Спортски филмови

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Приметив дека нема ваква тема (можеби сум грешка, па ќе попијам и некој картон од Џими:)), па да видиме што и како мислите за ваквиот вид на филмови.
Прво, веројатно на сите ќе ви текне на оние смешните со бејзбол, но јас би сакал да се свртиме на тие посериозните. Има навистина многу добри спортски филмови, кои неверојатно добро доловуваат елементи како тимскиот дух, напорна работа, единство и други слични нешта.

Според мене, најдобар спортски филм кој е направен е "Remember the Titans", па затоа во овој пост ќе се фокусирам на него.



Правен според вистинска приказна, овој филм има се што би посакале од некој филм. Како прво, тука се неверојатните глумци, Дензел Вашингтон е одличен, а плус во него глуми уште еден мој фаворит - Will Patton.
Сите други споредни ликови се глумени од релативни анонимуси, но тоа не се приметува, бидејќи навистина сите улоги се изглумени до перфекција.
Приказната е најбитниот фактор, бидејќи иако се збори за Титаните, кои се рагби тим, сепак се продлабочува со теми како единство, расна дискриминација,вистинско другарство и верност.

Како што реков, има се што би посакале од еден филм. Одлична акција на теренот, реални ликови, трогателна приказна и мотивирачки дух.
Се друго што би кажал ќе биде спојлер, затоа, погледнете го ова ремек-дело најбрзо што можете.

Сега, ја оставам темата за ваши предлози и дискусии.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Remember The Titans исто така и мене ми е еден од омилените спортски филмови...други исто така добри филмови

We Are Marshall



со Matthew McConaughey и Matthew Fox ....Филмот е снимен по вистинска случка...Сите играчи и тренери се убиени во авионска несреќа на 4 Ноември 1970 год. после одигранта утакмица со East Carolina играчите и тренерите се враќаат со авион назад во West Virginia (мислам дека таму беше) тоа е една од најтрагичните случки во историјата на фудбалскиот колеџ...После случката школскиот одбор сака да направи пауза да не играат следната сезона, но на одборот јасно и е дека учениците нема да е откажат од фудбалот така лесно и дека ќе се борат за да го вратат назад....Еден од најдобрите филмови според вистински настан снимен


Gridiron Gang



филмот е снимен со Dwayne Johnson (The Rock) и X - Zibit

Во филмот е претставено дека повеќето млади луѓе прават лоши избори, убиваат, крада...па ги праќат во затвор (тоа е камп во кој се обидуваат да се поправат како личност)...Се формира фудбалски тим, во кој се обидуваат да и речат дека каде и да се биле во која банда да се биле, тоа е сега нејзин дом и мора да го почитуваат...Во затворот се среќаваат 2ца млади кој војуваат нејзинтие банди меѓусебе, кај нив се појавува омраза, бидејќи на едниот му е убиен другарот додека се шетал по улиците, но за време на натпреварите, на тренинзите, овие 2ца се зближуваат.... Се случува пукање на утакмица во кој едниот го брани другиот од својата банда да не го убијат..... Поентат ми беше дека во филмот е претставено како човек може да се промени

П.С. Незнам колку ќе сватите од тоа шо го пишав, ама не ме бива баш за давање рецензи на филмови.... има уште така добри спортски филмови како Glory Road оставам на некој друг...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
We are Marshall го имам гледано, не ми прави мерак баш нешто многу. Добар е како филм, ама далеку од калибарот на Remember the Titans.

Додека овој другиов Gridiron Gang баш ќе го пуштам да се симнува и да го погледнам. Досега го гледав Hoosiers, читав дека бил најдобар спортски филм. Ама клучниот збор - бил.
Бидејќи иако е реален, сепак го нема оној икс фактор кој ќе го направи посебен. Плус сцените се спортот и натпреварите се тиње, само рандом моменти направени да личат како пренос од утакмица.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Не е баш нешто али сепак филм каде што ги има Силверстер Сталоне, Мајкл Кејн, нацисти, фудбал и Пеле мора да се спомене. Затвореници од Германски камп играат натпревар против германскиот тим. Водени од Мајкл Кејн како тренер, Сталоне на гол и Пеле како најдобар играч затворениците играат натпревар пред преполн стадион против домашните германци. Резултатот сами најдете си го. :)
 
I

Intex

Гостин
Remember the Titans е најдобриот спортски филм. Одлично избрана актерска екипа, одлична приказна. Го имам гледано повеќе од 10 пати и никојпат не ми е досаден.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Ги имам гледано Remember the Titans и Gridiron Gang, и двата се одлични филмови. Инаку од спортските филмови најмногу ги сакам оние со рагби.:smir:

Исто така филм кој ептен ми е убав е The Replacements. Главна улога во филмот е Киану Ривс. Инаку тој е рагби играч кој ќе биде повикан да игра за рагби тим како замена за нивната најголема ѕвезда. Ви препорачувам да го симнете филмов, одличен е.

Инаку денес го гледав The Comebacks. Исто така филм со рагби, но овој повеќе е како спортска комедија.




 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Според мене најдобар спортски филм е Goal, кој има три продолженија:


Вреди да се погледнат!!!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Shaolin soccer

многу интересен филм :pos:

Поранешен шаолин монк ги собира своите 5 браќа после долгогодишно вежбање (за кршење на кичма) за со нивните супердупер martial вештини да се пријават да играат фудбал креирајки го Шаолин фудбал тимот.

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114


..wait, what?

За темава, први на ум ми паднаа Gridiron Gang (од сериозните) и The Longest Yard кој е добар за некое слободно попладне со пуканки.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.043


Прво ми текна на овој филм "Програмата" .. премногу пати изгледан ..па затоа прва мета ми е ..

Втор ..хмммм


Rudy .. убава приказна за упорноста и успехот
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
THE EXPRESS



REMEMBER THE TITANS


FRIDAY NIGHT LIGHTS


Убави спортски филмови и драми.......
 
Ј

јовица11

Гостин
Има неколку спортски драми кои навистина допреле до мене.
Не знам дали е до адреналинот кои ги даваат истите, или до нешто трето, но имам доста драги спортски филмови кои разбудиле емоции кај мене, како на пример:

Jerry Maguire


Million dollar baby


Cool runnings


Field of Dreams


The Karete Kid


Cinderella Man


Seabiscuit
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Аууууу вај го забрави
THE WORLD FASTEST INDIAN ...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Според мене најдобар спортски филм е Goal, кој има три продолженија:


Вреди да се погледнат!!!
Да се разбереме, кецот и двојката се одлични, најдобрите филмови направени за фудбалот (кои за жал ќе бидат најдобри уште 3-4 години, додека играчите претставени во нив се уште активни), но третиот дел...

Ооо третиот дел, тоа срање од филм, лош изговор од продукција, немој некој случајно да го гледал од овде, ќе изгуби саат и нешто кои ќе му го уништат животот!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom