Среќен 8ми Септември, Македонија полнолетна !

Статус
Затворена за нови мислења.

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Нека ни биде среќен еден од најголемите празници во нашата историја, денот кога станавме МАКЕДОНИЈА, денот кој вечно ќе го славиме, нека ни биде среќно полнолетството МАКЕДОНЦИ !



:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Народе Македонски нека ни е вечен празников! United Macedonia!
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
На денешен ден:

1991- Во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. На Референдумот учествува 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава. Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот. Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на Референдумот изрази само Унијата на албанската интелегенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание. Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина... Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се појавија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца Пораншена југословенска Република Македонија. Република Македонија денес има восоставено дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име е признаена од 117 меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност - Кина, Руската Федерација и САД.

 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Среќен празник Македонци! Среќен празник Македонијо!
Каква си, таква си најмила си ни МАКЕДОНИЈО! Вечна да си!:oeoeoe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Среќна 2 годишнина Аце! Те сакам!:back: Среќна сум што овој ден на независноста, ме направи зависна за тебе!:pipi:

Среќен празник на сите ! За некоја година, да го дочекаме во ЕУ, со истово име, со истиов јазик, со истиов народ!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Среќен празник народе и нека ни е за многу години :oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Браќа и сестри ,

нека ни е честит празникот , да го славиме уште многу години и секоја година со се повеќе причини за славење :oeoeoe: :oeoeoe: :oeoeoe:

 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
238
Поени од реакции
37
Македонија е полнолетна.... Сега можат да не е*ат кога сакаат легално :pos:
Aј Македонијо голема да растеш среќно полнолетство и пази сеа шо праиш:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.355
Поени од реакции
2.248
Нека ни е честит празникот. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !! СЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СРЦА !!! ВЕЧНА ДА СИ !!
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Значи на каков ден сум роден :wub:
Макеонци нека ни е среќен празников и вечно да го славиме!Македонија Вечна!
:oeoeoe::oeoeoe:
 
Х

Ханзо

Гостин
За многу години нека е празников мајко Македонијо, за многу години браќа и сестри Македонци.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Македонија е вечна исто како вселената. Вселената се шири и Македонија ќе се шири!
Среќен празник! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
За многу години нека ни е празникот и само убави нешта да ни се случуваат во иднина.


:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom