Ајде набрзина,значи очигледно Србија е членка на Партнерство за мир што е чекор пред НАТО сега останува на нив дали ќе прифатат интеграција во НАТО и ЕУ се знае-цената е Косово а придобивка Членот 5 на НАТО кој и е основна причина поради која досега ниедна НАТО членка не го обрала бостанот.
Членот е јасен-Вооружен напад на една или повеќе членки ќе се смета за напад врз целиот сојуз поради тоа Сојузот и неговите членки ќе употребат Вооружена сила за да воспостават Мир и Стабилност на загрозената членка или членки.
Овој член сега засега беше активиран само за 9/11 кога од европа беа пратени АВАКСИ за да помогнат во контролата на летовите бидејќи се стравуваше дека има можност и помали до средни авиони полни со ексоплозив ќе имаат на удар рафинерии,Енергетски постројки и слично.
Зошто мислам дека србија може да си дозволи набавка.
Па согласно стапувањето на НАТО стандардите кај нив и нивната имплементација Србија ја редуцираше војската за цели 30% значи еднба третина а над 700 тенкови беа исто така надвор од игра и огромна количина оружје пред се застарено, претходно на годишно ниво се трошеа над 150 милиони евра само за одржување и ремонт а додадете и средства за плати за тие 30% и ќе ја видите заштедата.
Плус веќе во Срвбија е имплементиран и НАТО систем на обука а целта е нормално специјализација или поточно војници опремени за конкретни задачи со употреба на конкретни средства-она општо веќе замина во историјата.
Ако се согласите со мене дека Армијата на Србија можеме да ја сметаме за наследник на ЈНА па после ЈА јасно е дека е најбројна и дека количински има мнооогуу оружје, но како што напоменав третина од војската е распуштена(слично како што направи и путин од 1100 000 ги намали на 800 000), што се однесува до вооружувањето извршена е веќе поодамна селекција и тоа што е застарено е исфрлено од употреба а остана само она што е помодерно и употребливо.
Така да сега Србија е со околу 35 000-37 000 активни војници од кои над 8000 се со повисок ранк т.е офицери
Организациската структура е сменета бидејќи и кај нив се прифати слична стратегија како нашата помали добро обучени и со софистицирано вооружување и мобилни единици се поефикасни од тромава габаритна армија со застарено оружје и кадри со "општи" знаења и обука.
Е сега имаат 6 поголеми бригади а во 2008-ма беа 12 помали значи се адаптираат.
Како посебни баталјони се сметаат воената полиција има посебен баталјон за врски и НХБ.
Имајте предвид дека има и резерва така да за брзо време бројот од сегашната цифра може да биде три пати поголем а така и е планирано, е сега испофрлија многу оружје делумно и беше ризик посебно застарени миниско експлозивни средства а успешно се модернизирани мислам 5 мигови(29-ки) и некој МИГ-21 за вториве не сум сигурен, во составот на авијацијата е и класиката Орао и Галеб покрај Миговите и хеликоптерите(дел) се ремонтирани.
ПВО знаеме што им е столбот СА-3 нева и Куб првиот го собори невидливиот а вториот мислам дека е виновник за соборувањето на Ф-16 ка-впрочем тоа и беа загубите на НАТО кои е малку чудно но треба да се знае дека во рок од три месеци НАТО редовно губи минимум 2 летала посебно за време на вежби(дефекти најчесто и човечки грешки-wait for the black box) е сега интересно е што овде имавме активна кампања па не изгубија ниту едно летало од дефект туку и двете им беа соборени тие два система се столб на Српското ПВО иако со среден дострел сепак се ефикасни а невата е модифицирана и со термално наведување што значи дури и очајнички да се врши попречување на радарот со било која метода на крајот топлински ќе биде фатен а веќе близу е и....нема бегање и Ф-22 или 35 нека биде ако сака пак ќе го погоди и ќе го собори.
Остатокот од ПВО е пред се против воздушна артилерија, и рачни системи пред се стрела и Игла вториев многу фален каков ти Стингер, Мистрал, Иглата на тестовите се покажа како најотпорна и на мамци и на секој облик на избегнување и тоа на тестови вршени пред 12-13 години од швеѓаните беа одамна тоа го читав не ми текнуе.
Пешадиското вооружување ви е познато а М-21 веќе ја користат специјалците исто така и АРМ има набавено М-21 всушност горе-долу идентично ни е пешадиското вооружување.
Нешто што наиде на отпор е оставањето на србската војска со 250 тенкови(ние имаме Толку оклопни возила и 30-Т-72+30 Т55 ки ако и тие не ги стопија, мислам на оние ремонтираните) и 350 Окопни возила и посебно интересно е што Србите за тенковите конкретно ја прифатија Британската тактика или модел тенковски баталјон со по 53 тенкови групирани во 4 чети значи доаѓа еден команден и 13 тенкови потчинети.
Од тие 250 тенкови организирани по британска шема останаа мнозина М-84 мал дел Т-72 и а одтранспортерите М80А се користи.
Остатокот, мислам на поголема цира Т-55 и Т-72 веќе не важат бидејќи не се за експлоатација очигледно како резултат на оваа реформа и во Србија касарните се испразнија и бројот на објекти кои ги користи војската сега е намален за цели 50% оттука и намалени трошоци за одржување а повеќе пари за модернизирање-затоа мислам дека можат да си дозволат МИГ-29М2 но има и друга причина која лично ја сметам за многу поважна, имено Србија е единствена од Екс-Ју земјите чија воена индустрија политичарите и некои лопови не ја уништија(како кај нас Самоков 11-октртомври кој беше ДИРЕКТНО инволвиран во М-84 проектот) а згора на се и продолжуваат вложувањата во Военотехничкиот Институт така да за ова време додека ние се замараме со склопување на зоља+ имаме добро оценети панцири-купуваме Блгарски Српскиот военотехнички институт доби низа патенти и многу јака поткрепа е фактот што дури
90% од сите средства на Српската воена индустрија се од горенаведениот институт
додека снабдувањето на војската со домашно орудие е над 78%-што е предност и никакви санкции не можат да ја парализираат војската ако не зависиш од увоз на Гранати,ракети, куршуми, одржување на авиони(дури Ирачките МИГ-ови Југославија ги одржаваше и сл да не заборавиме и дека извозот им е во пораст постојано
а тоа е девизен прилив за продаден метал и ова е причина Плус поради која сметам дека србија сепак ќе си дозволи нови Авиони.
Или колку за пример од извоз на оружје имаат прилив од 500 милиони евра кој е во раст а буџетот е негде 650 милиони евра имајте предвид дека главнината од парите оди пак кај домашниот военоинустриски комплекс така да зошто да не си купат нови авиони кога Унгарија го направи тоа, Бугарија ќе го прави, Романија тука е и Хрватска-значи мора и Србија а има услови има и воздушен простор и така мали се шансите тој МИГ да се сретне со F-15 SE така да нека не се плашат пилотите