TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Синодот на нерегистрираната Православна охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски денес е зголемен за уште ден член, во присуство на српски и грчки владици, јави дописникот на Макфакс.
Во манастирскиот комплекс Свети Јован Златоуст во битолското село Нижеполе, Давид Нинов е хиротонисан во епископ Стобиски.
На чинот на неговото ракоположување присуствуваа владици од српската и грчката православна црква, како и стотина приврзаници на Јован од Македонија, Србија и Грција.
За митрополитот на преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква, господин Петар ова е незаконски чин од повеќе аспекти.
„Нинов не ги исполнува условите да биде архиереј, во 2004 година црковниот суд му го одзеде свештеномонашкиот чин и никој нема право да не ја почитува таа одлука. Исто така, невозможно е тој да биде назначен за владика затоа што нема Богословски факултет, а тоа не го дозволува и законот на СПЦ. Ова е незаконска црква која прави последни обиди за подигање на угледот“, рече митрополитот Петар.
Синодот на таканаречената ПОА сега има четири членови на чело со Вранишковски
.......