Иначе да Скопје нема возови, трамваи или подземна железница. Само не ја гледам потребата од тоа пошто сме град од пола милион, а инвестицијата да се направи тоа е ОГРОМНА. Обично тоа е пракса во градови што се големи пример 5Милиони и више.
Повеќе од 12 години живеев во странство, времето што го трошев на патување кола или воз/автобус/трамвај е далеку далеку поголемо негошто го трошам моментално одејќи на работа со кола во најголемата гужва моментално сега низ Скопје.
Војводо, да не си малку јанглаш?
Остави ти економска оправданост кога таква инвестиција значи збогум сообраќаен хаос. Сакаш да ми кажиш дека во 30+ години држава доколку не се крадеше на ангро и доколку не го прееба градот урбаната мафија Скопје немаше да има еден нормален трамвај?
Еве Лисабон ти е град од пола милион жители, има трамвај, дури и атракција е во старите делови од градот по тоа ридовите горе долу да се движиш. Што ја спречи Македонија во цела оваа нели трансформација на општествениот капитал да направи добри булевари во Скопје и да направи една функционална трамвајска мрежа?
Викаш си живеел и функционирал во милионски градови, абе другар, живеам во град од 400.000 жители, има автобуси, има трамваи и има подземна железница. Како овие тука глупите не се сетиле дека на толку жители НЕ им се исплати истото?
Пропорционално со платите картите биле смешна цена за превоз, а сигурно и кај нас ќе беа и веќе се смешна цена бидејќи ќе си извадиш месечна или годишна кога веќе имаш избор.
Колку ќе ти е терет тебе на буџет ако одиш со јавен превоз, а колку со сопствено возило кое бара регистрација, одржавање, гориво, паркинг?
Смешно е да се вадиме на муабети као „куповна моќ“ и слично.
И не, не е муабетот зборање од инат туку колку реално од сè што се случува во државата е во главниот град, а колку тој главен град малку нуди во споредба со градови од иста големина во поразвиени земји.
Се крадело кај нас мајсторе, па никој не инвестирал во тоа што треба туку никнувале некои вили на водно и што ти ја знам каде, куќи во Злокуќани и ју нејм ит, наместо Стојан или Трајанка да имаат ќар од тоа што плаќаат даноци имаат некои што биле изгласани воопшто да не прават такви глупости.
На крај, се работи и за култура бе пријател.
Еве дојди, одбери во најголемиот шпиц според тебе кога е тука и ќе те возам од центар до некои 8-10км надвор од центар во кој сакаш правец.
Доколку не излезиш макс за некои 15 минути колата ти ја оставам гратис во твоја сопственост.
Проблемот е што се почитува зелен бран на семафори, колку год да е гужва кога е жолто на семафор се застанува, а не се пичи уште повеќе за да го „фатиш“ + уште 3 по тебе на црвено да се вденат. Има доволно сообраќај и гужва ама и доволно се почитува некоја основна култура на возење за тоа да не е затка.
Најди ми во Ск во 4 попладне од центар во кој правец можам да дојдам на 10км од град за 15 мин?
Крај краева, со кој сакаш град спореди го Скопје од негова величина на Балканот, ако не се веќе пред нас инфраструктурно верувај дека тоа ќе бидат за пар години. Ние стагнираме децении друже, децении и тука е главниот проблем.