Според УЈП просечната плата лани била 17 илјади денари

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ПОДАТОЦИТЕ НА УЈП KОНТРА СТАТИСТИKА
Просечната плата лани била 17.000 денари

Според УЈП, просечната исплатена нето-плата лани во земјава била 277 евра, а според Државниот завод за статистика просечната плата изнесувала околу 340 евра, односно 70 евра повеќе
Просечната исплатена плата во земјава лани изнесувала 17.053 денари или 277 евра - покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Според нив, месечниот просек на исплатени плати изнесувал 132 милиона евра и ако тој се подели со бројот на пријавените вработени во земјава, кој изнесува 476.293 лица, се доаѓа до бројка која за околу 70 евра или над 4.000 денари е помала од просекот што го дава Државниот завод за статистика. Според него, просечната плата во земјава лани изнесувала околу 21.000 денари или околу 340 евра, а во земјава се вработени 630.000 лица.

Интересно е дека во овие просеци и на УЈП и на Статистика влегуваат и прекувремената работа, празнични дневници, бонусите за вработените и исплатените дивиденди. Ако од просечната плата се извадат и овие надоместоци, од кои некои законски им следуваат на вработените, излегува дека просечната исплатена нето-плата во земјава е далеку помала од таа на УЈП, а многу помала од таа на Статистика. Податоците на Статистика, пак, по дејности покажуваат дека над 70 отсто од вкупно вработените се далеку од просекот од 21.000 денари месечна заработувачка. Статистичкиот просек го креваат директорските плати и стабилните плати во администрацијата.

Ниту експертите ниту институциите не може да објаснат од каде произлегуваат вакви битни разлики во бројките, кои треба да бидат основните податоци за една држава. Институциите се правдаат дека користат разна методологија, но ако се разгледаат методологиите, тие се приближно исти. Така бројките на УЈП покажуваат колку вкупно лица во земјава се легално вработени и им се исплатени плати и придонеси, а во просечните годишни пресеци е земен просекот од сите месеци во годината, како и масата на плати за одреден број вработени, која е исплатена со задоцнување. Тука влегува нето-износот на исплатена плата, во кој се вклучени и празнични дневници, бонуси и слично, а влегуваат и лицата вработени преку агенции за привремени вработувања. Приближно истите методи ги користи и Државниот завод за статистика. Kај нив влегуваат исто так и привремено вработените на неколку месеци.

- Податоците за просечната исплатена месечна нето-плата се од редовното месечно статистичко истражување, со кое се опфатени 70 отсто од вработените во секој оддел од Националната класификација на дејностите. Со истражувањето се опфатени сите вработени кои засновале работен однос (на определено или на неопределено време). Во истражувањето не се опфаќаат лицата што самостојно вршат дејност-професија и лицата што работат кај нив и индивидуалните земјоделци - објаснуваат од Државниот завод за статистика.

Во податоците за просечната исплатена нето-плата по вработен, освен редовните, вклучени се и заостанатите исплати таму каде што вработените нередовно примаат плата.

- Вкупно исплатените нето-плати опфаќаат исплатени нето-плати за извештајниот месец за работа во полно работно време, прекувремена работа, надоместоци на нето-платата од средствата на деловниот субјект за годишен одмор, државни празници, платено отсуство до седум дена, платено отсуство за стручно образование, за боледување до 21 ден, како и по основа на распределба на добивка, без оглед на тоа на кој период се однесуваат, потоа надоместоци на нето-платата на товар на други работодавци за време поминато на вежба по покана на надлежен државен орган, цивилна заштита и слично - објаснуваат од Статистика.

Бонусите го скокнаа просекот во телекомуникациите
Просечната плата на вработен во дејноста телекомуникации за една година пораснала за 700 евра, а за еден месец пораснала на речиси 500 евра, потврдуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика. Според нивната евиденција, просечната плата во оваа дејност за март годинава изнесува 83.479 (1.355 евра), а просекот за трите месеци годинава во таа дејност изнесува 57.654 денари. Причина за фантастичниот раст на просечната плата во дејноста телекомуникации лежи во методологијата на Статистика, според која, во овој просек влегуваат и исплатените дивиденди и бонусите.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Сестра ми 7.500 приватно, татко ми 12.000 државно. riiiight
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Сестра ми 7.500 приватно, татко ми 12.000 државно. riiiight
Види, ова се просеци, лично знам десетина луѓе кои земаат под 12.000 (еден од нив работи само за 3.000 во чевлара), ама знам и неколкумина со плати над 5-600 евра.

Оваа бројка од 17.000 е многу пореална од 21.000 на завод за статистика. Ако се одземат и другите лични приходи ќе се добие бројка од 15.000 што според мене е реалниот просек.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Види, ова се просеци, лично знам десетина луѓе кои земаат под 12.000 (еден од нив работи само за 3.000 во чевлара), ама знам и неколкумина со плати над 5-600 евра.

Оваа бројка од 17.000 е многу пореална од 21.000 на завод за статистика. Ако се одземат и другите лични приходи ќе се добие бројка од 15.000 што според мене е реалниот просек.
Па за мене и ова е реално, 17к, за Скопје. За цела држава не фазла од 13-14к.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Во Скопје немој да мислите дека сите зимаат над 14к :) Во Фабриката Раде кончар зима чистачката 8.500 денари а другите просечни работници зимаат од 9.500 денари а во кафичите повеќето дневница со се јадење и превоз е околу 400 - 450 денари или пак од 12.000 до 13.500 по интернет кафињата низ Скопје стандард дневница од 300 ден во кое и јадењето и превозот или пак 9.000 денари... Шоферите во Слобода превоз дневница и е од 600 до 800 денари во зависност на која линија возачот вози или пак од 18.000 до 24.000 денари. Плата на пумпашите во Макптерол на плин изнесува од 25.000 до 30.000 денари еве накратко ви дадов примери вистински кои знам личности кои работат во овие фирми
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Па за мене и ова е реално, 17к, за Скопје. За цела држава не фазла од 13-14к.
А колку е макијатото а колку еспресото во прилеп?Биди искрен стварно немам престава во источна македонија сум бил знам отприлика како се движат цените.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
А колку е макијатото а колку еспресото во прилеп?Биди искрен стварно немам престава во источна македонија сум бил знам отприлика како се движат цените.
Ако одиме по таа логика, прашај го колку е литро бензин или киловатчас струја во Прилеп.
Стварно некои работи се поефтини во внатрешноста, ама егзистенцијалните се речиси иста цена како во Скопје.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Еден многу добро рече: Да ти се плукнам во државата во која крвниот притисок ти е повисок од платата.
 

corba666

Аполитичен промакедонски
Член од
3 април 2008
Мислења
266
Поени од реакции
55
Еден многу добро рече: Да ти се плукнам во државата во која крвниот притисок ти е повисок од платата.
Мене ми е 120 со 80 :D стално и не плаќам персоналец на него :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Некој изгледа не знае што значи зборот "просек". Не се зборува за најниска или највисока плата, туку баланс меѓу тие две бројки. Некој работи за 9к, друг работи за 30к. Извади ја средината на тие две и ја добиваш нивната бројка.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Некој изгледа не знае што значи зборот "просек". Не се зборува за најниска или највисока плата, туку баланс меѓу тие две бројки. Некој работи за 9к, друг работи за 30к. Извади ја средината на тие две и ја добиваш нивната бројка.
многу појче од тие работа за 9к одколку за 30к, ама просеко го крева енормните плати на генерални директори на јаките фирми кои земаат и по 10-20к евра. не се многу ваквите ама и да се 100тина, доволно е да се дај нереална слика на просечната плата.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ами сеа, никој не рече дека состојбата е идеална. Не знам дали некогаш си имал прилика да работиш на интернет, пример на oDesk. Пример, имаш проекти за дизајн на семејна куќа во 3Д, сосе мебел и сите аршини. Реална цена е околу 500еу, ама ти доаѓа некој Индиец и му дава понуда на клиентот да го изработи истото за 100 евра. Ај конкурирај му сеа гром да го утепа...

Значи секаде има такви случаи ама ако не ти се свиѓа платата бе бачко, ќе си инвестираш на обука и ќе станеш поконкурентен кадар на пазарот, па ќе земеш поголема плата. Најголем проблем кај нашиот народ е што ќе најде работа за 12к и после страв му е да зуцне, да направи некој прогрес. Нели, успева да крпи крај со крај и тоа му е доволно, не се обидува да се унапреди. Не оди тоа така.. Треба константно човек да инвестира во себеси. Чичко ми (така ли се викаше брат на татко ми?) на своја 43-та година сега иде во некакво си специјализирано училиште на обука за тие големи виљушкари, во Германија. Сам си ја плаќа обуката со цел да добие подобра позиција во фирмата. Не знам зошто толку малку луѓе во МК го прават тоа, но наместо да се троши време на мрчење можеби е подобро да се потроши на нешто продуктивно.
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Да да они прават статистики вклучувајки и ненормални плати на државни службеници(пр.радиодифузија 90 илјади месечна плата,министри, регулаторни, курци, палци). Колку само нереални бројки тоа чудо е!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Избегнат сериозен инцидент меѓу инспектори на УЈП и прилепски дуќанџии

07.06.2012 - 16:06 |
Седумчлена група инспектори од УЈП од повеќе градови во државава, кои врешеле конторли низ прилепските дуќани, денеска, за малку избегнала сериозен инцидент со подолго време револтираните дуќанџии.

По пријава на инспекторите, интервенирала Полицијата, која го спречила инцидентот, а инспекторите ги повлекла од критичното место.
Неофицијално, еден сопственик на дуќан, бил однесен на информативен разговор во прилепската ПС.
Дуќанџиите од прилепската чаршија, кои од разбирливи причини не скаат да зборуваат во камера, велат дека подолго време условите за работа во чаршијата се речиси невозможни, најмногу заради, во поседниве месеци пречестите контроли на инспекторите и превисоките казни, кои многу пати, како што велат трговците, неосновано ги изрекувале.
Од СВР Битола, до овој момент немаа информација за настанот. Инаку, ова не е прв случај на изразување револт на прилепските трговци.
Минатата недела со пивско шише беше нападнат иснспектор од страна на угостител чиј објект бил предмет на контрола на инспекциските служби.
За наредната недела, прилепските трговци најавија масовен протест.

http://daily.mk/izbegnat-seriozen-incident-megju-inspektori-na-ujp-i-prilepski-dukjandzii?forward=1333402
 

Kajgana Shop

На врв Bottom