Автономаштвото во Војводина не е од вчера и датира од осумдесетите години. Раководсвото кое беше сменето од страна на Милошевиќ, беше дел од тие малечки народни револуции, кои тој ги спремаше и изведе, на Косово, во Црна Гора и во Војводина, каде што ги смени раководствата. Ова се случуваше во СФРЈ. Тие беа обвинети за автономаштво (ова е израз кој се употребуваше за оние во Војводина со републички аспирации), "им се деси народ" и напуштија позиции.
Ова го кажувам попатно. Само некој кој не ги познава овие процеси може идејата за независна Војводина, или република Војводина да ја гледа како курс ексклузивен за несрпските граѓани на оваа покраина. Али тоа е ОК, пошто повеќето од вас тука, не ни биле родени тогаш, а денес многу многу и не се интересираат за овие работи.
Огромен дел од војводинските политичари кои беа тогаш или денес се обвинувани за автономаштво, се Срби.
Но, не се плашете драги србомани, Војводина ја испушти таа шанса, откога српските (или да кажам србијанските, ако уопште некој тука знае разлика помеѓу српски и србијански) политичари почнаа активно да пушат евро-атлански курови. Или барем, како Маѓарите се обидуваат активно да седат на две столчиња. Процесите се тие. Србија иако начелно го опструира своето влегување во НАТО, сепак агилно работи на евроинтеграција и тоа значи лоши вести за автономашите*, но и за Косово (види изјава на Бајден околу формирањето на ЗСО**). Сега Западот генерално ќе ја цени кооперативноста на Србија и ќе и попушта, колку што може да си дозволи. Западот нема да си дозволи, во денешните услови, да биде целосно преклопен од Русија во Србија.
Војводина би можела единствено да чека, некои полоши времиња за Србија. Исто и за ИСИС важи ова (во Санџак, Медвеѓа, Прешево и Бујановац).
* намерно го користам овој израз, кој се употребуваше во времето на подемот на Милошевиќ
** заедница на српските општини