Српскиот патријарх со нова резиденција на Дедиње од 800.000 евра

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Изгледа дека бајги се подзанесе Иринеј, патријархот на Српската Православна Црква. Циниците велат дека таквата пракса е во духот на времето клерот да ужива големи материјални бенефиции.

Иринеј сака да ја реновира со децении напуштената резиденција на Дедиње, најелитната населба бо Белград, која ќе чини скоро милион евра, со изговор дека трошокот ќе се покрие со донации.

Демек веднаш доброволно се јавил Милорад Додик, кој во името на владата на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, потпишал договор со СПЦ дека владата на РС ќе покрие трошокот за резиденцијата. :D:D

Очекувано, коментарите на граѓаните, вклучувајчи и на многу верници, не се баш позитивни:

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/blogreview/2012/11/03/blog-03


А во самата СПЦ, откако малку од малку се јавија мислења -- како на пример владиката Лаврентије -- да ја признаат афтокефалноста на Македонската Православна Црква без никакви условувања (како тоа да се ослободи Зоран Вранишковски), Иринеј најоштро гинападна дека станува збор за шурување со наводните расколници (МПЦ) и го повика Лаврентије да се повлече од црквата.

http://www.politika.rs/rubrike/Drustvo/Vladika-Irinej-trazi-od-Lavrentija-da-se-povuce.sr.html

http://www.blic.rs/Vesti/Drustvo/349157/Episkop-SPC-Lavrentije-Makedoncima-treba-dati-nezavisnu-crkvu

.
 
М

Мартин`

Гостин
Јас сум верник но воопшто не верувам во повеќето (бидејки се мнозинство за жал) владици/митрополити и слични “луѓе“ кои единствена цел им е да си го наполнат џебот врз вербата на верниците.. неможе бе ти истиот кој проповедаш љубов, скромност, трпение да лупнеш ценовник на крштевање, на погреб, на осветување и на таквите работи.. знам дека е 21 век но испаѓа ако си верник ќе неможеш детето да го крстиш ако немаш пари или пак да те закопаат како што е адетот :rolleyes: плус возат џипови од 100.000 евра нови да имаш по 2-3 стана/куќи, викендици итн.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
„И поповите се луѓе, и они грешат. Господ ќе им суди“.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Абе господ како ќе им суди е друга работа,ние треба да им пресудиме ко што им се суди на сите други криминалци..Иначе зашто би имале затвори..Највеќе треба на нас што не сме атеисти да ни смета ова,бидејки ние оставаме пари во црквата.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Teшите се вие со тоа дека некое имагинарно пријателче ќе им суди .. и одите у црква и оставајте уште пари и прајте ги уште побогати .. тешите се вие ..
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
СПЦ и МПЦ може да се договорат само околу возниот парк.
Да беше духот на Крсте во тие цркви ние оадмна ќе бевме помирени.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Уште од оригиналниот цитат се гледа дека е направена каша-попара...

Еден е Иринеј епископ Бачки, кој е цитиран во веста од линкот, а друг Патријархот Иринеј (порано епископ Нишки)... После, нормално, се гради кула од секакви коментари зановани на неинформирани мислења....

Чисто процедурално, немам ништо да кажам на темава
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Teшите се вие со тоа дека некое имагинарно пријателче ќе им суди .. и одите у црква и оставајте уште пари и прајте ги уште побогати .. тешите се вие ..
Комплекси ти имаме набиено.
 
H

HITCH

Гостин
Да се немало дерман од поповиве … Порано попот живеел од милостината на народот, се превезувал со коњ/магаре и бил пример меѓу народот, а сега се целосна спротивност. Сега се натпреваруваат кој е поголем богохулник.
Боже не им простувај, знаат што прават.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Мене ме нервира оправдувањето дека тоа било донација,демек не биле државни пари или не знам што.
Па ако е донаирано на црквата тоа значи дека е донирано, за Доброто, за духовното,а приоритетите на тие две нешта се знаат а тоа е помош на немоќните и тие што западнале во тешка сиромаштија.
Секако дека црквата за да постои како институција мора материјално да живее ама скромноста мора да им е прва работа во нивниот живот не заради тоа што јас, сум рекол, туку заради тоа што е тоа Божјо Слово.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Секако дека црквата за да постои како институција мора материјално да живее ама скромноста мора да им е прва работа во нивниот живот не заради тоа што јас, сум рекол, туку заради тоа што е тоа Божјо Слово.
Кое црно Боже Слово, збирки народни приказни за малоумни, полни со закани и суровости.

Дури не се расчисти со овие лажовите, ќе си тавориме на цивилзациското дно на Европа.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
Абе какво дно на Европа како да во Европа цвета религијата и почитта кон бога се гледа по папата нивен со блиндирани возила што го чуват и со 100 души од обезбедување околу неговата кола а кој да знае уште што не го чува од далеку . И они треба да расчистат оти Исус никој не му дал блиндирано магаре за да биде заштитен :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Абе какво дно на Европа како да во Европа цвета религијата и почитта кон бога се гледа по папата нивен со блиндирани возила што го чуват и со 100 души од обезбедување околу неговата кола а кој да знае уште што не го чува од далеку . И они треба да расчистат оти Исус никој не му дал блиндирано магаре за да биде заштитен :)
Религијата цвета (и ова цвета е релативно) во медитеранскиот дел од Европа, кај позаостанатите народи. Оние кој ја наследија традицијата на протестанството, одамна раскрстија со арамиите и лажговците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom