Сребро - инвестиција на декадата

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Демек нов вид на Евреи?
Или?
Ќе пропаднат Евреите сега или ќе почнат и со среброто да работат?
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Saxobank:
nline Gold and Silver trading offering allows investors to leverage small price movements in these market commodities by up to 50 times. With low margin requirements, individuals need deposit as little as 2% of the trade value in collateral.

Ако го генерализираш ова значи дека можеш да продадеш 50х од депозитот што ќе го вложиш... Односно мора да има некаква банкарска магија која што може да создаде 50 пати повеќе злато одколку што постои.. за жал таква магија немало никогаш досега.. инаку пробано било со помош на ливереџ/печатење да се создаде повеќе метал одколку што има.. ова низ историјата се има случено едно 17 пати и секогаш завршувало со огромен колапс и огромна ревалвација на златото и масовен трансфер на богатството од тие коишто држат хартии што гласат на злато кон тие кои го имаат вистинското злато/сребро.



Update: Кусоците продолжуваат: http://www.zerohedge.com/article/european-silver-shortage-spreads-uk
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
75:5 = 15:1
ppb=part per billon... по маса.
аха ок не те сфатив прво добро. Што мислиш ти кое сценарио ќе биде од тие 4 што ги изнесов погоре =) ???

--- надополнето ---

По мое мислење ако е исплатливо веќе вложувањето во сребро тогаш најдобро е да оди со фјучерси. Знае ли некој детално да објасни како преку нет можеме да вложуваме. Знам дека не е регулирано законски во нашата земја, но исто така знам дека баш поради непостоењето на закон не ни можат да те казнат. Секоја казна се објаснува со прекршување на закон ако нема закон нема казна, мислам дека "легално" би било тоа знам дека и брокер од позната брокерска куќа кај нас во Скопје го работи тоа како хоби =)
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
аха ок не те сфатив прво добро. Што мислиш ти кое сценарио ќе биде од тие 4 што ги изнесов погоре =) ???

--- надополнето ---

По мое мислење ако е исплатливо веќе вложувањето во сребро тогаш најдобро е да оди со фјучерси. Знае ли некој детално да објасни како преку нет можеме да вложуваме. Знам дека не е регулирано законски во нашата земја, но исто така знам дека баш поради непостоењето на закон не ни можат да те казнат. Секоја казна се објаснува со прекршување на закон ако нема закон нема казна, мислам дека "легално" би било тоа знам дека и брокер од позната брокерска куќа кај нас во Скопје го работи тоа како хоби =)
Добро друже не ме читаш што пишувам изгледа а?.. Целата финта е да НЕ купуваш фјучерси оти фјучерси за сребро има 3 пати повеќе одколку што има сребро. Фјучерсите можат да се порамнат во сребро ама и во фиат долари. Јас верувам еден ден цената на сребро фјучерсите ќе биде 0!

Инаку мислам дека ќе се одвива едно сценарио што се има одиграно десетици пати низ историјата од неколк илјади години пред нашата ера па до Големата депресија и оваа најновава голема депресија. Сите фиат валути ќе слезат на нивната интристичка вредност што е 0. Златото/среброто и другите метали ќе ревалвираат се додека вредноста на метлаот не е доволно за да ги покрие сите средства во свеот т.е масовна дефлација во однос на златото. (дефлацја нема да има во однос на фиат валутите поради тоа што ги печатат).
Големата депресија беше дефлација да... ама поголема дефлација беше во однос на златото одколку на доларот поради што беа принудени да го реваливраат златото на 35 долари за унца...
Наредната ревалвација дојде 1980 кога златото беше пак доволно да ги покрие сите издадени книжни долари.. После тоа поради прифаќањето на доларот како валута и покрај непокриеноста со злато цената на златото беше пониска од односот ВкупноДолари/вкупнозлато т.е колку долари по унца злато. Инаку во 1980 тој однос беше 500$ и на 500$ цена на златото имаше доволно злато за да се покријат сите долари...

Денес тој однос e 15.000$ по унца злато и дури има сомнеж и во ова поради последните манипулации на сметководството што се направени каде што сметководствено деривативно "злато" во свопови/фјучерси/опции се води во иста ставка како и вистинското злато. Ова значи дополнителни проблеми. После се поставува прашањето за вистинската тонажа на американските резерви... Имено ФЕД позајмуваше злато по 0% камата на банките кои потоа го продаваа а со доларите одобруваа кредити... После тоа го купуваа и го враќаа... Е сега прашање е дали го имаат вратено целесно, или пак имаат вратено фјучерси/опции или некакво слично непостоечко злато.

Тука може да не испадне се по план секако.. Наместо металите да станат универзално прифатен стандард во светот може да се случи тоа да биде ремимбито. Тогаш едноставно еврото/доларот/фунтата ќе девалвираат многу во однос на ремимбите, а ремимбито/јуанот ќе биде новата резервна валута... Тогаш секако Кина ќе биде во позиција на САД да ја води и искрористи наредната валутна превара... т.е ќе печати јуани кои ќе ги чуваат странци на кои ќе им се потребни стоки од кина...

Има многу диви карти во тоа како ќе се одвива и каде ќе оди светот во наредните 10-20 години.. многу работи се непредвидливи.. Но сосема е јасно кои се фундаментите на понуда и побарувачка на среброто, која е неговата улога од почетокот на времето до денес, како и видливо инфлаторната монетарна политика... Среброто се продава монетално 40% пониско од врвот во 1980... Скоро нема друга стока што се продава по пониска цена од цената во 1980.

Не знам дали светот ќе продолжи на фиат или не, ама низ историјата фиат валутите биле воведени десетици пати и секогаш пропаѓале и имало огромна ревалвација на златото/среброто како и голем трасфер на богатството кон имателите на вистинското сребро/злато...

Во однос на конкретни цени тешко е да се коментира навистина и да се нагаѓа... Но има некои рамки што може да служат како ориентација
- Ако само 1% од заштедите на јавноста во банките се вложат во сребро, се друго еднакво, среброто ќе се продава на 250$-500$ за унца
-Инфлационо прилагоден врв на цената на среброто од 1980 е некои 120$тина долари.
-Физичките фундаменти викаат дека сега треба да има троцифрена цена
- По погорниот примеркаде златото се става со однос на монетарната база, т.е ако има таква ревалвација како во 1930, или 1980, и среброто порасне на некои 10:1 со златото (сосема релано поради индустриските потреби за сребро) во услови кога златото е 15.000$ среброто би било 1500$ ... ова секако е некоја теоретска горна граница која не значи дека ќе се достигне ниту пак дека нема да се помести нагоре.

Ова значи потенцијален принос во фиат од 400%-5000% ...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Јасно.. Но викам ако го поделиш бројот на долари со унците злато во трезорот 1 унца = 15.000$. За време на големата деперсија и на стагфлацијата од 80тиете златото ревалвира до моментот кога цената овзоможува покритие на секој долар со златото во трезорот/ФЕД. Така да 15.000$ треба да е горна гранциа, под услов да не печатат повеќе.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
7
Поени од реакции
2
еееј друштво, многу убав муабет правите овде, јас барем нешто научив но ке ве замолам за информација..
..Каде можам да купам сребро со чистота 9999... и по која цена, не ми треба голема количина нешто околу 50 - 60 грами во било кој облик но мора да е 9999.. ви благодарам на сите што ке се потрудите да ми помогнете..
поздрав
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
9999 Не вервуам дека има кај нас... Стерлинг 925 е најчесто.. а има и 995 рафинирано во коцки.. Инаку за 9999 до Истанбул ке треба да одиш.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
7
Поени од реакции
2
Ма најдов 9999 и овде, имаме и ние рафинерија на благородни метали, но.... цена од 5 евра за грам - мислам дека е малку налудничаво, поготово кога споредив со цената на слична рафинерија во Загреб, ама македонче тое е изгледа..
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
James Turk - Silver in Backwardation, Set to Explode

Неодамнешното кординирано срушување на металите со цел зацврстување на доларот доведе до доста опасна ситуација за среброто. Имено одако CFTC ги зголеми маргините (минимален депозит за позиции во фјучерси) се појави разликата помеѓу цената на фјучерсите и цената на спот пазарот на физичко сребро. Ако некој прочита поназад ова го имам спомеанто како клучен момент во одмотување на клопчето.

Моментално спот цената е повисока од цената на фјучерсите односо среброто е во т.н backwardation. Последно ова се случи во Јануари 2009, кога цената за многу кратко време порасана 40% од 10 на 14 долари.

Останува да видиме што ќе се случува понатаму..
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Сребро посебно а и златото се во многу незгодна позиција може да се добие многу ама и да се изгуби многу тука се прекршува светската економија во моментов. Или ќе оди нагоре како рекета и ќе екоплодира во еден фин златен меур или ќе се дише поплека многу е тешко да се предвиди. Интересна е работата. Тешко некој дека знае што ќе биде. Ризично е доста сега да инвестира во метали. Џа или Бу ми изгледа работата на краток или среден рок. А за долгорочно можеби е ОК но мнооогу време ќе треба.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Сребро посебно а и златото се во многу незгодна позиција може да се добие многу ама и да се изгуби многу тука се прекршува светската економија во моментов. Или ќе оди нагоре како рекета и ќе екоплодира во еден фин златен меур или ќе се дише поплека многу е тешко да се предвиди. Интересна е работата. Тешко некој дека знае што ќе биде. Ризично е доста сега да инвестира во метали. Џа или Бу ми изгледа работата на краток или среден рок. А за долгорочно можеби е ОК но мнооогу време ќе треба.
За златото барем еден од најдобрите индикатори е т.н Fear Index.Се пресметува како (злато-во-фед х пазарна цена)/ м3.
Fear%20Index%20Dec%202009.jpg

Најчесто сигналите куповни/продажни се на премин на 21-месечен подвижен просек.

Инаку ова е за до 2010..

Моменталниот Fear Index можиме само да го нагаѓаме поради тоа што ФЕД прекина да дава инфомрации за М3. Со земање во предвид на компонентите на М3 можиме да пробаме да го процениме пр на таква проценка на www.shadowstats.com.. Одприлика треба да е 14 трилиони м3..
Значи САД имаат 8133.5 тони злато по тековна цена од 43 милони за тон делено на 14 трилиони м3.
Fear Index = (8133.5 x 43 000 000 ) / 14 000 000 000 000 = 2.4987 % што секако е под 50 годишниот просек од 2.6%, и далеку од балонските 9.5% во 80тите.

Интересно претпоставуваќи дека нема да се печатат повеќе пари и нема да се затегнува монетарната политика за да се достигне просекот од 2.6% цената на златото треба да достинге 44.9 мил за тон или 1396$ за унца.. Значи златото е горе-долу ефтино под оваа цена.

Ако пак видиме повторување на 1980титте кога Fear Indexot достинга 9.2% тогаш цената треба да достигне 157 мил$/тон или 4883$ за унца...

Инаку јас не верувам дека фиат монетарниот систем е воопшто одржлив од сега па натаму и со време ќе гледаме постепено развивање на недоверба и одкако ќе завршат валутните ќе почнат трговските војни.. Во еден таков свет никој нема да верува на никого... и гесс ват сите трансакции ќе мора да се порамнуваат во стока наместо во IOU's.

Инаку ако рецесијата во 2011 не почне во деривативите или доларот, и се повтори across-the-board дефлационен притисок како 2008, тогаш златото ќе падне на цена и тоа ќе биде одлична можност за купување. Ако пак се случи да нема испорака на фјучерсите или има долар-паника тогаш тоа е крај на можноста за злато по фер цени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom