Ви благодарам на честитките.
Морам да кажам дека ова година најверојатно го достигнав зенитот на музичките случувања.
Да се биде пертресен до гола кожа на концертот на Iron Maiden на српска граница иако изгледаш понормално од другите
[media]http://www.youtube.com/watch?v=1jvI750-r88[/media]
Да се заглави 3 и пол саати на паркинг во Инџија накиснат до гола кожа со температура падната од 35 на 15 степени само за да се гледаат Red Hot Chili Peppers
[media]http://www.youtube.com/watch?v=E4bjHpVdiZM[/media]
И врв на се да се отпатува сам до Белград да се спие на клупа 4 саати на Белградска Тврдина, да се купи дирекна повратна карта за Скопје а притоа да се научат сите Српски топографии од Алексинац, Владичин Хан па се до Бујановац и Прешево и како бонус да се погоди сопатникот до тебе да е член на блех оркестар објаснувајќи ти зошто Оркестар Черкези се полоши од Оркестар Ангушевци како и музичката величина на Ферус Мустафов само за да се гледаат великаните неуништливите Rolling Stones
[media]http://www.youtube.com/watch?v=oGNj6V2YnMs[/media]
Како беше? Анфакингбеливабл.
Често сум се заразувал со песни знаете оние што не ви излегуваат од глава ама ништо слично како следнава. Прво сеќавање што го имам да сум седнал во некое кафуле беше ова време доцна есен рана зима 1987-ма и додека јас пиев некое густо сокче од Таково, во позадина како тогашен хит одеше песнава. И од тој ден проклетава песна никако да ми излезе од глава. Затоа драги мои ви ја посветувам Вам.
Со почит
[media]http://www.youtube.com/watch?v=iyfu_mU-dmo[/media]