Српската Влада призна дека му давала пари на Вранишковски

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Веста дека српската Влада му помага на Вранишковски да изгради црква во Македонија ги заинтригира и белградските медиуми што, пак, го натера Министерството за вери да издаде соопштение во кое се вели дека Белград не гледа ништо лошо во тоа што од време на време финансиски им помагаат на епархиите на СПЦ кои делуваат надвор од територијата на државната заедница на Србија и Црна Гора.

Владата на Србија е благодарна за секоја донација што владите на другите држави им ја упатуваат на своите верски заедници на територијата на Србија и Црна Гора, се вели во соопштението.

Во него се додава дека тоа не се третира како мешање во внатрешните работи, туку како потстрек на развојот на верската и општата култура и помош за заштита и зачувување на верскиот и културниот идентитет.

Освен ова официјално реагирање на Белград, други реакции за сега нема.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
МПЦ: Српската Влада го финансира Вранишковски

МПЦ тврди: Српската Влада го финансира Вранишковски. Светиот Синод денеска објави документ според кој српското Министерство за вера префрлило околу 6.000 евра за Врањската епархија за месец јануари, наменети за Православната охридска архиепископија на Вранишковски.

По пошта го примивме документот, вели владиката Тимотеј.

„Дојде до наша адреса. Дали смислено или по грешка, незнам“, вели владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Според Синодот, се работи за дирекно мешање во интересите на македонската држава и црква, уште една нова појава на великосрпскиот империјализам.

„Повеќе од јасно е чија таканаречена црква е онаа што сака да ја органиизира српската држава и српската црква кај нас“, вели Ратомир Гроздановски, секретар на САС во МПЦ.

МПЦ бара од македонските државни органи да ги откријат сите канали на внесување на туѓи пари насочени против Република Македонија и против МПЦ.

Вчера, на работен ручек, поглаварот Стефан го запознал премиерот Бучковски и претседателот Црвенковски со информациите.

Црвенковски денеска вели дека ако се докажат сомневањата, тоа може да се толкува како мешање во внатрешните работи на државата.

„Ако тоа се потврди, а беа споменати писмени документи коишто ни беа презентирани, тогаш, таквите постапки на Владата на Република Србија не се придонес ниту кон јакнење на добрите односи меѓу две соседни земји, ниту кон секуларизмот за којшто декларативно се залагаат сите“, вели Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија.

Денеска Владата им наложи на Министерството за надворешни работи и на Комисијата за односи меѓу верските заедници да утврдат дали наводите на МПЦ се точни.

Ако тоа се потврди, тогаш МНР ќе вложи силен протест до српската Влада. Оттаму денeска се оградија.

„Јас како член на Владата тоа не го знам. Знам само дека владиката Јован е пуштен на слобода“, рече Зоран Стојковиќ, министер за правда на Србија.

Останува отворено прашањето дали после ова ќе се заладат односите помеѓу двете држави и дали паѓаат во вода последните обиди на македонскиот државен врв, нарушените односи помеѓу МПЦ и СПЦ да се решат преку дијалог.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
сега кога ќе ни рипнат браќата срби, они пари ни даваат а ние им ги затвараме поповите :) па и не знаеме да ги искористиме парите за „заштита и зачувување на верскиот и културен идентитет“ :se_ molam

одамна сум рекол, подалеку од попови, луди типови ти се тоа :)
 
Член од
4 април 2005
Мислења
123
Поени од реакции
0
СПЦ остана последното орудие на дивиот агресивен српски шовинизам.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Пак ја скина зелена, кракра.

Србија сега е модерна евроатлантски ориентирана земја, нема ништо општо со Србија од времето на Милошевиќ. Нивните водачи, исто како и нашите, прават се што можат за да влезат побрзо во НАТО и во Заебницата. А за да те примат, мора да слушаш...

Ако си забележал, српската великодушна акција да не примат како родени браќа назад во своите православни прегратки започна откако Милошевиќ отиде во апс, и откако Србија почна да се модернизира. Исто како и бугарската љубов и желба да си ги вратите назад во братска прегратка “одродените браќа од вардарско“ што е десет пати поарогантна откако станавте НАТОвци...
 
Член од
4 април 2005
Мислења
123
Поени од реакции
0
Павел Липранди напиша:
Пак ја скина зелена, кракра.

Србија сега е модерна евроатлантски ориентирана земја, нема ништо општо со Србија од времето на Милошевиќ. Нивните водачи, исто како и нашите, прават се што можат за да влезат побрзо во НАТО и во Заебницата. А за да те примат, мора да слушаш...

Ако си забележал, српската великодушна акција да не примат како родени браќа назад во своите православни прегратки започна откако Милошевиќ отиде во апс, и откако Србија почна да се модернизира. Исто како и бугарската љубов и желба да си ги вратите назад во братска прегратка ”одродените браќа од вардарско” што е десет пати поарогантна откако станавте НАТОвци...
Не знам доколко С'рбија може се счита за евроатлантически ориентирана, Радикалната странка на Николич печели до 40 % на избори, Младич и Караджич ги кријат, не искат да се откажат от Косово, а точно това са клјучови условија за започване на преговори с ЕС.

Ако използуваме термина 'арогантно', може да се каже, че в'просното желание след приемането на Б'лгарија в ЕС ште стане не 10, а 100 п'ти по-"арогантно". Само че това не е точно и е далече от реалността.
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Малку по малку се ќе си признаат они.....
 
Член од
4 април 2005
Мислења
123
Поени од реакции
0
venera001 напиша:
Малку по малку се ќе си признаат они.....
Хехе, нема ништо за признаване и всичко е много очевидно..даже се казва и официално, само не в прав текст, засега...в духа на европејските ценности
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Белград да го објасни финансирањето на Вранишковски

Наместо остар протест, македонската Влада бара дополнително објаснување од официјален Белград за признанијата на српската Влада дека го финансира Вранишковски и неговата црква.

Дали е ова обид да се зачуваат добрососедските односи или власта се плаши да влезе во нов конфликт поради Вранишковски.

„Можам само да ве информирам дека МНР официјално ќе побара објаснување од соодветното министерство во соседна Србија“, рече Бучковски, претседател на Владата на РМ.

Нов план на гонење, вака приврзаниците на Вранишковски го нарекоа објавувањето на доказите од страна на МПЦ дека српската Влада ги финансира.

Православната охридска архиепископија не е должна никому да дава отчет за своето финансиско работење, стои во соопштението објавено на нивната веб страна.

Се нарекуваат автономна црква, а српското Министерство за вера ги нарече епархија на СПЦ.

„Српска православна црква во РМ нема и дека со одлуката на Соборот на СПЦ од 1959 година во Македонија е формирана МПЦ. Таа е утврдена и со Уставот на РМ и оттаму ние не можеме да прифатиме било кој во светот да комуницира и да зборува дека кај нас постои СПЦ“, вели Цане Мојановски, Комисија за односи меѓу верските заедници.

Таков верски субјект во Македонија не постои, вели за А1 Мојановски. Обидот за регистрација на т.н. Охридска архиепископија беше одбиен од Комисијата за односи меѓу верските заедници.

тоа е прво и, како второ, иницијативата на група граѓани од Македонија да формираат Православна охридска архиепископија, од овој државен орган не беше прифатена и таков верски субјект во Република Македонија не постои.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
СРПСКИОТ МИНИСТЕР ПРИЗНА
Автономна ПОА е само епархија на СПЦ


Српскиот министер за вери Милан Радуловиќ призна дека Јован Вранишковски и неговите приврзаници дејствуваат во Македонија како делови на Српската православна црква, а ги плаќа Србија, изјави вчера владиката Тимотеј, портпарол на Светиот синод на МПЦ.

Тој реагираше откако српското Министерство за вери завчера соопшти дека дотацијата од околу 6.250 евра, која му била исплатена на Јован Вранишковски, е "за епархии на СПЦ надвор од Србија и Црна Гора".

- Треба ли по ова уште некому да се докажува дека т.н. православна охридска архиепископија (ПОА) е само група што работи за интересите на СПЦ и на Србија. Тие постојано тврдеа дека се некаква самостојна и посебна црква, која е признаена, а сега се гледа дека се само дел од српската црква, кои ги плаќа самата држава - нагласи владиката Тимотеј.

МПЦ вчера ги извести странските дипломатски претставништва и мисии за мешањето на српската држава во внатрешните работи на МПЦ и на македонската држава.

Наспроти ова, приврзаниците на Јован Вранишковски, кого МПЦ го расчини оти ја приклучи Повардарската епархија кон СПЦ, вчера соопштија дека "не се должни никому да му даваат отчет за своето финансиско работење".

- Ние сме автономна и самоуправна црква не само во нашето пастирско дејствување, туку и во финансискто работење. Немаме намера да соопштуваме јавно кои се дарители во Црквата, особено ако самите дарители не бараат нивното дарение да се обелодени - соопштија тие од името на т.н. православна охридска архиепископија.

Македонската влада вчера го задолжила МНР да побара објаснување од соодветното српско министерство за документот што го објавила МПЦ. Објаснување од својот колега вчера побара и претседателот на државната комисија за односи со верските заедници, Цане Мојановски.

Владо Наумовски, поранешен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, вели дека дотацијата од Србија за Јован Вранишковски е последен доказ оти таа сака да етаблира паралелна црква во Македонија.

- Српскиот министер за вера треба да објасни дали тие им плаќаат дотации на некои свои "епархии", на пример, во Романија или во Бугарија. Не плаќаат затоа што таму постојат православни цркви во чија јурисдикција не смеат да се мешаат. Наспроти ова, тие отворено се мешаат во работите на МПЦ и на македонската држава. (Б.Ѓ.)
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Вранишковски: Власта одамна знае од каде се финансира мојата црква

Власта во Македонија одамна знае од каде се финансира мојата црква, вели за А1 Јован Вранишковски. Тој тврди дека МПЦ се обидува да направи нова завера и сензација од нешто што никој не го ни криел.

Вранишковски додава, не е само српската Влада, и други држави ја финансираат мојата црква, но не ги открива кои се.

„Сметам дека се направи сензација од една работа, која многу порано беше позната во државниот врв преку разузнавачките служби, затоа што нашата пошта, која воопшто не ја криеме и која на некој начин е транспарентна, се отвораше подолго време наназад, уште јас не бев влезен во затвор“, изјави Јован Вранишковски.

„Сите писма кои ги добива Православната Охридска архиепископија гледаме дека се отворано, така што не е некоја работа што не се знаеше одамна. Едноставно, темпираа ова да го објават како сензација во времето кога ние излегуваме од затвор“, рече Вранишковски.

Според Вранишковски, непостоењето или нерегистрирањето на неговата архиепископија е штетно за државата.

„Потребно е државата да не регистрира, за да има увид не само во нашите финансии, туку и во она што го објавуваме како проповед“, додаде Јован Вранишковски.

Како составен дел на Српската православна црква, која автономно делува на територијата на Македонија со свој архиепископ, таканаречената Охридска архиепископија се надева дека со новиот закон за верски заедници ќе биде регистрирана.

Вчера упатената протестна нота до српската Влада нема ништо да промени. Од српската Влада отворена застанаа во поддршка на Вранишковски и најавија дека и натаму ќе продолжат да го финансираат.

Вранишковски е дел и од најновиот извештај од Стејт Департментот за верските слободи. Тие оценуваат, Владата го почитува законот, но тој е полн со ограничувања.
 
Член од
20 март 2005
Мислења
163
Поени од реакции
1
многу ми е интересно зошто нема негативни реакции кон србиjа от форумджиите??? ако идеше сбор за бугариjа одма ке имаше-татарите сакат да ни асимилират,да ни земат црквата.......
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Samo sto sakav da pisam slicen post....navistina dragi forumdzii....sto e rabotata? Nekako kako da ve pogodi ova? Ajde Makedonci..guknete nesto!:)
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Btw...Raslkolnikot potvrdil deka i Grcija ja finansirala negovata crkva!
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
VMRO напиша:
Samo sto sakav da pisam slicen post....navistina dragi forumdzii....sto e rabotata? Nekako kako da ve pogodi ova? Ajde Makedonci..guknete nesto!:)
kakov kreten si ti.. Covek so izvrtena i nestabilna nacionalnost sto li se nema da iskonstruira vo negovata glava samo da bide cist pred sebe i da moze da zeme pasos bugarsi ili da napravi nekoj takva nemoralna rabota. Momce ne se maci ne se lazi sebesi ti ne si nisto podobar od Zoran Vraniskovski.

A sto se odnesuva do maloumniovo Zorance. Nesto vo posledno vreme ko da e smireno mene se mi izgleda deka ima nekoe dogovorce so nego da prekine so negovite aktivnosti ili ke ostane vo zatvor dozivotno.

Vmro ti si po tie antimakedonski aktivnosti. Sto vi napravija na vas Ratkovci ;) ve smirja brzo taka i ova Zorancevo go smirija.
Momce ne e ova prva svetska vojna tvoj omilen perion i ne samo tvoj na site antimakedonci sega imame drzava, takvite udari od stilot na Zoranco, Ratko itn vo drzava ne vireat bas
 

Kajgana Shop

На врв Bottom