Стан под кирија или цел живот кредити.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.857
Поени од реакции
7.533
Стан под кирија или цел живот кредити

Работниот век поминува под стрес да се плаќаат ратите, но сатисфакцијата е што станот ќе остане во ваши раце
Соња Маџовска


Што е поисплатливо - да се купи стан на кредит или да се живее под кирија. Велат, кешот е закон, ама кај нас се ретки оние што можат да си го дозволат тоа задоволство, односно да купат стан во готово и да спијат мирно, без стресови секој први во месецот кога треба да се исплати ратата.

Македонските граѓани, главно, живеат на кредит. Дебел минус на дебитните, а уште поголем е оној на кредитните картички, кола на кредит, ама кредитот за стан е убедливо најстрашен. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит.

„Подобро е да купам стан на кредит со висока камата и да го отплаќам и 30 години, ама барем знам дека еден ден тој ќе биде мој отколку да плаќам кирија. Така парите ќе одат во ветер, а и по 30 години плаќање месечна кирија во просек од по 200 евра, на крајот пак ќе немам ништо свое“, вели еден скопјанец. Како него размислуваат најголемиот број од нашите граѓани, кои заглавуваат со кредити до гуша за да имаат свој покрив над глава.

Решавањето на станбеното прашање е еден од најтешките проблеми, особено за младите брачни двојки. Секој сака да дојде до свој покрив над глава, но прашањето е што е наједноставно и најисплатливо. Младите најчесто се решаваат да купат стан на кредит, но само доколку им помогнат родителите со пари за учество, па останатото го плаќаат сами од нивните скромни плати.

Според пресметките што ни ги дадоа банките и Агенциите за недвижности, најмногу се бараат станови до 60 квадратни метри, по цена од 1.000 евра за квадрат, за кој треба да се платат вкупно 60.000 евра. Банкарите велат дека во овој случај најисплатлива варијанта е пола-пола, односно 30.000 евра да се платат во кеш, а за 30.000 евра да се земе кредит. Од Стопанска банка, каде што речиси секој втор има земено станбен кредит, велат дека најчесто станбените кредити се земаат со учество, бидејќи ретко некој е до толку кредитоспособен за да земе кредит за целиот износ на чинење на станот. Во оваа банка ни направија пресметка за купување стан, кој чини 60.000 евра, со учество од 20.000 евра, а кредит од 40.000 евра. Номиналната годишна каматна стапка е 6,5 отсто фиксна за првата година, а е променлива за останатиот период, но во моментов е 7,4 отсто. Ако отплатата е на 30 години, месечната рата во првата година ќе изнесува 252 евра, а потоа 277 евра во следните 29 години со сегашното ниво на камати. Вкупните потребни месечни примања на кредитобарателот и кокредитобарателите треба да изнесуваат 903 евра, или 55.531 денари.

За 30 години, за кредитот од 40.000 евра, клиентот ќе и' плати на банката 99.420 евра. Но, ако се земе и учеството од 20.000 евра, тогаш овој стан чини вкупно 119.420 евра.

Искуството на Агенциите за недвижности потврдува дека оние што имаат пари за учество, околу 30 отсто од цената на станот, и се кредитоспособни најчесто се решаваат да купат стан, додека оние што немаат ниту пари за учество ниту се кредитспособни, немаат друг избор освен да одат под кирија.

Месечната кирија за истиот стан од 60 квадрати чини 200 евра доколку станот е ненаместен. За овој стан кираџијата за 30 години ќе плати вкупно 72.000 евра доколку во меѓувреме не се зголемат кириите.

Според овие наши пресметки, излегува дека разликата меѓу купен и изнајмен стан е 47.420 евра, односно толку ќе платите помалку ако 30 години живеете под кирија, наместо да купите стан на кредит што би го плаќале, исто така, 30 години. Но, да нема забуни, станот под кирија ќе му остане на газдата, кој добро се збогатил од вашите пари, а оној што вие ќе си го купите, останува ваш или на вашите деца.

Од Агенциите за недвижности велат дека оној што има пари купува, а оној што нема живее под кирија. „При купувањето или изнајмувањето стан влијаат повеќе фактори. Локацијата, дали зградата е нова или стара. При изнајмување, на пример, важно е и дали станот е наместен и со каков мебел или е празен. За 60 квадратни метри стан кириите се движат меѓу 200 и 350 евра. Празен стан може да се најде и за 150 евра. Додека при купување нов стан, најважно е дали клиентот има 30 отсто да даде учество од цената на чинење и дали е кредитоспособен за останатиот дел од доплатата“, објаснуваат од Агенцијата за недвижности „Асторија“, додавајќи дека најбарани се малите станови.

Оттаму велат дека во овој период, сепак, повеќе се бараат станови за изнајмување, додека за продажбата интересот е помал.

Македонските граѓани велат дека повеќе би оделе на варијантата на купување стан отколку под кирија, но проблем се каматите. Тие постојано се жалат дека кај нас каматите се превисоки и затоа отплатата е долга и стресна.

Каматите за станбените кредити во домашните банки се движат околу 8 отсто, во Словенија тие се движат околу 4 проценти, во Хрватска до 7 проценти, во Германија малку над 3 отсто. Повисоки камати од нас имаат Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. (С.М.)
Цената на становите се зголемила за 50 отсто
Истражувањето на Народна банка на Македонија покажа дека вредноста на становите во Македонија од 2000 до 2007 година пораснала за безмалку 50 отсто. Оваа анализа за првпат во Македонија дава индекс на цените на становите, според кој можат да се издвојат неколку тренда во движењето на нивната цена во периодот 2000-2007 година. Имено, во земјава има нагли промени на цената и на рентите, кои најмногу зависат од понудата и од побарувачката на станови. „Периодот од 2000 до крајот на 2003 година се карактеризира со силен пораст на цената, во просек од околу 10 отсто годишно. Во овој период становите поскапеле за околу 46 отсто. Исклучок од генералниот тренд за овој период претставува 2001 година кога цената бележи стагнација. Во периодот од 2004 година до крајот на 2006 година, цената на становите, главно, стагнира, со благ надолен тренд, при што тие на крајот од 2006 година биле поевтини за околу 9 отсто од крајот на 2003 година“, се вели во анализата на НБМ. Анализата покажува дека во 2007 година цената повторно забележала силен пораст, така што на крајот од годината, во однос на крајот на 2006 година, тие биле поскапи за околу 11 отсто. (Ек.Р.)

ИЗВОР.

-----------------------------------------------------------------------------------------

Ајде моето мислење во врска со цела оваа ситуација а со тоа и ќе покажам во која насока сакам да оди темава.
Хммммммммммм мејнстрим медиумот убаво ви објаснува дека имате збор. А изборот е змија да ве клукни или магаре да ви го лупни, дали сте за ВМРО ДПМНЕ или за СДСМ, цел живот ќе живеете под кирија и ќе немате свој дом или ќе земете кредит на 30 години па ќе робувате на банкарскиот систем со лихварски камати па на крај истиот тој банкарски систем ќе создаде вештачка криза преку намалување на оптекот на пари во опшеството и со тоа ќе ви го земе тој стан и пак ќе немате сопствен дом.
Ејјјјјјјјјјјјјјј за еден стан плаќате три размислете малку :uvo::
За 30 години, за кредитот од 40.000 евра, клиентот ќе и' плати на банката 99.420 евра. Но, ако се земе и учеството од 20.000 евра, тогаш овој стан чини вкупно 119.420 евра.
Турците овде владееле бездомници немало, денеска во слободна независна Република Македонија имаме бездомници дури и премногу, покрај сета технологија, компјутери роботизација имаме и бездомници. Што не е во ред со оваа слика, размислете малку. Во пазарно опшество кога некој производ или продукт не се бара цената оди надолу, кај нас има многу бездомници кои што не можат да си дозволат стан, а кај оди цената размислете малку дали ви е тоа логично :uvo::

Цената на становите се зголемила за 50 отсто
Воглавно се знае мојот став за факултетите и факултетските дипломи, ама да се повторам факултетската диплома најдобро што може да се искористи е како гз папир после голема нужда. Ама искрено сакам да ми докажете дека не сум во право, посебно на тие од економски и архитектура. Замислете решение сите да имаат сопствен дом како во турско и како да се постигне тоа, значи нема бездомници, луѓе под кирија и станови со високи лихварски камати. На темава не треба тупење утопија ова она, едноставно опуштете го умот и размислете медитирајте на ова, и не е битно колку фантастично нереално надвор од оваа планета ви изгледа идејата за решение на овај проблем, едноставно изнесете ја на темава, можеби таа идеја е која што ќе го промени ова прашање. Тоа важи за сите не е битно имаш немаш факултет години искуство, едноставно размислете и изнесете како идеја, па да видиме до каде ќе не однеси....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.961
Поени од реакции
4.863
До пред една деценија имаже една институција се викаше СИЗ за станување и убаво си функционираше,е истите тие шо ги купија становите од сизот за по 1500 марки сега сакаат да ги продадат за по 1500 еу но со мала разлика што бараат од квадрат 1500 евра а не за цел стан,впрочем најубаво е правење на станбена куќа со многу помалку пари се рави и се опремува одколку да купуваш стан
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.770
Поени од реакции
8.646
Баба или дедо со нива, куќа, земјиште му е мајката...стан на кредит тешко, ги имаат зголемено критериумите за давачки во зависност од големината на кредитот, што за наши Македонски услови е незамисливо, така да Македонецот ќе си седи под кирија и ќе штеди (за илегална трговија не не бива, факт). Јас живеам веќе 2 години под кирија и чекам продажба на имот за да си купам свој стан, на банка пари не давам, каматите се преголеми, да бевме културна земја со ок примања, ќе размислев, вака големи давачки со мали примања не оди никако.
Не можам јас да немам за леб, а кредитот да си го отплаќам, тоа е толку неодговорно што не се опишува, а само овде гледам го применуваат Македонциве од чалам, што е сосема друг муабет.

До пред една деценија имаже една институција се викаше СИЗ за станување и убаво си функционираше,е истите тие шо ги купија становите од сизот за по 1500 марки сега сакаат да ги продадат за по 1500 еу но со мала разлика што бараат од квадрат 1500 евра а не за цел стан,впрочем најубаво е правење на станбена куќа со многу помалку пари се рави и се опремува одколку да купуваш стан
Баш така. Криво ми е што татко ми беше глуп и не зема стан со подмитување на одредени личности кои беа на функција во станбено. А се работеше за мала сума на пари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.700
Поени од реакции
9.986
Воглавно се знае мојот став за факултетите и факултетските дипломи, ама да се повторам факултетската диплома најдобро што може да се искористи е како гз папир после голема нужда. Ама искрено сакам да ми докажете дека не сум во право, посебно на тие од економски и архитектура.
Колку би сакал да не си у право, но...навистина (ако родителот нема нива, викендица или друга недвижнина) доколку не подмитиш, украдеш, уцениш, може да се сликаш со дипломите. Некогаш размислувам зашто немам крадено и праено мучки, наплатувано за секоја услуга...ама ете, не се сите морални и принципиелни (читај -глупи).

--- надополнето ---

Криво ми е што татко ми беше глуп и не зема стан со подмитување на одредени личности кои беа на функција во станбено.
Осеќам дека за ова ќе ме обвинуваат и децата -сте можеле, а не сте џорнале испод маса макар еден стан :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.857
Поени од реакции
7.533
Баба или дедо со нива, куќа, земјиште му е мајката...стан на кредит тешко, ги имаат зголемено критериумите за давачки во зависност од големината на кредитот.
Види сега не сакам да ти се мешам во одлуките ама погледни само колку за колку квадрати простор заменуваш, кога ќе го продадеш имотот на твоите баба и дедо нема враќање.

--- надополнето ---

Колку би сакал да не си у право, но...навистина (ако родителот нема нива, викендица или друга недвижнина) доколку не подмитиш, украдеш, уцениш, може да се сликаш со дипломите. Некогаш размислувам зашто немам крадено и праено мучки, наплатувано за секоја услуга...ама ете, не се сите морални и принципиелни (читај -глупи).

--- надополнето ---

Осеќам дека за ова ќе ме обвинуваат и децата -сте можеле, а не сте џорнале испод маса макар еден стан :)
Види сега условите ги прават такви за да имаш стан или куќа да мора да украдеш да подмитиш, на темава се бара да се размисли да го нема тоа и да нема бездомници, луѓе под кирија и лихварски стамбени кредити. Едноставно пушти го умот фантазирај како мало дете, и што ќе излези да видиме.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.607
Хмм од сторијава и лошата математика се гледа следново:
72.000 евра за кирија
119.420 евра за стан на кредит
ЗАШТЕДА 47.420

Е ЗАШТЕДАТА НЕ Е ТОЛКУ!!!!!

Тоа би требало да звучи вака: Поминале 30 години ти си загубил 72.000 евра ако си бил под кирија.
Поминале 30 години и си загубил 119.420 евра за стан на кредит ама го продаваш станот да речеме з аиста сума по квадрат = 60.000 евра
Разликата е 59.420 евра.
Значи заштедатае 12 илјади евра но во обратна насока.

