчкиот хумор во сериите (покрај често различниот физички пристап кон комедија) доаѓа од крајно тривијални работи со цел да биде шо повеќе политички коректен за да има шо поголема публика. Е малце е тупаво кога по миљонити пат го користат сноубол ефектот. Некој ќе заборави даљинско кај другарот (или нешо еднакво тупаво) и од тоа се прави хумор ко да се случило којзнае што и проблем еднаков со закана од атомска војна. Пошо ситуацијата е апсурдна публиката се кине од смеење. Е добро све тоа ама од 60ите Американcite знаат да направат само таков тип на sit com. Не зборам дека ваков тип на комедија (виден често во минатото) е лош, но брзо здосадува. Ало Ало, Blackadder, Only Fools And Horses, Yes Minister се многу подобри серии затоа што не само што се смешни туку имаат и голема вертикала. Додека Америте правеа шоуа како The Brady Bunch, Енглезите го имаа Летечкиот Циркус на Пајтоновци.