Одредени технички анализи упатуваат на тоа дека среброто ќе падне на цена. Секако дека ќе надмине 930 евра (по 1.4 ЕУР/УСД) за кило годинава, но на краток рок се очекува да се намали.
Ова ми е како копи пејст од блогот:
Технички врв на среброто, се очекува да се намали
Многу аналитичари, меѓу кои Дејвид Морган од silver-investor.com, како и директори на некои рудници за сребро очекуваат на краток рок среброто да се намали. Silver-seek.com излезе со една добра техничка анализа на движењето на цената во
една статија. Главната поента во целата работа е график на кој се споредува цената на среброто со цената на среброто во однос на 200-дневен подвижен просек.
Според графикот изгледа пренето и вистина е зачудувачка бризината на порастот на среброто. 30%+ за 30-40 дена.
Ако купите сребро на моменталните цени (35 дол. за унца), 830 евра кило, сигурно еден ден во наредните 2-3 години ќе имате многу повеќе, но дали можеби не е разумно и да собирате пари и да купите кога ќе е поефтино ако цената навистина падне ? Да можеби. И покрај се релативен 200-дневен просек, треба да значи нешто. Околку 24$ е моментално 200-дневиот просек, цената најниско може да слезе до 0.85 од 200-дневниот просек, односно 0.85х24=20.4$, или цели 42% од врвни 36$. Со други зборови ќе добиете многу помалку за парите. Но тоа е најлош случај, досега 25$-26$ нивото на цена се има покажано како силен resistance, односно многу купувачи доаѓаат на пазарот на таа цена.
Настаните во Јапонија, блиско источните револуции и сл. можно е да се одразат на цената и позитивно и негативно.. Можно е да се движи надолу во блиска врска со сите пазари, а може да се движи и нагоре како safe heaven.
Среброто е добра инвестиција за наредните 10 години, но дали и за наредните 10 недели ?
Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа цената во однос на 200дневиот просек за наредните неколку недели. Да се надеваме дека анализава е точна и дека цената навистна ќе падне - тогаш е најдобро време да се купи, а ако може да се купува помалку, најдобро е да се почне од 26$ или 607 евра по кило.
Инаку по однос и на влезните ниво, би ја ревидирал бројката од 26$ на 30$. Односно штом падни до 30$ се очекуваат големи пари да влезат на пазарот, така да не е лошо да почни да се купуват од 30$.
Јас пошто користам
Bullionvault.com , и можам да продавам дури и 1 грам, некои 5%-10% од целата количината ги продавам/купувам покасно врз основа краткорочни проекции.. Ова е повеќе за зголемување на вкупната позиција т.е за зголемување на вкупната грамажа на сребро. Инаку еден ваков момент беше продажба околу нова година и повторно влез на 27$ што беше близу дното од 26.3$. Од тоа дно досега има пораснато цели 36% за неколку месеци.
Најдобар начин за секој кој сака сега да почни да вложуува во сребро е да одреди фиксна сума во евра/долари што може да ја одели месечно и редовно да купува за таа суума без разлика на цената. Ако ова почнеше некој да го прави во 2001, и ставеше 25.000 евра во текот на 10 години, досега ќе имаше 105.000 евра.
Ова е пред се од тоа што среброто е volatile т.е има силни релативни промени.
На крај ќе кажам дека ако имате план за редовна акумулација ова не треба ова да значи ништо за вас. Само продолжете да акумилирате во еднакви парични износи и редовоно.