КАКО И ДА Е ГО ЈАДЕШ СТАПОТ!!!!:)

72.000 евра како кираџија
или
60 илјади евра на банката :pos2:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.857
Поени од реакции
7.533
Не играјте по правилата едноставно прекршете ги, создадете нови правила користете го умот немојте по наметнати стандарди да размислувате, размислувајте надвор од цел систем подмитување, крадење, кредити или живеење под кирија. Поставете си сопствени стандарди едноставно како сакате да изгледа и како да се стигне до тоа.....
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
87
Тапа е во двата случаеви, имот во наследство е тоа што се бара.
Без каматата исто исплаќа, а и кираџијата кога ќе планира да зима стан во готово ќе плати сума приближна на каматата... така да испаѓа исто.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.857
Поени од реакции
7.533
Тапа е во двата случаеви, имот во наследство е тоа што се бара.
Без каматата исто исплаќа, а и кираџијата кога ќе планира да зима стан во готово ќе плати сума приближна на каматата... така да испаѓа исто.
Па нормално дека е тапа затоа што како систем е направен тапа да биде, овде се бара надвор од системот размислување а не во него. Заеби ги двата случаи дајте трет, четврт, петти што би било кога би било?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.423
Поени од реакции
1.821
Буци, бараш решение?
Имаше мислам дека беше опозицијата еден убав предлог.
Ние да земиме стамбен кредит, а државата да ја плаќа каматата. Имаше таму некој пресметки колку би ја чинело државата на годишно ниво, и цената и не беше баш така висока, мислам многу повеќе пари се трошат не беспотребни работи, а овај трошок што би одел на трошок на државата , и те како би му олеснил на граѓаните. Сепак, тој буџет ние го полниме, и крајно време е и ние да видиме нешто аир од него, а не само некој италијански фирми за лиење бронза.

Да дополнам, го најдов предлогот, од Бранко бил....

Проектот "Стан за секого" државата би ја презела обврската да ги плаќа каматите за станбените кредити.
-Според официјалните податоци во 2010 година се очекува станбените кредити да се зголемат за 21,6 милиони евра или со други зборови тоа е нивото на нови станбени кредити пласирани во 2010 година.Просечната каматна стапка за овие кредити е 8% на годишно ниво. Под претпоставка дека во услови кога државата би презела на себе целосно да ја плаќа каматата иако нивото на новоодобрени станбени кредити се зголеми за три пати и од 21,6 вкупниот износ стане 64,8 милиони евра, вкупниот трошок на државата на годишно ниво би изнесувал 5,2 милиони евра. Со издвојување на само 5,2 милиони евра на годишно ниво државата би овозможила утростручување на станбените кредити, граѓаните би добиле бескаматно кредитирање при купување на стан, а индиректно би се помогнала и градежната оператива која се наоѓа во тешка состојба, рече Црвенковски.

Според него проектот на годишно ниво би чинел 21,4 милиони евра, но во буџетот имало средства за реализација.
-Најнетранспарентната и најпроблематична ставка во буџетот за 2010 година "Договорни услуги" изнесува 23 милијарди и 89 милиони денари или 375,4 милиони евра. Со само 6,5% од овие средства може целосно да се исфинансира реализацијата на овие два проекти, вели Црвенковски.


Не ми јадете говна сега, дека Бранко го кажал ова, и одма да плукаме. Не е Бранко тема на муабетов, идеава како идеа е цел на муабетов.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.700
Поени од реакции
9.986
Заеби ги двата случаи дајте трет, четврт, петти што би било кога би било?
Епа ондак...Немам таков ум, ниту фантазија за да излезам од кафезот...можеби сум имал кога сум се женел или скоро после тоа, планирал, надеж, нешто иднина ова она...сега више не, гледам у реалноста некако сивичасто :) машината не меле
Абе после 20 години работа и заработка, брак, семејство, човек да живее во ИксИпсилон услови само заради живеење на стрејт живот, да не повреди некого финансиски и емоционално...како во тој случај да фантазира и излезе од калапот и стегите? Ај да не ти кварам тема Буцио, сепак сум имун на фантазии...како што ѕидарот е имун и не ги осеќа рапавите ивици на циглата.

Она за што спомнуваш -без врски и партии или дедовина (во случај на повеќето држави) или без кредити ...Тертиум Нон Датур - трето нема...или има? :raz:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
87
Па нормално дека е тапа затоа што како систем е направен тапа да биде, овде се бара надвор од системот размислување а не во него. Заеби ги двата случаи дајте трет, четврт, петти што би било кога би било?
Така е, само останува твој избор дали сакаш да те присилуваат обични смртници кои глумат газди или безкрупулозните банки. Надвор од системот размислуваат оние кој живеат надвор од државава.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.857
Поени од реакции
7.533
Буци, бараш решение?
Имаше мислам дека беше опозицијата еден убав предлог.
Ние да земиме стамбен кредит, а државата да ја плаќа каматата. Имаше таму некој пресметки колку би ја чинело државата на годишно ниво, и цената и не беше баш така висока, мислам многу повеќе пари се трошат не беспотребни работи, а овај трошок што би одел на трошок на државата , и те како би му олеснил на граѓаните. Сепак, тој буџет ние го полниме, и крајно време е и ние да видиме нешто аир од него, а не само некој италијански фирми за лиење бронза.
Благодарам за мислењето на опозицијата, ајде сега твое мислење не е битно какво е измисли го фанртазирај, креирај го, луѓето што работат со музика се големи креативци. Искажи го твоето мислење како би се решил овај проблем, нема бездомници, нема луѓе под кирија, нема лихварски камати. Ејјј па сме го имале тоа дури и за време на Османлиската империја немало бездомници, освен кога турскиот аскер ги палел куќите поради освета од востанија.

--- надополнето ---

Она за што спомнуваш -без врски и партии или дедовина (во случај на повеќето држави) или без кредити ...Тертиум Нон Датур - трето нема...или има? :raz:
Има има трето тоа е твојот став со помислата како би било кога би било. Дури и овие услови што се дадени тука како правила на игра се измислени од некого, едноставно што се бара од тебе да измислиш нови. И го имаш тоа во тебе само треба да го истакнеш.

--- надополнето ---

Така е, само останува твој избор дали сакаш да те присилуваат обични смртници кои глумат газди или безкрупулозните банки. Надвор од системот размислуваат оние кој живеат надвор од државава.
Што е државата измислен систем, капитализам, феудализам, робовладетелство. Се бара од тебе да измислиш нов систем каде секој има сопствен дом. Едноставно фантазирај за тоа како би изгледало според тебе.

--- надополнето ---

Така е, само останува твој избор дали сакаш да те присилуваат обични смртници кои глумат газди или безкрупулозните банки. Надвор од системот размислуваат оние кој живеат надвор од државава.
Што е државата измислен систем, капитализам, феудализам, робовладетелство. Се бара од тебе да измислиш нов систем каде секој има сопствен дом. Едноставно фантазирај за тоа како би изгледало според тебе.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.423
Поени од реакции
1.821
Благодарам за мислењето на опозицијата, ајде сега твое мислење не е битно какво е измисли го фанртазирај, креирај го, луѓето што работат со музика се големи креативци. Искажи го твоето мислење како би се решил овај проблем, нема бездомници, нема луѓе под кирија, нема лихварски камати. Ејјј па сме го имале тоа дури и за време на Османлиската империја немало бездомници, освен кога турскиот аскер ги палел куќите поради освета од востанија.
Шо има да фантазирам, еве конкретен предлог, издржан со бројки. Мене ич не ме интересира на кого му текнало. Битно ми е дека му текнало. Побара решение? Бујрум едно.
Еве и друга позитивна страна од овај предлог. Државата можи да отвори тендер за банка која што ќе понуди најниска каматна стапка за стамбен кредит да склучи договор, таа да ги плаќа каматите. Е сега, тогаш каматата нема да биди 8% туку ќе биди 3% измислувам. Зошто? Прво, за да склучи договор банката со државата мора незината каматна стапка да е најниска. Второ, со склучувањето на договорот сите стамбени кредити ќе одат преку таа банка, и тоа ја притиска каматата на долу. Трето, сигурноста дека камата ќе биде исплатена.
И на крај ќе заклучиме, дека и оние бројки што се спомнати погоре, ќе бидат видливо помали...
 

Koko Roko

Oh Mr. Topper!!!!!!
Член од
21 јуни 2010
Мислења
623
Поени од реакции
563
Од прилика становите во Скопје се од 1000 до 1500е квадрат, но во другите градови можат да се најдат станови од 50 до 70 квадрати за цена од 30000 или 40000е. Сега ако сите сакаме во Ск. тоа е друга работа, но пр. ако имаш имот во Ск. и го продадеш во др. град би можел да земеш стан со пристојна квадратура + да ти останат пари за адаптирање на средината.
 
На врв Bottom