Јас слушнав дека не може да врзе неколку настапи по ред заради некои проблеми, изгледа со коленото, ама може на секој втор или трет меч да игра... Сега ако се повредил, тешко нас. Извонредно игра дечкото.
Јас прочитав дека Андерсон и Харгривс се само неизвесни за мечот со Блекбурн, а не и Барселона.
Андерсон тренирал денеска, а Харгривс изгледа нема да игра.
Штета баш ми е мило кога го гледам како игра, ама нешто со коленото очигледно не му штима, цела сезона се мачи со него.
Добро е Видич е фит повторно, тоа е добро.
Red Man, за Манучо ќе почекаме.Ќе игра во Панатинаикос се' додека не живее таму доволно време да добие грчки пасош и да стане граѓанин на ЕУ.Инаку, еден играч да добие работна дозвола за ПЛ и да игра уште од првата сезона по доаѓането во клубот треба да има пасош од ЕУ и барем 70% од настапите на репрезентацијата во последните 3 години.Така да, за Манучо ќе почекаме освен ако администрацијата од Јунајтед не направи некоја мучка и Манучо добио работна дозвола за Англија.А баш би сакал да го видам Манучо.Го имам гледано само еднаш кога играше за Ангола на Африканскиот Куп на Нации и даде супер гол.Добар играч е.
Утре ќе биде незгодно гостувањето на Блекбурн, сепак имаат добра екипа. Како и да е дури и да биде нерешено и да изгубиме од Челзи (најлошата варијанта) би биле изедначени со бодови и би требале да ги победиме Вест Хем и Виган во последните 2 кола. Од друга страна мислам дека Челзи треба да му гостува на Ливерпул или грешка сум?
Челзи и Ливерпул играа два пати, така да дуели меѓу големата четворка нема да има веќе.
Утре треба да си победиме, да остане разликата иста и да бидеме многу поблиску до титулата. Ако утнеме, тешко нас, па и мојот живот ќе биде доведен во прашање.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.