Со трпелива работа до остварување на сонот?

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.616
Зимата 1955 година невиден снег ја завеал покојна Југославија, блокирајќи ги сите патишта. Во тоа време, во Загреб благодарение на играта на судбината се нашла и Злата Бартл (на сликата), која работела како професорка во средно училиште во Сараево. Заради завеаните патишта, долго време не можела да се врати во родното Сараево.

Не сакајќи така да го губи времето се обидела да најде работа во Загреб. Се пријавила на оглас за хемиски техничар во „Подравка” и била примена.

Со текот на времето напредувала и веќе следната година отишла во Копривница со цел да започне да работи во тамошниот истражувачки центар на Подравка. Во 1959 година смислила и направила зачин кој до тогаш не постојал. Го нарекле „Вегета 40“, а подоцна името е променето само во Вегета.

Во тоа време, живеела во скромната фабрика во Копривница заедно со колегите, делејќи со нив по еден оброк дневно. Улиците биле каливи и градот бил неразвиен. Целата приказна била тешка импровизација до толку што краевите на амбалажните ќеси се лепеле со пегли кои биле позајмувани од жени од околните куќи.

Вегета, преку ноќ станала убер популарна низ цела Југославија, а подоцна почнала да се шири и низ околните држави. Денес Вегета се продава во преку 40 земји низ светот (на сите континенти).

Благодарение на Злата и нејзиниот изум, Подравка станала глобална компанија, а сиромашниот град Копривница процветал. Дури преку 50 компании ширум светот се обиделе да го ископираат овој зачин во некоја нивна верзија.

Злата, во раната младост имала љубов која никогаш не ја преболела и подоцна никогаш не се омажила. Наместо тоа се посветила на научната работа.

„Целиот живот сонував да создадам нешто што ќе биде корисно. Сакав многу да учам, читам и да проучувам работи кои не беа во мој домен, па по цена и на непроспиени ноќи“.

Кога била приватизацијата на Подравка, Злата веќе била во пензија. Челниците и се обратиле со цел да ја прашаат да не и треба нешто. Рекла дека нема потреба.

Злата умрела 2008 година во 88-та година од животот.

Денес постои фондација „Злата Бартл“ која секоја година дава истоимени стипендии на најталентираните студенти за подршка на научно-истражувачката работа.

Тоа е приказната на тетка Вегета. Одма уште од старт да се дистанцирам од некоја намерна маркетинг кампања на Подравка. Знам дека по малку звучи ко владина реклама, но мене некако ме фасцинираше приказната на оваа жена. Уствари, од шо сум слушал и од шо сум читал секогаш ме фасцинирал целиот тој ентузијазам кој го поседувале луѓето после војната. Писмени едвај да имало, а камо ли пак некој со повисоко образование, но имале многу волја, елан, желба... Па дури и за без пари! Денес, некако се гушиме во дипломи, сертификати, електронски помагала и се пооскудни сме во знаењата, а општеството никогаш не ни било по стерилно.

Па и друго. Малава ја завеало снег и го оставила професорското место, за да работи како хемиски техничар.:confused:

Денес, хемиските техничари ќе завршат приватен факултет и одма се стројат во редот за чекање професорско место.

Денес, е побитно да се има звање менаџер, макар и за помала плата, отколку звање работник за поголема плата и можност за учење и напредување.

Денес, сакаме инстант успех. Одма, сега и веднаш. Без одложување.

Но...

Колку е реална приказнава на тетка Злата во денешно време покрај сите партиски книшки и врски?

Дали денес, навистина е можно човек со трпелива работа да стигне до остварување на сонот? Да почнеш од дното, постепено да напредуваш и да стигнеш до врвот? Не е тоа премногу романтично за денешно време?

Нели е поверојатно дека на тој пат многупати ќе се најдеш сопнат, згазен или уништен за да се исфорсираат нечии партиски потрчковци? Дали доколку денес би се одвивала приказната на тетка Злата, нејзините заслуги не би биле маргинализирани, за да се возвиши нечие мамино синче?

Колку вреди денес да се жртвува човек за науката? Дали може да очекува валоризација на трудот?


П.с Стварно е небитно што мислите за Вегета и дали ги исполнува вашите стандарди за здрава исхрана.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.359
Поени од реакции
4.197
@Forrest Gump
Колку вреди денес да се жртвува човек за науката? Дали може да очекува валоризација на трудот?

Пошто се останато беше некако вовед на ова, ќе ти одговорам со реформулирање на постојното прашање.

Дали ако човек го вложи сето свое време и труд во она што сака да го работи т.е својот сон(еве во овој случај науката) тоа е жртва?(или со други зборови изгубено време)
Дали е можно и покрај сиот вложен напор и труд да не се постигне ништо?


П.С Една работа е успех, а сосем нешто друго признание на успехот. Пример Хигс и бозонот или Тесла и бројните придонеси за човештвото. Можеби грешам, но мислам дека на луѓе како нив не им било многу битно што мислат другите за нив се додека можеле да си го работат она што ги исполнувало.
 
T

templar55

Гостин
@Forrest Gump
Колку вреди денес да се жртвува човек за науката? Дали може да очекува валоризација на трудот?

Пошто се останато беше некако вовед на ова, ќе ти одговорам со реформулирање на постојното прашање.

Дали ако човек го вложи сето свое време и труд во она што сака да го работи т.е својот сон(еве во овој случај науката) тоа е жртва?(или со други зборови изгубено време)
Дали е можно и покрај сиот вложен напор и труд да не се постигне ништо?


П.С Една работа е успех, а сосем нешто друго признание на успехот. Пример Хигс и бозонот или Тесла и бројните придонеси за човештвото. Можеби грешам, но мислам дека на луѓе како нив не им било многу битно што мислат другите за нив се додека можеле да си го работат она што ги исполнувало.
Измешани ти се малку поимите. Луѓето кои што се жртуваат за науката не очекуваат валоризација на труд. Обично голем број од нив ( успешните ) твореле само за напредок на општеството и ништо повеќе. И самиот наведе неколку имиња кои се чист пример за тоа. Тоа не се бизнисмени, тоа се само луѓе кои се жртвувале за човечкиот род.
И да, вреди да се биде жртва за наука затоа што човекот не е научен да стагнира туку да напредува.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.825
Поени од реакции
5.091
Не открила ништо ново старава, во Јапонија истово го знаеле од 1913.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.359
Поени од реакции
4.197
Измешани ти се малку поимите. Луѓето кои што се жртуваат за науката не очекуваат валоризација на труд. Обично голем број од нив ( успешните ) твореле само за напредок на општеството и ништо повеќе. И самиот наведе неколку имиња кои се чист пример за тоа. Тоа не се бизнисмени, тоа се само луѓе кои се жртвувале за човечкиот род.
И да, вреди да се биде жртва за наука затоа што човекот не е научен да стагнира туку да напредува.
Не знам за кои поими сметаш дека ми се измешани. Јас во кратки црти сакав само да кажам дека за нив целата таа работа и посветеност не е жртва.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Науката е различно третирана порано и сега. Некогаш научниците биле третирани како лудаци а не луѓе што можат да го променат светот. Научниците во тој период имале само една цел да докажат дека нивните идеи не се лудост туку реалност. Нивниот пронајдок не им носел никакво богатство, е тоа е жртвување за науката. Денес е сосема подруга ситуацијата, оној научник што ќе си го наплати својот изум обезбедува богатство за неколку поколенија, е тоа не е жртвување за науката тоа е создавање на богатсво кое нормално бара откажување од многу работи.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.240
Поени од реакции
536
не ми е јасно ... во 1955 година имало толкав снег што не можело да се исчисти? ништо не функционирало тогаш? нешто малку веројатно ми е ова ... и колку време било непроодно ... една година? веројатно максимум месец ... нешто не штима ...
 
R

Rigel Kent

Гостин
Prije pola stoljeća, u doba kad je rođena Vegeta, univerzalni dodatak jelima, još su se vukli repovi ratne neimaštine: koprivničke ulice bile su blatnjave, a Podravkine zgrade ni nalik današnjim funkcionalnim i elegantnim arhitektonskim rješenjima. S kolegama je Zlata Bartl, koja se 1956. iz rodnog Sarajeva doselila u Koprivnicu, jer je tu dobila posao, dijelila jedan obrok dnevno, no to je bilo sretno razdoblje njezinoga života – nakon preživjelih strahota: rata, smrti zaručnika, zatvora u kojem je završila kao žrtva političke klime onog doba, bolesti…

Bilo je dovoljno da joj prijateljica iz Francuske donese juhu iz vrećice, revolucionarni “izum” koji će ženama promijeniti život, pa da Zlatina mašta uzavri: najsuvremenije tehnologije dehidriranja i pakiranja spojiti s okusima iz djetinjstva.

http://www.gloria.hr/vijesti/price/pamtim-samo-sretne-dane/
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
6.149
Поени од реакции
13.379
Филозофијата и практиката на тоа општество била многу подобра за разлика од овие 6 општества што ги имаме сега по западни ЕУ теркови ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom