Куќа пак со голем двор е обврска и трошок. Јас живеев и во куќа и во стан, имам двор од 500 квадрати, и сега е веќе зараснат и ќе треба да се кастри корни ретчи. Има и јаболкници, круши вишни дунка малку лозница, се треба да се одржава подкопни повади... значи често после работа по ручек место да се спружиш и дремиш треба да се работи, а сметките за вода се неколку пати повисоки. Греењето е поскапо и потешко, за 100 квадрати треба скоро 12 кубици дрва башка во 2 соби со струја е греењето, треба да исцепиш запалиш истресеш пепел исчистиш бории и оџаци. Во стан обично имаш до тебе под тебе над тебе друг стан кој се грее, или на парно, колку толку е поизолирано, куќата постојано има одржувања кровови после зими преглед и санирање ако негде прокапело, кога и да е ќе дојде покрив за менување, јас ова година то ќе прам само место кров ќе кренам подкровје, па олуци чистење, ограда да се бојадиса.... Во стан ги нема некои од обрските и трошковите. Ете само да ти доловам, се враќаш зимата од работа, треба да запалиш оган да се стопли, (ако и жената е вработена) да исчистиш снег од дворот и приодната патека, гладен си и ти се дремнува, ако не направиш одма после ќе биди потемно и постудено а после ручек нема да ти се мрднува, на лето идиш од работа гладен испотен уморен, треба да повадиш двор и дрвјата можи и тревата да искосиш а ти се мава еден туш, ручек па да легнеш пред ТВ со ладно пивце, али умо ти е во сувата земја и сметката за вода..... И едното и другото си има предности и мани зависи од човекот како е навикнат и што му сака душата.