Стан или куќа ?

Стан или куќа ?

  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека се е до потребите на индивидуата, јас во моментов имам стан од причина што живеам сам и голем дел од денот воопшто не сум дома, се случува да заминам на патување или работа и да сум отсутен подолг период па станот ми е многу полесен и поефтин за одржување. Инаку планот ми е кога ќе се пензионирам работно да го шитнам станот и со парите да купам или соградам куќа во некое мало мирно место.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
House (y) , со моменталново озвучење ..не би поминал добро ако сум у стан :D
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Станот дефинитивно бара помал ангажман во одржување ,но и нуди помал комфор . Од друга страна куќата е покомфорна за живот ама обврски еден куп , па сега кого како му е мило !!!
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Јас би одбрал куќа. Сум живеел и во стан и во куќа, моментално живеам во куќа. Подобро ми е во куќа, но не значи дека не ми се допаѓа и живот во стан.
Куќа повеќе сакам затоа што имам повеќе ширина, имам двор, осеќам поголема приватност отколку во стан. Можам секогаш да ја проширам куќата ако дојдам до повеќе пари.
Во стан не ми се допаѓа тоа што каква и да е штета направена од било кој станар може да биде загрозен и твојот стан. Ако се пушти па гласна музика или ако имаш повеќе гости веднаш се жалат комшиите.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Во лето куќа,во зима стан побрзо се загрева + имаш помош и од комшиите и мала сметка за струја
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Цел живот сум во стан, и би сакала во куќа да пробам.
Ако ти се погодат некои fail комшии, очајно ќе сакаш да одиш во куќа. Предност на куќата е си имаш дворче, кога сакаш можеш да одиш надвор, јас џабе кога имам тераса, ретко кога излегувам на неа, нема кој да ти тропка над тебе, макар и под тебе, да те замара со глупа музика, си пушташ гласче колку сакаш и си уживаш, негативности незнам дали има :LOL:
Негативности на станот, се предностите на куќата :icon_lol: , а со комшии како моите има милион негативности:pos:, а за предности шо знам, си го зацрстуваш задникот со секојдневно качување по скали:pos:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.944
Поени од реакции
23.370
сум живеел во стан скоро цел живот и кај ме натера ѓаолот во куќа.
ке седиш во дворот , ке си го уредиш. како да не. го немам видено.
посебно кога си на работа. и еден ден во неделата наместо да се одмориш ти ке косиш трева, ке бериш лисја и уште еден тон глупости.
да си пензионер да , немаш попаметна работа, ама вработен дека ке седиш во дворот да прашам од дома. кога ке го забаталиш змијарник ке се направи. па да не заборавиме влага ти фатила куќата, прокапило, се скршила керамида, се наполнал олукот, ти прскале колите по фасадата. абе еден милион глупости за само да седиш во дворот кој и така ке ти го серат мачките ако немаш куче. ако имаш ке ти го сери кучето:). подобро во паркот оди и седи колку да сакаш. за греење да не ни зборувам. ако ми кажува некој дека кукјата е потопла од најглупиот стан , нека не се мачи. сум бил сум видел.
за комшиите и приватноста, ако ти е лепенка кукјата толку од приватноста. а секогаш ама секогаш ке се погоди некој комшија од улицата или од влезот што е удав или скаран со сите. секогаш и секаде има такви, така да и да си во куќа пак ке си најди нешто рачка за беља. ако ништо друго ке ти ја паркира колата пред врата онака за инает дека улицата не е твоја туку е на сите. и оди карајсе после.
во станот кога живеев една клешта имав и штравцигер, толку ми требало. сега цел арсенал имам од алати и пак џабе. секогаш нешто ке се најди за поправка.цел живот ке ја прајш, а во станот евентулано ке исфарбаш одврерме на време или ке смениш гарнитура. се друго тие таму каде што треба. единстевно позаебано од куќа е стан на поткровје. е тогаш ги имаш скоро истите проблеми како со куќа само што имаш еден куп скали за пентерење.
некој спомна ако имам пари ке ја поткренам за децата. аха нема лошо, и тие ке ти седат. или ке заминат или ке се искарат или ке те пикнат во визба ко ке остариш за да не им пречиш. и кога ке видиш ако си имал пари поарно да си им купел по еден стан. порајат ке беше.
значи дефинитвно стан во сите погледи.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Зависи од многу фактори а најмногу каде сакаш да живееш.
Ако сакаш помирен и подомаќински живот, приватност и комоција тогаш куќа која е понастрана од центарот на градот, што е за мене најдобар избор.

Ако сакаш да си поблиску до центарот на градот ондак барај некое станче на атрактивна локација со добар поглед и по можност што повисоко (ама да има лифт).

Најлоша комбинација е стан во периферија
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Куќа. Најголема приватност имаш, и не мораш да трпиш комшии - ако не сакаш.
--- надополнето: 28 февруари 2012 во 10:58 ---
сум живеел во стан скоро цел живот и кај ме натера ѓаолот во куќа.
ке седиш во дворот , ке си го уредиш. како да не. го немам видено.
посебно кога си на работа. и еден ден во неделата наместо да се одмориш ти ке косиш трева, ке бериш лисја и уште еден тон глупости.
да си пензионер да , немаш попаметна работа, ама вработен дека ке седиш во дворот да прашам од дома. кога ке го забаталиш змијарник ке се направи. па да не заборавиме влага ти фатила куќата, прокапило, се скршила керамида, се наполнал олукот, ти прскале колите по фасадата. абе еден милион глупости за само да седиш во дворот кој и така ке ти го серат мачките ако немаш куче. ако имаш ке ти го сери кучето:). подобро во паркот оди и седи колку да сакаш. за греење да не ни зборувам. ако ми кажува некој дека кукјата е потопла од најглупиот стан , нека не се мачи. сум бил сум видел.
за комшиите и приватноста, ако ти е лепенка кукјата толку од приватноста. а секогаш ама секогаш ке се погоди некој комшија од улицата или од влезот што е удав или скаран со сите. секогаш и секаде има такви, така да и да си во куќа пак ке си најди нешто рачка за беља. ако ништо друго ке ти ја паркира колата пред врата онака за инает дека улицата не е твоја туку е на сите. и оди карајсе после.
во станот кога живеев една клешта имав и штравцигер, толку ми требало. сега цел арсенал имам од алати и пак џабе. секогаш нешто ке се најди за поправка.цел живот ке ја прајш, а во станот евентулано ке исфарбаш одврерме на време или ке смениш гарнитура. се друго тие таму каде што треба. единстевно позаебано од куќа е стан на поткровје. е тогаш ги имаш скоро истите проблеми како со куќа само што имаш еден куп скали за пентерење.
некој спомна ако имам пари ке ја поткренам за децата. аха нема лошо, и тие ке ти седат. или ке заминат или ке се искарат или ке те пикнат во визба ко ке остариш за да не им пречиш. и кога ке видиш ако си имал пари поарно да си им купел по еден стан. порајат ке беше.
значи дефинитвно стан во сите погледи.

Тоа дека не те интересира да го уредуваш :) Мајка ми секој слободен момент е во двор и го уредува. Ужива во тоа :) А и татко ми не заостанува мн. зад неа. Јас не му се замарам, освен летно време да се ладам таму, ама на нив им е убаво, и постојано нешто прават.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.944
Поени од реакции
23.370
Куќа. Најголема приватност имаш, и не мораш да трпиш комшии - ако не сакаш.
--- надополнето: 28 февруари 2012 во 10:58 ---

Тоа дека не те интересира да го уредуваш :) Мајка ми секој слободен момент е во двор и го уредува. Ужива во тоа :) А и татко ми не заостанува мн. зад неа. Јас не му се замарам, освен летно време да се ладам таму, ама на нив им е убаво, и постојано нешто прават.
за приватноста не можам баш да се сложам, пошто мојата е лепенка со друга куќа, а и комшиите ми се погодија некако радознали ама ете се навикнав.
за дворот убаво реков, наместо да се одморам ке треба да го одржавам. многу е подруго кога друг ке го одржава а ти само ке се уживаш. пробај па кажими какво е чувството кога наместо да одмораш или незнам што ке правиш, да одиш и да му поможш на твојте без разлика дали си уморна или не.
додуша можи и дека цел живот сум во стан растен немам некоја навика да копкам во дворот, а можеби и сум само мрза. незнам.
 
Јас секако го чистам дворот, меѓутоа не садам цвеќиња, не ја полнам/празнам фонтаната, итн. Не затоа што ме мрзи, туку затоа што моите уживаат во таа работа. Еднаш се фатив да посадам јаготки, мајка ми одма ме избрка, за неа е тоа најдобар психички одмор :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
за приватноста не можам баш да се сложам, пошто мојата е лепенка со друга куќа, а и комшиите ми се погодија некако радознали ама ете се навикнав.
за дворот убаво реков, наместо да се одморам ке треба да го одржавам. многу е подруго кога друг ке го одржава а ти само ке се уживаш. пробај па кажими какво е чувството кога наместо да одмораш или незнам што ке правиш, да одиш и да му поможш на твојте без разлика дали си уморна или не.
додуша можи и дека цел живот сум во стан растен немам некоја навика да копкам во дворот, а можеби и сум само мрза. незнам.
Нај лоша и глупа варијанта..лепенка и затоа се жалиш.
И дворот не е бог знае колку тешко за одржување,ако имаш воља..а ако те мрзи друга работа е тоа..избетонирај цел двор и ќе немаш ни трева за косење ништо (y)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.944
Поени од реакции
23.370
е сега вие под куќа што мислите, караула, на крајот од селото.
која куќа в центар не е лепенка.барем тука кај мене цела улица се лепенки, така да...
инаку за одржување реков 100 стапа по туѓ грб ич не болат.
земи сам одржувајтего па ке збораме.
и тоа е само за дворот, ами куќа како куќа секогаш си бара работа нешто околу неа.
било како било сега да можам да бирам каква куќа какви бакрачи.
 
Јас не живеам во Центар, и лепенка имам до мојата куќа, но од кај што почнуваат дворовите, има доста висока ограда, паи да сакаат да ѕиркаат - не можат ;)
Башка некому е задоволство да средува двор, ехе, мајка ми и стрина ми само тоа нешто џавкаат, планираат, сам свој мајстор изведуваат ;)

Не би можела да живеам во стан, зошто едноставно немаш приватност. И морам да ги трпам сите, од сите станови. Јас сакам мир и тишина, а во зграда... тоа е практично невозможно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom