Сподели Wi-Fi за Android е апликација за сите Wi-Fi точки во Скопје

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Сподели Wi-Fi е идеја која што се роди при една дискусија во хаклабот КИКА за тоа дека би било кул да имаме апликација која што ќе служи како еден вид обележувач на пристапни точки за Wi-Fi низ Скопје за да не мора секој пат кога ќе одиме во некој кафич или ресторан да го бараме клучот за Wi-Fi од вработените. Наместо да го правиме тоа да имаме база на веќе претходно внесени клучеви која што ќе се синхронизира со копија на интернет преку мини апликација за Android. Бидејќи се работи за јавни Wi-Fi точки, објавувањето на овие информации на интернет не би требало да претставува никаков проблем за никого.
Благодарение на Бојан Илиевски, уште неколку дена по муабетот излезе првата верзија на Сподели Wi-Fi. Апликацијата е објавена на Android Market.
Апликацијата функционира на следнив начин:
  • Седнувате во ресторан;
  • Ја стартувате апликацијата и веднаш добивате листа на сите пристапни точки во близина заедно со нивните клучеви;
  • Кликнувате на името на пристапната точка и апликацијата автоматски ве поврзува на таа Wi-Fi точка;
Едноставно и корисно. Се што треба да направите вие доколку сте врзани на некоја точка што сѐ уште не е додадена е да ја додадете и истата ќе им биде достапна на сите што ќе дојдат после вас.

Апликацијата нормално е слободен софтвер и е објавена под GPLv3. Можете да придонесете со додавање на некоја опција доколку сте програмер, со пријавување на баг ако сте корисник или едноставно преку користење на апликацијата и додавање на што е можно повеќе Wi-Fi точки.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на github:
Багови можете да пријавувате на:
Преземање:
(текстот е споделен од Арангел Ангов од Слободен софтвер Македонија)

Ајде дечки симнете ја апликацијата додајте по некој Wifi на кој му ја знаете лозинката па да имаме бесплатен интернет низ цело Скопје ;)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ја имам од пред некое време и да прашам, гледам на некои локации во градов каде што имаат вифи, го имаат променето пасвордот. Е сега јас знам кои им се новите пасворди, но меѓутоа како да им направам едит во апликацијата? Глупо ќе биде поново внесување на секое, прегледност никаква.
 
Г

Грејвдигер

Гостин

- За додавање на нов хотспот во базата, кликнете на копчето "Add New". Ако сте конектирани на некој хотспот, полињата за име и MAC адреса на хотспотот ќе бидат автоматски пополнети. Додадете ја лозинката и кликнете на "Save".

Најверојатно ист е процесот на менување на лозинката.
За сигурно ќе му пишам на Боки, па ќе пренесам на форумов. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ајде, зошто глупо ќе биде на пример кафе Лајт и еднаш им бил пасвордот тоалетхартија и некој го внел ко таков. Сега го промениле во четказавц и сакам да го променам и јас па да не можам да го променам туку да морам да додавам нов хотспот под исто име. :)
 
Му пишав. Инаку најверојатно така е, па тоа што ти си го внела ќе се презапише врз претходниот. Шо знам... да почекаме да ми одговори, па ќе пишам за сигурно.
 
P

Princ

Гостин
Ајде, зошто глупо ќе биде на пример кафе Лајт и еднаш им бил пасвордот тоалетхартија и некој го внел ко таков. Сега го промениле во четказавц и сакам да го променам и јас па да не можам да го променам туку да морам да додавам нов хотспот под исто име. :)
Од друга страна ќе биде глупо ако туку-така се едитираат веќе внесени АП. Јас за инает сите ќе ги едитирам и ќе ставам пасс најголеммиемеракот.
Убаво е со add new, само треба некако да се верифицира податокот пред да се апдејтира јавно.
 
Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Ајде, зошто глупо ќе биде на пример кафе Лајт и еднаш им бил пасвордот тоалетхартија и некој го внел ко таков. Сега го промениле во четказавц и сакам да го променам и јас па да не можам да го променам туку да морам да додавам нов хотспот под исто име. :)
cetkazawc........HAHAHAHA,stomak me zdobole od smeenje aman vise.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ајде, зошто глупо ќе биде на пример кафе Лајт и еднаш им бил пасвордот тоалетхартија и некој го внел ко таков. Сега го промениле во четказавц и сакам да го променам и јас па да не можам да го променам туку да морам да додавам нов хотспот под исто име. :)
Ќе треба наново да го внесеш. А имало и некоја верзија од Медо Димовски, ама била развивана во .NET и не знаел како функционирала.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Зошто Скопје, функционира во другите градови ? :) И така секојдневно користам андроид :) ?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Зошто Скопје, функционира во другите градови ? :) И така секојдневно користам андроид :) ?
Зошто Скопје? Зашто на луѓе од Скопје им текнало. Да им текнало на луѓе од Ресен, за Ресен ќе имаше. Милион вакви коментари сум прочитал и стварно ми е преку таквото со ова како ние од Скопје само за нас си правиме блаблабла kill me God, oh please.
А мислам дека не е проблем да си додаваш hotspots и од други градови, не е ограничено само на СК. Соберете се од другите градови и собирајте пасворди...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Зошто Скопје, функционира во другите градови ? :) И така секојдневно користам андроид :) ?
Прошетај низ твојот град, додади ги сите хотспот точки и чао пријатно. Што ја тупиш толку :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom