Стан Под Кирију (Скопје)

Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Тафталиџе е малку подалеку, според мене вреди и да дадеш малку повеќе пари за кирија за да бидеш во walking distance од Центар, за да не се ебаваш со превози и слично, секако кога ќе видиш на крајот истите пари си ги дал за гориво/автобус. Ако веќе се решиш за Тефталиџе, можеш да одиш и во Влае, има доста добри нови куќи направено таму. За греење не му ја мисли толку секако мине сезоната, а и нема цел ден да бидеш таму, колку да се стоплиш малку.
Тафталиџе и Влае другар не се исти, не заебавај.
За греење, може ќе помине сезоната дури да најде и да се всели, ама бидејќи бара на форумов, не верувам дека му е само за едно лето. Парното има еден тон предности пред греалки, клими, шпорети, ни најмалце не е исто „колку да се стопли малце“. Јас лично сакам кога ќе станам да ми е топло, кога ќе одам во WC да ми е топло, да се шетам нормално низ стан, не само да греам една соба.
Walking distance не знам колку е applicable во Скопје. Супер би било ако му е блиску до работа / факултет, ама ако седи во Центар не значи дека ќе биде на кеј 24/7. Важно е населбата да е поврзана добро со автобуси ако веќе не вози кола (затоа не ги сакам Автокоманда / Кисела Вода).

@Adrijan_1990 Во Аеродром 100% ќе најдеш до 200 ЕУР одлично среден стан ако ти е за тебе сам, не сфатив за колку луѓе ти треба. Ако ти е за 3+, до 250 ќе треба да одвоиш. Кај железничка ти е супер, имаш автобуси и поврзаност низ цело Скопје, ептен блиску до центар, ако возиш точак ти е топ (велосипедска + кеј, стигнуваш побрзо од автобус).
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Јас би ти советуал да гледаш да е блиску до Партизанска, дали на 2 или 5 минути одалеченост не менува толку, битно да е блиску. Дека така ќе си поврзан со секој град од градот и нема скоро никогаш да ти треба два автобуси да менуваш, а и супер е кога најчесто ќе ти требаат 2 минути чекање за бус до Центар или слично, бидејќи сите би ти одговарале. Тука и е СЦМ, а и за се друго до Центар стигаш за 10тина минути со автобус зависи за кој дел поточно. Генерално гледај да си некоја од општините што граничат до Центар, а од нив Карпош би го стаивил на прво место, па Аеродром, па Кисела Вода како најмалку добра. Чаир и тој дел секако ти се многу ефтини, и за 100 евра ќе најдеш, што е иста одалеченост од Центар како и другиве 3 ако не и поблиску, но таму не е добро поради безбедносни причини. Во Центар можеш во Капиштец да најдеш за 200 евра во ретки случаеви, но обично за постари згради, јас имам порано ко помал за 250 евра месечно живеено во поголем стан во Капиштец во нормална зграда, па би требало за 200 евра да се најде нешто во постара зграда без лифт.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.007
Мислам дека темата не е дијалектот, јас лично ги почитувам сите дијалекти, иако не сакам да ги слушам, но секој има право да си зборува како сака, поради недоволно грижа во училишниот систем. Не гледам зошто некоја будала која пред 100 години одлучила да биде стандарден прилепско-велешки, да наметнува свој говор наместо скопскиот кадешто живее половина од населението и го присвојува како свој говор и е историски и културен центар на регионот.
(Извини за оффтопикот)
Сепак,од сите градови..Прилепчаните го изговараат почисто и појасно јазикот,освен што зборуваат со Ч наместо Ќ во одредени зборови.
Онтопик.
На реклама5 можиш да побараш,ќе најдеш сигурно тоа што бараш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Тафталиџе и Влае другар не се исти, не заебавај.
За греење, може ќе помине сезоната дури да најде и да се всели, ама бидејќи бара на форумов, не верувам дека му е само за едно лето. Парното има еден тон предности пред греалки, клими, шпорети, ни најмалце не е исто „колку да се стопли малце“. Јас лично сакам кога ќе станам да ми е топло, кога ќе одам во WC да ми е топло, да се шетам нормално низ стан, не само да греам една соба.
Walking distance не знам колку е applicable во Скопје. Супер би било ако му е блиску до работа / факултет, ама ако седи во Центар не значи дека ќе биде на кеј 24/7. Важно е населбата да е поврзана добро со автобуси ако веќе не вози кола (затоа не ги сакам Автокоманда / Кисела Вода).

@Adrijan_1990 Во Аеродром 100% ќе најдеш до 200 ЕУР одлично среден стан ако ти е за тебе сам, не сфатив за колку луѓе ти треба. Ако ти е за 3+, до 250 ќе треба да одвоиш. Кај железничка ти е супер, имаш автобуси и поврзаност низ цело Скопје, ептен блиску до центар, ако возиш точак ти е топ (велосипедска + кеј, стигнуваш побрзо од автобус).
Автокоманда ти е подобро поврзана од сите други населби со автобуси, единствено се поретки кон Аеродром, инаку кон Центар/Карпош имаш нон стоп и кон другиве на влез Хиподром/Марино/Петровец...очигледно не ја познаваш населбата, а имаш и паркинзи, паркови и пониска кирија од многу други населби.
Кисела Вода е заебана со 24ка наутро, многу гужва е, 4ка е слично, али пак ако си во делот на Рампа или Шампионче не ти е Центар далеку ни за пешки. Кисела Вода имам живеено скоро 5 години и не би се враќал само заради гужвите со паркинзи, густо наредени згради и што нема паркови каде да одмориш на лето.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Мислам дека темата не е дијалектот, јас лично ги почитувам сите дијалекти, иако не сакам да ги слушам, но секој има право да си зборува како сака, поради недоволно грижа во училишниот систем. Не гледам зошто некоја будала која пред 100 години одлучила да биде стандарден прилепско-велешки, да наметнува свој говор наместо скопскиот кадешто живее половина од населението и го присвојува како свој говор и е историски и културен центар на регионот.
Затоа што Скопје веројатно не бил центар кога се кршел литературниот јазик? Историја, нешто? И затоа што ако ги слушаш со тоа лигавеееењето сакаш да се пукаш во чело? Ок, ај доста за тоа. Будала била секако таа што го составила јазиков, па не вреди да коментираме.
Прилепски е далеку од литературниот, џабе тие си мислат дека е.
Велес, да.

Он топик.
Блиску да е до Центар е широк поим. Веројатно ти треба за школо/работа, па барај во таа околина.
Кисела Вода да ме утепаш не би живеела, а Аеродром е мноооогу преценет.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Автокоманда ти е подобро поврзана од сите други населби со автобуси, единствено се поретки кон Аеродром, инаку кон Центар/Карпош имаш нон стоп и кон другиве на влез Хиподром/Марино/Петровец...очигледно не ја познаваш населбата, а имаш и паркинзи, паркови и пониска кирија од многу други населби.
Стварно се надевам дека не си сериозен за болдираното.
Автокоманда ја знам прилично добро, 3.5 години живеев таму. Тебе цело Скопје ти е Центар/Карпош и Хиподром/Марино/Петровец? Не ми кажувај, одвратна населба е за автобуси, не можеш никаде да стигнеш што не е Карпош. Како би стигнал до Кисела Вода? 13ка? На 2 саати една што ја има? Аеродром да не ни зборам. Има причина зошто се кириите поефтини.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Стварно се надевам дека не си сериозен за болдираното.
Автокоманда ја знам прилично добро, 3.5 години живеев таму. Тебе цело Скопје ти е Центар/Карпош и Хиподром/Марино/Петровец? Не ми кажувај, одвратна населба е за автобуси, не можеш никаде да стигнеш што не е Карпош. Како би стигнал до Кисела Вода? 13ка? На 2 саати една што ја има? Аеродром да не ни зборам. Има причина зошто се кириите поефтини.
16ка? А шо бараш во Кисела Вода, реално?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Стварно се надевам дека не си сериозен за болдираното.
Автокоманда ја знам прилично добро, 3.5 години живеев таму. Тебе цело Скопје ти е Центар/Карпош и Хиподром/Марино/Петровец? Не ми кажувај, одвратна населба е за автобуси, не можеш никаде да стигнеш што не е Карпош. Како би стигнал до Кисела Вода? 13ка? На 2 саати една што ја има? Аеродром да не ни зборам. Има причина зошто се кириите поефтини.
Па ако треба да одиш секој ден во К. Вода, тогаш таму седи, секако си под кирија. Инаку имаш 16ка до Црниче, или да се симнеш на зелен пазар па да фатиш 4 или 24, или од транспортен 41.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Не знам зошто толку хејт спрема КВ, како што кажа Кеплер и јас наведов пример, делот од општината кај Шампионче е скроз блиску до центар па дури и пешки можеш да си отидеш и еве го каде е плоштадот по Борис Трајковски/11тиОктомври, пр зградите кај Тутунски комбинат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Нема никаде хејт спрема Кисела Вода, ниту кон Автокоманда. Едноставно, Даце@мкд кажа дека Автокоманда била најдобро поврзана со автобуси од било која населба. Тоа е прилично глупо да се тврди, особено пошто Автокоманда единствено е поврзана со населба-две. Ако ми кажуваш дека треба после Автокоманда треба да фатам 4ка или 24ка до било која населба, или ваму/таму ми било поблиску пешки, не сакам ни да разговарам, тоа е двојна линија за мене, и е далеку од „најдобро поврзана населба од сите други“.
Факт е дека Автокоманда има единствено автобуси што минуваат низ Партизанска и тоа е тоа. Ако сте butt-hurt за тоа, IDGF, и онака ептен забегавме од темава.

16ка? А шо бараш во Кисела Вода, реално?
Ништо посебно. Дечкото тврдеше дека Автокоманда било најдобро поврзана населба од било која друга, само го прашав како би стигнал од Автокоманда до Кисела Вода. 16ка и онака не иде до таму. Види цитат погоре, забегавме од темата.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Абе другари, под кирија сте, ставате на кантар што ви се исплати најдобро и таму ќе живеете, кога бев во најголема гужва со активности работа+факултет, си плаќав поскапа кирија во строг центар, се ми беше на 15 минути од дома, али не се акав со автобуси, па парите за карта и што се ми беше при рака ми го покриваа вишокот за киријата.
Имам живеено во многу населби низ Скопје и не гледам што е лошото да се преселиш ако не ти одговара некое место на живеење, не сте венчани за станот.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Ништо посебно. Дечкото тврдеше дека Автокоманда било најдобро поврзана населба од било која друга, само го прашав како би стигнал од Автокоманда до Кисела Вода. 16ка и онака не иде до таму. Види цитат погоре, забегавме од темата.
Па ниедна линија не оди насекаде, или секоја населба да е поврзана со секоја, ако гледаме така.
Реално, Автокоманда/Кисела Вода се исплати само ако работиш Центар некаде, се што ти е накај Карпош/друга населба не ти се исплаќа да менуваш бус ко што викаш.
IDGF ни мене реално, си муабетиме само.
 
A

Adrijan_1990

Гостин
У принцип ја работу на интернет, значи за да преживу ќе ми треба интернет, машина за прање, греење/ладење, и точак. Локација не ми е толко битна освен Чаир (и Кисела Вода) не.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
У принцип ја работу на интернет, значи за да преживу ќе ми треба интернет, машина за прање, греење/ладење, и точак. Локација не ми е толко битна освен Чаир (и Кисела Вода) не.
Зошто не Кисела Вода?
 
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Дали некој отстапува/издава стан од 1 јули во Кисела Вода, Мичурин, Карпош, Капиштец? Ми треба стан со една спална до 11000 ден. Доколку има таков, ве молам пишете ми. По огласиве се едни исти станови се вртат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom