Станбен кредит

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Заинтересиран сум за станбен кредит, односно кредит за купување на недвижнини. Потребни ми се 15.000 евра, имам гаранција хипотека на стан (која ги исполнува условите за таа сума).
Ме интересира дали некој има што тазе земал кредит, или ги познава приликите на нашиов посран банкарски систем, и каде би било најповолно?
Благодарам однапред.
п.с. исто може и кратка согледување на зошто евра/денари за штедни влогови.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Не купувај стан почекај . Криза е ќе паднат цените за неколку години . Штедни влогови орочени исто така заборави посебно во денари. Ако сакаш нешто асално да направиш со тие пари порачај си златни пари и сокриј ги некаде :)
Толку од мене
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Нема да купувам стан, ќе градам куќа, а баш пошто знам дека ќе паднат цените, сакам да го продадам мојот.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Нема да купувам стан, ќе градам куќа, а баш пошто знам дека ќе паднат цените, сакам да го продадам мојот.
За градење куќа јас би почекал исто така . Очекувам финансиски колапс и економски а со тоа е можна цивилна војна . Збери парите купи злато и сребро и бугарски пасош сериозен сум. Не се глупирај . Нет вредноста не ја врзувај за куќа во македонија тоа е самоубиство .
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
За градење куќа јас би почекал исто така . Очекувам финансиски колапс и економски а со тоа е можна цивилна војна . Збери парите купи злато и сребро и бугарски пасош сериозен сум. Не се глупирај . Нет вредноста не ја врзувај за куќа во македонија тоа е самоубиство .
На Анктартик да оди со златото :icon_lol:.
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Муабетот можеш да го напишеш во Чек Дис Аут!. Дури и да има војна, граѓанска, странска агресија, Светска војна, балканска војна, што и да е, нит ќе бидеме први, нит ќе бидеме последни. Речиси сите земји поминале низ една или повеќе војни, па пак во нив живеат луѓе.
За бугарскиот пасош, не би сакал да бидам вулгарен, али можеш да си го земеш, немораш да го пакуваш, сигурен сум дека можеш цел да го бутнеш!
Доколку јас сум решил (а не сум) да се пишам бугар, немам право да пишам дека имам бугарски происход и да ги пишам моите предци и поколенија како бугари!!!!
И да се вратиме он топик!!!!
 
П

Паспарту

Гостин
Браво бе Лупос, нека чека војна за да може да избега од државава, а татарскиот пасош многу ќе му заврши работи, посебно за запек... Цените на становите "паѓаат" секоја година и никако да паднат. Пред 10 години стан во Аеродром од 80 квадрати беше 60 000 марки, а сега е 70 000 евра. Стан во Припор ти е 1090 евра квадрат, стан во Сопиште изнесува 1200 евра квадрат, да не зборуваме за Карпош и Центар... Остај ги ти приказниве за цивилни, нуклеарни и меѓусветовски војни. Како викаат, ако чекаш ќе дочекаш, но има некој и што умрел од чекање... :)

Инаку друже не си погрешил во изборот, денеска е три пати поевтино да направиш куќа од 300 квадрати отколку да купиш стан од 40-50. Продај го станот, купи си плац (ако немаш) и гради куќа. Каматите кај нас се изгор, мој пријател зема кредит од СБ од околу 60 000 евра, и колку што го разбрав треба да врати повеќе од 90 000 евра.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам веќе што е попаметно да се направи и јас сум во твоја ситуација.8,5% е во Охридска Банка да ти легнат парите на сметка,а 7.5% ако се префрлат на сметка на продавачот.Во други банки не ни прашав,нема голема разлика.Но не ми е јасно како може квадратот во Скопје да е толку висок,па во Шпанија поефтино ќе се најде.Се надевам ќе паднат,веќе неколку години чекаме да паднат но они растат.Слушам и за цени од 1500 евра квадрат,премногу е за наш стандард.А станот пари не прави,треба човек два пати да размисли.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
мислам дека ако направиш пресметка, повеќе се исплати цел живот под кирија да седиш отколку да земеш стан во Скопје, или можда јас тоа лупам...
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
На Анктартик да оди со златото :icon_lol:.
Уругвај, коста рика, тасманија австралија итн
Муабетот можеш да го напишеш во Чек Дис Аут!. Дури и да има војна, граѓанска, странска агресија, Светска војна, балканска војна, што и да е, нит ќе бидеме први, нит ќе бидеме последни. Речиси сите земји поминале низ една или повеќе војни, па пак во нив живеат луѓе.
За бугарскиот пасош, не би сакал да бидам вулгарен, али можеш да си го земеш, немораш да го пакуваш, сигурен сум дека можеш цел да го бутнеш!
Доколку јас сум решил (а не сум) да се пишам бугар, немам право да пишам дека имам бугарски происход и да ги пишам моите предци и поколенија како бугари!!!!
И да се вратиме он топик!!!!
Види јас да ти кажам за мислење а ти можеш да ме плукаш . Мислење побара мислење доби . И тоа искрено мислење кое никој не би се осмелил да го пише со оглед дека владее “патриотизам“ расположение. Вакво мислење ќе добиеш од постари во четири очи на само муабет кои виделе кон што одат работите. Особено оние кои живееле во периодот пред распаѓање на сфрј каде мислеле дека караниците меѓу Србите и Хрватите биле само кошкање.
Седни убаво и размисли си зошто пола од политичарите имаат пасоши од Бугарија, србија,Албанија, Чешка или имаат каде да бегаат .
Кога имаш политичари со двојни пасоши два пати би размислил дали би играл на оваа карта . Не знам дали си преживеал војна или не , али такво смело тврдење тешко дека некој ќе каже откако доживеал што се вика војна во свој двор.
Не вреди да оставаш толку пари за куќа во место кое по сите стандарди е осудено на пропаст на овој или оној начин. Штедење исто така денарот иде надоле провери си само рати на разменување од 2009 и денес сите валути се нагоре освен еврото кое е вештачки држено.Неам намера да те убедувам на крај како што викаат србите: лепо село лепо горе .
Твоја е одлуката ти имаш и веројатно фамилија така да размисли два пати. Ако можеш земи си друг пасош во моментов ми дојде на памет бугарскиот кој е најлесен за земање
Браво бе Лупос, нека чека војна за да може да избега од државава, а татарскиот пасош многу ќе му заврши работи, посебно за запек... Цените на становите "паѓаат" секоја година и никако да паднат. Пред 10 години стан во Аеродром од 80 квадрати беше 60 000 марки, а сега е 70 000 евра. Стан во Припор ти е 1090 евра квадрат, стан во Сопиште изнесува 1200 евра квадрат, да не зборуваме за Карпош и Центар... Остај ги ти приказниве за цивилни, нуклеарни и меѓусветовски војни. Како викаат, ако чекаш ќе дочекаш, но има некој и што умрел од чекање... :)

Инаку друже не си погрешил во изборот, денеска е три пати поевтино да направиш куќа од 300 квадрати отколку да купиш стан од 40-50. Продај го станот, купи си плац (ако немаш) и гради куќа. Каматите кај нас се изгор, мој пријател зема кредит од СБ од околу 60 000 евра, и колку што го разбрав треба да врати повеќе од 90 000 евра.
Види си и сам :

Банкарскиот сектор стана најголемата агенција за недвижен имот во Македонија. Вредноста на имотот кој банките го конфискувале од граѓани и фирми кои не можат да го платат имотот изнесува 127 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај на Народна банка за првите девет месеци. Се проценува дека бројот на имоти до крајот на годината ќе се зголеми двојно со оглед на тоа што сумата која граѓаните ја должеле повеќе од 45 дена до септември изнесува 262 милиони евра.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129328

Колку време мислиш дека ќе пројде пред да почне да ставаат знак „распродажба“ со оглед дека секнуваат парите од странство а граѓаните се повеќе не можат да ги исплатат кредитите
Фирмите и граѓаните се' потешко ги враќаат кредитите. Или доцнат повеќе од 90 дена со отплатата или, пак, влегуваат во се' поризични категории. Нефункционалните кредити ја надминаа психолошката граница и заклучно со јуни достигнаа 10,1 отсто од вкупното кредитно портфолио.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A281AB1C67DCB44A91BF0907AB9A336A

Повели и пресуди си сам. Или уште ќе мантраме цените можат да идат само нагоре исто како што мантраа во САД, Ирска и други места па погледни сега каде се со цените на недвижнини :)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
И мене не ми е јасно, зошто станови во изградба во Нерези коштаат 1400 евра по квадрат. Преценето е, а и ниеден кредит не покрива, кога би зборувале за нормални плати.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ново Лисиче допира до 1200,останаа само Чаир,Шутка и Хиподром како алтернативи :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ново Лисиче допира до 1200,останаа само Чаир,Шутка и Хиподром како алтернативи :)
Шо му ја секираш... ко ќе има војна ќе си окупираме по еден стан. Те сакам за комшика :), ќе пиеме кафе секој ден. Кој е будала нека дава 1500 евра од квадрат.

Инаку, цените се претерано високи. Може да се речи дека со цените на становите Скопје е на рамниште со светските метрополи. Ама затоа градовите во остатокот од Македонија се реални. Некогаш се прашувам, дали да купиш 5 стана по 30.000 евра секој во по еден град и да ги издаваш под кирија, или еден во Скопје колку да живееш. Ако ти фати лопатата вода, киријата од 5-те стана ќе ти ја покрива и ќиријата за Скопје, а богами и доста дупки во буџетот.
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Пред скоро година дена, ...цените се движеа од 700-1600 по м2 :) Бивша аркадија..1600 :) рекорд стари згради од земјотресот 1200 м2, радио бран -католичка унирверзална ново градби 1200-1300м2, к1к2 950-1050, к3 900-1000, к4 руски 900-1000, понови 1100, влае хром, 800-900 стари, 900-1000 нови, ѓорче ..има и за 700:) аеродром..нешто што не чини околу 900-1000..а редовна цена 1100-1200, и лисиче иста цена..кисела вода на кратко..рамно 1000-ка:)
е сеа, има еден интересен тренд шо го приметив со становиве..особено новградбите...ако во ноизградена зграда чини квадрат 1200, во зградата што е во градба до неа се почнува со цена од 1150, а кога ке се изгради чини 1300, во тој момент во третата зграда что поцнува да се гради цената е 1250:) можам само да замислам олку ке чини цената за 4-5 години...а ако се влезе во ЕУ...скопјани ке пошизат:)
Хмм кредити..заебано заебано.. еве во таква фаза сум и само калкулации пресметки ова она..остгаваш простор зошто знаеш дека домашниот есап на пазар не излегува....и пак некако т`нко изгледа.
Отприлика некаде колку и каков стан да се зема.. си викам..најдобро е некој кредит од 15 000-20 000 еур за 5-6-7 години ако е можно со секакви напори да се исплати..Се што е над овие бројки..се врака..многу камата..:( делува фрустрирачки но така е..некогаш ме фака инает..
али како што леандра пиша..после 30 години секако дека е подобро да имаш кредит и стан отколку само кирија..меѓутоа..отиде младоста јабана..:)
Социјализмот ми се допаѓал заради една работа, а тоа е дека..сите си ги мереле на равно:) односно еден стан, урла една кола, урла..и тако даље..после кој колку му стига, работи заработува..сега....
Да имаше закон..или некаква финта..за секој што ке науми да има стан..првиот да му се даде по многу ниска цена..да речеме 15 000 еур, а ако сака втора недвижност да треба на пример 85 000 да плати..во суштина.. ако два просечни стана чинат по 50 000 ти да можеш првиот за потреба да го земеш со креди од 15 000 а ако ти стиска...после вториот 85 000 бе браат:).. не за друго..така ке се спречат девијатни појави..во опшестовот како на пример педофилија..или благ вид на педофилија и спорзорства..ова поттпикано од еден муабет со другарче, кога здогледавме ферари паркирано пред зграда..на постар човек и влегува берли легал девојче, ееее.. баш така..и јас можеби ке возам ферари, но не на 25..туку 60 години, пошто толку време ке треба да ги спечалам, а девојките на 18 ако сега ми се убави зошто тогаш да не ми бидат..а кога сега неможам да ги пробам..барме тогаш:) , шала, но кога ке се задлабочиш во темата, и кога ке се исфрустрираш од барање на станови по 3-4 -6 месеци, ке ги гледаш сите аспекти на филозофијата и живот на кредит.
Каматите ако не се лажам се движат од 7.5 до 8.5 што е сепак високо, особено ако земаш поголема сума, што повлекува повеке години
Сеуште мислам дека најбоља опција беше плац во Визбегово и тоа на начекани 32-35 еур за м2, сега се веке 50 еур, ама земаш плац од 400 м2 за 15 000 еур, и после цигла по цигла си градиш...шубо...ама тоа после потикнува други работи: кола, градинка а у...блиску до центар а сепак далеку...итн итн.. Али со последнава реченица мислам дека одогорив на прашањето со кое поставена темата.сосема се согласувам буквално за тие 15000 еур за кука:) Стан полесно се оттугува но..ако бараш за живеење секако кука и двор е супер
Простете што е напишано во еден здив и без интерпункицја, ама едно до две видувања може ке ви се најдат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom