Прва непозната личност од форумов, која од вчера всушност ми стана позната е
leandra. Срцка бе, си ја изгушкав и просто не ми се веруваше дека после толку планови да се видиме, вчера успеав да ја запознаам.
Премногу ми е мило што си ја запознав и
walker_girl. И со неа се договаравме одамна, па се некако обврски ни излегуваа и вчера конечно ја видов и неа.
Се поздравив со
Мистичен затоа што претходно кога и да го видев малку страв ми беше
Џиш го запознав и многу ми беше мило што дојде на собиранкава. Доста расположен беше
Borg_Drone - мнооооогу бев пријатно изненаден и од неговата појава (и јас очекував малку постар човек) ама и од тоа колку беше опуштен за муабет
ултра_вк! - Ни на крај памет не го замислував така, ама ми се допадна тоа што беше многу комуникативен и видно расположен
Се запознав и со
Лејди Сатори, што одамна ми беше желба.
La Española ми остави многу позитивен впечаток затоа што цело време играше и беше расположена, иако се поздравивме и разменивме 2-3 реченици само.
sexilicious007 беше дефинитивно една од најрасположените личности вчера со која ми беше задоволство да играм на подиум и секако бев среќен што ја запознав после пропуштената шанса во бариста
Lord_DragonII - со дечково само се поздравив, се надевам во следна прилика ќе сврземе и по некоја реченица
Криво ми е со
PoolGirl само што се поздравив и што не застанав да направам бар малку муабет со неа и
Пчелка (ја знаев Пчелка и пред тоа, ама сепак...)
Lady_Croft ја препознав од сликите и отидов се поздравив со неа.
Мислам дека толку беа, јез да знам дека има уште најмалку 5-6 на кои навистина не успеав да им ги слушнам никовите.