Станови во Скопје, совети за купување.

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Мора да признам дека Скопје е најразвиен град во МКД и статистички по можности и услови е најдобар град во МКД. Но иако имам обезбедено домување во Скопје, за личност како мене што е од мал град никогаш или многу тешко може да се навикне во таков град и ретко одам во Скопје. Сепак е тоа мое мислење и не е за осудување.

Што се однесува до Солун, јас сум многу позитивно изненаден од солун, поготвото што немаат или многу ретко имат згради повисоки од 7 стпрата.BTW метрото е готово и пуштено во тест повеќе од 6 месецит (може да се користеи само во одредени тури како промоција) за пуштање во масовно користење се планира за максимум оваа година
Скопје воопшто не е „развиен„, туку е разбиен, а уште помалку е „град„. Се чини дека недоволно добро ја познаваш збирштинава, која по инерција ја нарекуваме „град Скопје„.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
па тоа е доказ дека споредбите се нереални.

И не само заради различните давачки. Еве, си живееш мирно во убаво уредена куќа карши порта Влае. Одеднаш дупот го менуваат, ќе ти никне/никнат 20 катница пред нос. За ова не се криви давачките, едноставно ризик е да имаш куќа денес било каде во Скопје. Општ хаос е што нема врска со давачките.
Се согласувам, и поради истото не треа да се прават споредбите за цените. Нели, оправдување за растот на цените е често дека секаде во главните градови биле високи. И да, тоа е точно, арно ама овде на тротоарот е почисто отколку во поголемиот дел од влезовите таму, во стари згради во мкд изгледа како да ја гаѓала артилерија, улици од 8+ метри низ сокаци а не како овие што ги продаваат по Кисела Вода, Влае, Ѓорче и делови на Водно со 2 метри уличка, ако се запали една ќе сибат мајката цела улица додека да влезе пожарната.
Автоматски споено мислење:

Мора да признам дека Скопје е најразвиен град во МКД и статистички по можности и услови е најдобар град во МКД. Но иако имам обезбедено домување во Скопје, за личност како мене што е од мал град никогаш или многу тешко може да се навикне во таков град и ретко одам во Скопје. Сепак е тоа мое мислење и не е за осудување.

Што се однесува до Солун, јас сум многу позитивно изненаден од солун, поготвото што немаат или многу ретко имат згради повисоки од 7 стпрата.BTW метрото е готово и пуштено во тест повеќе од 6 месецит (може да се користеи само во одредени тури како промоција) за пуштање во масовно користење се планира за максимум оваа година
Екстремно лесен да се снајдеш, дури и за памтење на улици. За снаоѓање ги следиш само булеварите, и немаш промашај.
Дури и за возење Скопје е боза, а и општо, не се страшни градовите додека не фатат по 2м жители, после тоа идат заебанции. Таму е проблемот што се вози freestyle, и нема никаква сообраќајна култура ни од возачи, ни од пешаци, не до самите сообраќајни решенија.
 
Последно уредено:

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Интересно што темава полека се насочува за Солун (и околијата), пошо верувам дека не сум единствениот кој размислува да се пресели таму, или барем да купе “викенд-станче“ низ околината и да ужива во благодетите тамошни.

Некако ми нема смисла веќе животот во Скопје, пошо ни јас ни сопругата не работиме во канцеларија туку од дома.
Генерално цените се движат околу 2000е/м2 околу Солун и до кракот, а во други градови (како Катерини) идат и доста пониско.
Становите тамошни се претежно градени во 70-те и 80-те, но се наоѓаат и од 2000+ година.

Се почесто што зборам со луѓе размислуваат наместо да ги инвестираат парите во втор/трет стан во Скопје дека е попаметно да се купи во Грција (зборам за луѓе од ИТ фела, не крими босови)

Дали некој од форумов имал искуство до сега, на што треба да се внимава при купување и сл.
Јас правев некое истражување но би сакал да слушнам и мислење на некој што веќе го поминал тоа.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695

Imas nekoja proverena strana kade gledas za stanovi vo solun i okolinata? Daj pusti nekoe linkce ako ti se naoga (da znam deka mozes da izguglas ama dali e toa pravata strana da gledas od kaj da znam). Veke nekoe vreme go gledam ova kako opcija pa bi sakal da napravam malku podobro istrazuvanje.
 
spitogatos
spiti24

ова се нивни реклама5/пазар3 за некретнини.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.822
...да се купи стан во Грција, нели еден од условите за странците е да се има било кој ЕУ пасош? дали тоа значи дека сите вие кои размислувате на таков начин за купување на стан кај јужниот сосед имате бугарски пасош или сте во процедура за истиот, па за еден стан во Грција ќе биднете и блгарска хора? :cautious: или грешка сум нешто?
 
Paaaa ima uste 25 alternativi na EU pasos cisto da se najdam u muabet de.
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
...да се купи стан во Грција, нели еден од условите за странците е да се има било кој ЕУ пасош? дали тоа значи дека сите вие кои размислувате на таков начин за купување на стан кај јужниот сосед имате бугарски пасош или сте во процедура за истиот, па за еден стан во Грција ќе биднете и блгарска хора? :cautious: или грешка сум нешто?
Не е точно дека мора да имаш ЕУ пасош. Разговарав со грчки агенти за недвижности, објаснија само дека треба да се извади VAT/Tax Number на почетокот на процесот.
Еден куп Срби што имаат станови у Грчка немаат Еу пасоши.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.822
Не е точно дека мора да имаш ЕУ пасош. Разговарав со грчки агенти за недвижности, објаснија само дека треба да се извади VAT/Tax Number на почетокот на процесот.
Еден куп Срби што имаат станови у Грчка немаат Еу пасоши.
...провери си, остај ти грчки агенти за недвижности, да не го платиш станот, а да се води на друго име, закон во Грција е имовина можеш да купиш само ако си грчки државјанин, а тоа може секој да постане ако „вложи“ над 100 000 Е во државата или да е државјанин на било која земја во ЕУ, барем така беше до минатата година, но може има измени не велам не, штом го донеле законот за склучување на еднородни бракови и тоа во држава со толку манастири, христијанска, све е можно преку ноќ!
 
Член од
7 април 2019
Мислења
23
Поени од реакции
43
Повеќе од 5 години на назад може да се купуваат недвижнини во Грција со македонско државјанство.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.544
Поени од реакции
62.445
...провери си, остај ти грчки агенти за недвижности, да не го платиш станот, а да се води на друго име, закон во Грција е имовина можеш да купиш само ако си грчки државјанин, а тоа може секој да постане ако „вложи“ над 100 000 Е во државата или да е државјанин на било која земја во ЕУ, барем така беше до минатата година, но може има измени не велам не, штом го донеле законот за склучување на еднородни бракови и тоа во држава со толку манастири, христијанска, све е можно преку ноќ!
Не тропај глупости кога не си запознаена. Половина Куманово има апартмани купено на прв крак за издавање.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.822
Не тропај глупости кога не си запознаена. Половина Куманово има апартмани купено на прв крак за издавање.
...а ти им го виде имотниот лист на сите кумановци со нивно име и презиме, што тропам глупости? јас не тврдам дека немаат „купено“, прашање на кој начин е сопственоста на таа имовина со посредник ли, со износ над 100 000 евра и државјанин на ЕУ, ме потсети на моја колега кој исто така има стан сопствен ми го нудеше за одмор, ама на крај призна дека има бугарски пасош, не велам не, јас амо спомнувам како беше до сега,
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.544
Поени од реакции
62.445
...а ти им го виде имотниот лист на сите кумановци со нивно име и презиме, што тропам глупости? јас не тврдам дека немаат „купено“, прашање на кој начин е сопственоста на таа имовина со посредник ли, со износ над 100 000 евра и државјанин на ЕУ, ме потсети на моја колега кој исто така има стан сопствен ми го нудеше за одмор, ама на крај призна дека има бугарски пасош, не велам не, јас амо спомнувам како беше до сега,
Престани, сериозно.
 
Член од
22 август 2012
Мислења
239
Поени од реакции
170
Интересно што темава полека се насочува за Солун (и околијата), пошо верувам дека не сум единствениот кој размислува да се пресели таму, или барем да купе “викенд-станче“ низ околината и да ужива во благодетите тамошни.

Некако ми нема смисла веќе животот во Скопје, пошо ни јас ни сопругата не работиме во канцеларија туку од дома.
Генерално цените се движат околу 2000е/м2 околу Солун и до кракот, а во други градови (како Катерини) идат и доста пониско.
Становите тамошни се претежно градени во 70-те и 80-те, но се наоѓаат и од 2000+ година.

Се почесто што зборам со луѓе размислуваат наместо да ги инвестираат парите во втор/трет стан во Скопје дека е попаметно да се купи во Грција (зборам за луѓе од ИТ фела, не крими босови)

Дали некој од форумов имал искуство до сега, на што треба да се внимава при купување и сл.
Јас правев некое истражување но би сакал да слушнам и мислење на некој што веќе го поминал тоа.
Може само да ти напоменам да внимаваш на годишен данок на имот, имам слушнато дека е прилично голем и затоа е направено да се плака квартално. Многу битно било локација, дали е стан во кој се живее, дали е стан за изнајмување и слично. Така да ако не живееш за стално незнам колку би ти се исплакало да плакаш данок на имот и режистки трошоци, данок на имот на стан испагал до 1000 евра годишно. Затоа и во Солун нема толку голем градежен бум, бидејки ако не си по лична карта на него прилично е скапо а не верувам дека е евтино е оджувањето.
Исто така ако имаш на ум да купеш не за изнјумвање за летно време па треба добра математика да се направи, и Грција можеби не е најсредена но си има некој правилници, пример има квоти за нокевање секое место колку му дозволута кревети за нокевање, за тоа некогаш може да е чудно во паралија на убаво место да не работе некој, едноставно неможел да изваде дозвола да издва соби или изваде со премалку нокевања.

И трето мислеш после 6 недели нема да ти здосади Катерини, можеби Солун не, но што ке правеш во Катерини цела година.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom